Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Бројот на загинати во големиот земјотрес што ја погоди западна Кина се искачи на 93, додека во тек се спасувачки операции по евентулни преживеани лица, пренесува „Асошиејтед прес“. Потресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што беше регистриран во провинцијата Сечуан. Најголеми штети се забележани во автономната тибетанска област Ганза. https://www.youtube.com/watch?v=xito0QtQ8Aw Како исчезнати се водат 25 лица, соопштија спасувачките служби. Потрагата по преживеани и извлекување на тела на заробени граѓани под урнатините беше усложнето поради силните дождови и опасноста од свлечишта. https://www.youtube.com/watch?v=vGNeUuF335Q Земјотресот, исто така, го погоди и Ченгду, главен град на провинцијата, каде жителите беа под строга…
Две лица се убиени во пукотница во Марсеј, соопшти француската полиција. Според првичните информации, инцидентот се случил во северниот дел на градот. Нападот, според извештаи на локалните медиуми, се случил во 13-от округ, кога извршителите неколкупати пукале во возило во движење на автопатот, се наведува во вестите од Франција.
Денеска во центарот на Скопје, на улица „Никола Кљусев“, ќе биде отворена „Алеја на Украина“. Амбасадата на Украина во Скопје соопшти дека ќе биде отворена и изложба која ќе го покаже уништеното културно наследство на Украина. Алејата ќе ја отворат градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, амбасадорката на Украина, Лариса Дир и претседателот на Здружението на Украинците, Олександр Урбанович.
Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од земјава на граничниот премин „Табановце“ е околу еден час, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Од АМСМ препорачуваат прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар…
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Словенија и ќе учествува на 11-от состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони. Како што информира Кабинетот на Пендаровски, на состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, Милорад Додик и Жељко Комшиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. „На лидерскиот состанок ќе се дискутира за актуелните клучни теми во регионот и Европа, за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од…
Ивон Величковски, политичар и аналитичар на внатрешно-политичките процеси, денеска иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум и одбивањето да гласаат за внесување на бугарското малцинство во Уставот, ги оцени како противречни на некои од нивните досегашни политики и на претставничката демократија која го отсликува уставното уредување на државата и еднаквоста на сите граѓани. Неговата реакција ја пренесуваме во целост: Иницијатива за референдум и противење на промена на Преамбулата: Контрадикторна „принципиелност” за збунета пракса. Мицкоски иницира референдум за Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Согласно Уставот кој принципиелно нѝ ја гарантира и непосредната и претставничката демократија. Истовремено тој одбива неговата пратеничка група…
Авионот на кралот Чарлс Трети слета во Лондон, јавија денеска британските медиуми. Новиот британски монарх е повикан да ги исполнува своите кралски должности по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, која почина вчера на 96-годишна возраст во нејзината резиденција Балморал во Шкотска. Авионот на кралот Чарлс слета во воздухопловна база надвор од Лондон. Кралот и неговата сопруга Камила се упатија кон Бакингемската палата. Во Лондон, кралот Чарлс Трети треба за првпат да се сретне со новата британска премиерка Лиз Трас, која во вторникот беше назначена на функцијата од кралицата Елизабета. Тоа беше нејзиниот последен службен чин. Подоцна во текот…
Полицијата завчера поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против С.Ш. (25) од Скопје, Ф.А.(46) и М.Б. (51), двајцата од Србија и Б.А. (49) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“. „Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 07.09.2022 поднесе кривична пријава против С.Ш. (25) од Скопје, Ф.А. (46) и М.Б. (51), двајцата од Србија и Б.А. (49) од Скопје…
Град Скопје соопшти дека в понеделник (12 септември) ќе почне земјена, а на 16 септември ќе следува и авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот. „Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од 12 до 15 септември 2022, во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден. Авионската дезинсекција против комарци ќе се одвива на 16 и 17 септември 2022 во раните утрински часови“, информира Град Скопје. Доколку временските услови не дозволат дезинсекција, прскањето ќе биде првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Град Скопје апелира до пчеларите навреме да ги преземат…
Претседателот на Собранието Талат Џафери сè уште ја нема примено иницијативата за започнување на процедура за утврдување на уредноста на иницијативата за собирање на граѓански потписи за Референдумот што го најави ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од неговиот кабинет. „Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими ќе бидете информирани на време“, посочуваат од таму. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ја поднесе иницијативата до Собранието. Координаторот Никола Мицевски денеска изјави дека собале околу повеќе од 650 потписи за референдумот за не повеќе од половина час. Мицевски појасни дека поентата е да ги слушнат граѓаните во државата во врска со…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска не го утврди предлогот Весна Јовановска, судијка од Управниот суд, да биде судијка во Уставниот суд на Република Северна Македонија. Пратениците досега, освен за кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, дадоа поддршка и за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер. Тие, како и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, се предложени од владејачките партии. Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, покрај Јовановска, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска, обвинителот Тодор Витларов и судијата…
Украинските сили го ослободија Волохов Јар во областа Харкив од руските напаѓачи, објави Источната оперативна територијална команда на Националната гарда на Украина на Фејсбук, пренесува агенцијата Укринформ. „Регионот Харков. Волохив Јар е наш. Слава на Украина!”, пишува Националната гарда на Украина и објави видео од подигнување на украинското знаме. Како што објавува Укринформ, во регионот Харков, вооружените сили на Украина го уапсиле началникот на селската управа на Иванивка, кој соработувал со руската војска. Вчера беше ослободен и градот Балаклија. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави видео на кое се гледа како украинските војници известуваат за извршувањето на наредбата за ослободување на…