Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Велика Британија и Ирска поднесоа заедничка кандидатура за организација на Европското фудбалско првенство во 2028 година. Пет асоцијации потврдија дека поднеле заедничка кандидатура во УЕФА за домаќини на турнирот. „Преку ова уникатно партнерство ги преземаме следните чекори, а нашата цел е да бидеме успешни домаќини на Европското првенство, што ќе биде голема фудбалска прослава за навивачите и за тимовите. Веруваме дека ЕП 2028 ќе биде еден од најголемите спортски настани што некогаш се одржале во Велика Британија и Ирска“, се вели во заедничката изјава.
Северноатлантската Алијанса денеска излезе со првична проценка дека во војната во Украина досега се убиени меѓу 7.000 и 15.000 руски војници. Русија претрпе меѓу 30.000 и 40.000 загуби во персонал, бројка која вклучува жртви, исчезнати, повредени и заробени војници. Ова е прва јавна оценка на НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина. Анонимен функционер на НАТО, кој ги презентира податоците, изјави дека проценката е комбинација на податоци од украинската Влада, индиции од Русија и информации од терен. Американската Влада, од друга страна, одбива да објави проценки, наведувајќи дека досега достапните информации не се веродостојни.
Цената на нафтата на меѓународните пазари денеска достигна 122 долара за барел и поттикната е од прекинот на извоз на руска и казахстанска нафта преку каспискиот нафтовод. Барел нафта на лондонската берза се продаваше за 6.35 долари повеќе во однос на вчерашниот ден и достигна 121,8 долари. На американскиот пазар, пак, барел нафта денеска се тргуваше по цена од 115 долари или 5,72 долари повеќе од претходниот ден. Пазарите ги размрда предупредувањето на Русија дека пореди оштетувањето на каспискиот нафтовод СПС, нејзиниот извоз на нафта ќе биде намален до милион барели на ден, што одговaра на еден процент од светското…
Белорусија соопшти дека ги протерува украинските дипломати и го затвора конзулатот на земјата. Министерството за надворешни работи на Белорусија не прецизира колку дипломати ќе мора да ја напуштат земјата, но нагласи дека може да останат најмногу пет. „Целта на таквиот потег е „ставање крај на недипломатските активности на неколку вработени во украинската мисија“, наведе Министерството. Белорусија ѝ дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за распоредување на трупи кои од таму ја нападнаа Украина. Полска претходно објави дека протерува 45 руски дипломати и нивни соработници.
„Нашиот град е речиси опколен. Имаме еден излез до Полтава низ кој заминуваат жените и децата и се доставува медицинска помош“, рече Андреј Баранов, член на градскиот Совет на Суми, град на североистокот на Украина. Тој додаде оти во градот се останати околу 100.000 жители. Во градот, според Баранов, има недостиг на медицинска опрема и гориво и нагласи дека Украина може да го држи Суми уште три до четири недели. „Страшно нѝ е потребна зона на забранети летови“, истакна Баранов. Баранов истакна дека ситуација во Суми не е ни блиску лоша како во Мариупол, пристаништен град на југоистокот на Украина…
Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен во Европскиот парламент најави дека утре ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден за да обезбеди снабдување со течен гас на Европа во наредните две зими. „Утре ќе разговарам со претседателот Бајден за тоа како да се даде приоритет на снабдувањето со течен природен гас од САД за Европската Унија во наредните месеци“, рече Фон дер Лајен на пленарната седница на ЕП. Таа додаде дека целта на ЕУ е да се добијат гаранции за дополнителни снабдувања за следните две зими, нагласувајќи дека енергетската политика е, исто така, и безбедносна политика. Фон…
Во Киев за време на руската инвазија врз Украина загинаа 264 цивили, меѓу кои и деца, изјави денеска градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко. Тој истакна дека борби се водат во Лутиж, село на 30 километри од Киев, и дека украинската армија ја вратила контролата врз областите северозападно и североисточно од главиот град, вклучувајќи го и поголемиот дел од Ирпин. „Украина ја врати контролата врз западниот град Макаров“, тврди киевскиот градоначалник.
(Видео) Њу Орлеанс изложен на силно торнадо: Најмалку едно лице загина, уништени се куќи и далноводи
Спасувачките екипи ги пребараа урнатините во Њу Орлеанс во текот на ноќта, откако градот беше изложен на силно торнадо, при што загина најмалку едно лице, а уништени се куќи и далноводи. Силното торнадо уништи згради и преврте голем број возила во областа Араби. Шерифот на округот, Џејмс Полман изјави дека неколку луѓе се повредени, а едно лице го загубило животот. „Штом малку ја расчистиме областа, ќе испратиме повеќе луѓе да ја пребаруваат“, рече тој пред новинарите, додавајќи дека противпожарните екипи спасиле неколку блокирани луѓе. Весникот „Вашингтон пост“ објави дека жртва на торнадото е 26-годишно момче кое спасувачите го пронашле пред…
На Економско-социјалниот совет не е постигнат договор за усогласување на останатите плати со минималната плата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати веќе најавија протест за 30 март пред Собранието и пред Владата и можност за радикализирање на идните чекори. Од Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК) велат дека ќе дадат поддршка на протестот на КСС, а најавија генерален штрајк во образованието во април. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, по состанокот во Владата, изјави дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства треба да продолжи на ниво на секое министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост и доколку е…
Претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Шарл Мишел денеска пред Европскиот парламент изјави дека одговорните за злосторствата извршени во Украина, која Русија ја нападна пред еден месец, ќе се соочат со „меѓународната правда“. „Русија е одговорна за оваа војна. Русија и само таа. Напади врз цивилно население, врз жени, врз деца, сето тоа се злосторства и одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Тоа во никој случај нема да остане неказнето“, истакна Мишел, обраќајќи им се на европратениците на пленарната седница во Брисел. „Притисоците кои произлегуваат од војната во Украина ги покажаа силните страни, но и слабостите на Европската…
Владата на СДСМ е на чекор од исполнување на едно од најважните предизборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари, напиша денеска премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук-профил. Според него, мерките за раст на плати и добрите економски политки, овозможија платите континуирано да растат и во услови на двегодишна пандемија. „Остануваме посветени на растот на приходите и поддршка на сите граѓани. Покрај платите, растат и пензиите, а обезбедуваме финансиска поддршка и за ранливите категории на граѓани во услови на криза. Преку 400 милиони евра се обезбедени за мерки кои значат повеќе приходи и полесно пребродување на економските предизвици со кои…
Повеќе противвоздушни ракети „Стрела“ се транспортираат кон Украина, изјави германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок. „Се реализираат натамошни испораки на „Стрела“, изјави таа пред германските законодавци. Украина досега доби 500 противвоздушни ракети „Стрела“ од Германија, од вкупно најавените 2.700. Берлин сега е еден од најголемите снабдувачи со оружје на Киев, изјави Баербок. „Тоа не е нешто што нè прави горди, но тоа е нешто што мораме да го направиме да ѝ помогнеме на Украина“.