Published: Wednesday, March 23, 2022 18:03
„Нашиот град е речиси опколен. Имаме еден излез до Полтава низ кој заминуваат жените и децата и се доставува медицинска помош“, рече Андреј Баранов, член на градскиот Совет на Суми, град на североистокот на Украина. Тој додаде оти во градот се останати околу 100.000 жители.
Во градот, според Баранов, има недостиг на медицинска опрема и гориво и нагласи дека Украина може да го држи Суми уште три до четири недели.
„Страшно нѝ е потребна зона на забранети летови“, истакна Баранов.
Баранов истакна дека ситуација во Суми не е ни блиску лоша како во Мариупол, пристаништен град на југоистокот на Украина и нагласи оти во градот се уништени само десетици куќи.
„Бомбардирана е важната инфраструктура во Суми, но не и куќи на цивили“, порача Баранов.




