Author: Sashko

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го посети неодамна ослободениот град Изјум во областа Харков, за агенцијата „Укринформ“ известил прес секретарот на претседателот, Серхи Никифоров. Според портпаролот, додека бил во Изјум, Зеленски учествувал на церемонијата на подигнување на украинското национално знаме и им честитал на ослободителите. Во исто време, 25-та одделна воздушнодесантна бригада Сичеслав на Фејсбук напиша дека на претседателот на прославите по повод веењето на украинското знаме во Изјум му се придружиле заменик-министерката за одбрана Хана Малиар, командантите на армијата и другите сили чии единици учествувале во ослободување на градот од руските освојувачи. „Настанот започна со почит на присутните со моментот на…

Read More

Доаѓа сериозно тежок период и сите ќе мора да штедиме, порача Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во гостување во „Студио 10“ на ТВ 24. „Гледам дека во јавноста кога се пренесува веста дека во одредени земји препорачуваат да се тушираат кратко – ние се шегуваме, но верувајте ѓаволот ја однесе шегата. Мора да се штеди. Состојбата е тешка, ќе има проблеми во Европа, ние треба да сме подготвени на се. Мора да се мобилизираат сите ресурси. Франција од извозно ориентирана земја, стана увозно зависна на електрична енергија затоа што затвори нуклеарни централи“, рече Бислимоски. Причина за…

Read More

Недостигот на млеко во последниве денови во Србија ги натера жителите на Врање уште еднаш да ја искористат близината на граничниот премин со Северна Македонија, па некои, како што пред поскапувањето полнеа таму гориво, сега одат да купуваат млеко. Млекото е поскапо за десет динари (пет денари), но, како што велат, го има доволно во маркетите. Како што пишува белградската „Нова.рс“, свежо млеко сè уште нема и во најснабдените маркети во Врање, нема ниту стерилизирани млеко, само повремено на некои маркети може да се најде пакување, кое, како што велат продавачите, „набрзина се разграбува“. „Луѓето прават залихи, зашто неколку пати…

Read More

Уставниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе расправа за претходно поднесената иницијатива од страна на Стопанската комора на Северна Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела“. „Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде кој било друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 проценти за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите“, велат од Уставен суд. Содржани се…

Read More

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека иницијативата е во сoгласност со чл. 24 од Законот за референдум и порачаа дека Џафери нема основа да ја отфрли, додека од владејачката СДСМ ја поддржаа одлуката на Џафери поради тоа што и тие ја сметаат…

Read More

Министерството за одбрана (МО) денеска го објави Јавниот оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата на Северна Македонија. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена, вклучувајќи го и денот на објава. „Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе земаат почетна плата над 25.000 денари со дополнителни над 9.000 денари – средства  за станбено обезбедување од 01.01.2023 година“, појаснуваат од МО. Условите за пријавување се лицата да бидат државјани на Северна Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено најмалку средно образование; да не се постари…

Read More

Во Министерството за надворешни работи (МНР) во Скопје утрово почна средбата на членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Бугарските историчари, предводени од шефот на тимот копретседавачот Ангел Димитров, по пристигнувањето пред МНР не сакаа да дадат изјави за медиумите за темите и текот на денешната средба. Во најавата за дводневната средба, МНР вчера соопшти дека за нов член на Комисијата е назначен Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја – Скопје. Именувањето, како што наведуваат, е согласно со неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветно покривање…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Среде крвава војна во Европа, рекомпонирање на мапата на светски сили и влијанија, милиони раселени луѓе и бегалци, глобални кризи и климатски промени, глад и милитаризација на светот, мора да се носат брзи и храбри одлуки. И секоја одлука, колку и да е навремена, не може да биде најдобрата, бидејќи состојбите се менуваат со секавична брзина. А доцнењето може да биде погубно. Избрзаноста, уште повеќе. Ова е доба кога секоја, дури и навидум наивната, политичка изјава или постапка, може да има далекусежни позитивни ефекти или тешки последици – зависно од мотивот и целта или од приемот на „објективната“…

Read More

Пишува: Милица Ковачевиќ, програмска директорка на Центарот за демократска транзиција Кога во 2014 година стана јасно дека во наредниот петгодишен мандат на Европската комисија (ЕК) нема да има проширување на Европската унија (ЕУ), започнат беше Берлинскиот процес (БП), платформа која, на високо ниво, ги собра земјите од Западен Балкан (ЗБ) и неколку држави од ЕУ, на чело со Германија. Како клучни цели на оваа иницијатива прокламирани се решавање на отворените билатерални и внатрешни прашања, постигнување на помирување во и меѓу општествата, јакнење на регионалната економска соработка и поставување темели за одржив раст. Тие, секако, би се остварувале со почитување на…

Read More

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со премиерот Димитар Ковачевски истакнал дека Грција е подготвена да ја поддржи Северна Македонија во овие тешки времиња и може да придонесе во диверзификација на енергетските извори и зајакнување на поврзаноста, информираат од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, двајцата лидери ја потврдиле нивната волја за продлабочување на билатералните односи, а акцентот бил ставен на енергетската криза. „Двајцата лидери разговараа за перспективите на повеќестепената соработка во енергетската област, особено во инфраструктурата, како и за потребата за диверзификација на енергетските извори и зајакнување на поврзаноста. Премиерот истакна дека Грција…

Read More

Група руски функционери апелираа до Државната дума на земјата да го отстрани претседателот Владимир Путин од власт под обвинение за велепредавство, открива документот што го сподели еден од руските пратеници кои го потпишаа предлогот, пренесува „Њузвик“. Во твитот објавен во средата од Никита Јурефев, општински заменик за Смолнинское во Санкт Петербург, стои дека Советот на општинскиот округ Смолнинское „испратил предлог до Државната дума со барање да се отстрани Путин од функцијата врз основа на обвиненијата за велепредавство“. Обвинението за предавство се чини дека е директно поврзано со целосната инвазија на Украина, која во Русија сè уште се нарекува „специјална воена операција“…

Read More

Министерството за правда ги заплени телефоните на двајца соработници на Доналд Трамп и издаде околу 40 судски покани во значителна ескалација на истрагата од 6 јануари, која ги испитува напорите на поранешниот претседател да ги поништи изборите во 2020 година, рекоа вчера луѓе запознаени со истрагата, пренесува „Њујорк тајмс“. Федералните агенти со судски овластени налози за претрес минатата недела ги одземаа телефоните  од најмалку две лица: Борис Епштејн, внатрешен советник кој помага во координирањето на правните напори на Трамп и Мајк Роман, стратег на кампањата, кој истовремено беше директор на операциите на денот на изборите за Кампањата на Трамп во 2020…

Read More