Author: Sashko

Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека Светската здравствена организација (СЗО) наскоро ќе ја одобри вакцината против коронавирусот „Спутник В“, велејќи дека овој потег е суштински за зголемување на глобалните резерви. Во разговор со претседателот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческо Роко, Путин рече дека е неопходно одобрение од СЗО за Русија да им помогне на другите земји испорачувајќи им „Спутник В“, меѓу другото и бесплатно. Планираме да ја прошириме таквата помош, најави Путин. Одобрувањето на СЗО би било знак за меѓународна доверба во вакцината по ригорозниот процес на тестирање и може да го отвори патот…

Read More

Судот во Мјанмар ја осуди соборената цивилна лидерка Аунг Сан Су Чи на четири години затвор поради поттикнување немири против војската и кршење на правилата за борба против коронавирусот. Су Чи „е осудена на две години затвор според член 505 (б) и две години затвор според Законот за борба против природни катастрофи, рече портпаролот на хунтата Зау Мин Ту. Воено возило вчера удри во демонстранти при што загинаа пет луѓе, а десетици беа повредени. Безбедносните сили на Мјанмар вчера во Јангон извршија рација врз противниците на воениот удар во земјата при што беа уапсени најмалку 15 луѓе. Антивоените протести продолжуваат…

Read More

Главниот советник на американскиот претседател за пандемијата, инфектологот Ентони Фаучи денеска изјави дека иако има брзо ширење на Омикрон сојот на коронавирусот, првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од Делта сојот. Фаучи за „Си-Ен-Ен“ изјави дека на научниците им требаат повеќе информации пред да донесат заклучок за сериозноста на видот Омикрон. Извештаите од Јужна Африка, каде што се појави и станува доминантен вид, покажуваат дека стапката на хоспитализација не е алармантно зголемена. Засега, се чини, дека нема висок степен на сериозност, но навистина треба да бидеме внимателни пред да заклучиме дека Омикрон е помалку сериозен и не предизвикува…

Read More

Во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“, денеска ќе бидат промовирани наодите од националното истражување „Граѓанското учество и ЕУ-перспективи: Анализа на јавното мислење со граѓани и граѓански организации“. На настанот ќе бидат промовирани податоци од два циклуса на анкетни истражувања, кои беа спроведени во 2020 и 2021 година. Ќе се направи анализа и ќе се утврдат одредени трендови на клучните наоди oд националното истражување со граѓани и од истражувањето со граѓанските организации. Наодите откриваат колку граѓаните можат да влијаат врз одлуките што се носат во општините и државата, дали подобрувањето на општеството…

Read More

Кризниот центар „Надеж“ во партнерство со граѓанската организација „Плиадис“ денеска ќе ги презентираат резултатите од истражувањето спроведено во рамки на проектот „Поддршка за иновативни практики при грижата за себеси, благосостојбата и издржливоста кај професионалците кои работат со жртви на родово базирано насилство“, поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој-УСАИД. Целта на истражувањето беше да ги мапира и истражи постоечките практики и програми за поддршка на физичката и психолошката благосостојба на професионалците кои работат со жртви на родово базирано насилство во Република Северна Македонија.

Read More

Во организација на Секретаријатот на транспортната заедница, денеска во Скопје ќе биде одржан вториот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан. На состанокот, покрај министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, предвидено е да се обратат и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Секретеријатот на Транспортната заедница, Матеј Законшјек, како и други претставници на домашни и меѓународни организации.

Read More

Скопје смета дека сега е најпозитивниот момент да се најде решение со Софија и затоа не треба да се пропушти, бидејќи секое пролонгирање ги намалува шансите за договор и носи неизвесност. Поконструктивен пристап најавуваат и победниците на парламентраните избори во Бугарија, но без конкретни рокови за решение. Засега останува отворено прашањето дали е можен брз пробив околу отстранувањето на бугарската блокада и скорешен старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Ќе направам се да се изнајде решение со Бугарија, зашто ако не се најде сега, не верувам дека ќе се најде во 2022 година. Меѓу 14 декември и 15…

Read More

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Ескобар во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со шефот на дипломатијата Бујар Османи. Предвидено е Ескобар и Османи, по средбата во МНР, да имаат и заедничка прес-конференција. Посетата вчера ја најави и Амбасадата на САД во Скопје, која на својата фејсбук-страница објави дека „Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери да разговараат за повеќе теми и заеднички…

Read More

Парламентарно мнозинство од 64 пратеници и нов состав на Владата во која „Алтернатива“ ќе има тројца министри и тројца заменици-министри. Тоа е постигнато со договорот со оваа партија да биде дел од владејачката коалиција. Лидерот Африм Гаши вчера потпиша програма за заедничко дејствување и приклучување во Владата со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, кој најави дека заминува од двете функции. Партиската ќе ја напушти на Конгресот на партијата на 12 декември, кога ќе биде избран негов наследник на чело на СДСМ, а од премиерската за неколку недели, кога ќе стане извесен успешниот епилог на процесот за почеток на…

Read More

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места и планините од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л./м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветар, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд што ќе бидат пообилни попладне, како и во…

Read More

Преговорите за влез на „Алтернатива“ во Владата се при крај. Најверојатно наредната недела лидерите на политичките партии ќе го објават и договорот што се однесува до распределба на ресори, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Нашиот став како ДУИ е дека се добредојдени во Владата сите политички партии кои ги споделуваат сите вредности во делот на интегрирање на нашата држава во ЕУ, за справување со здравствената и енергетската криза. Во моментот е многу важно нашата држава да има стабилна влада, стабилно Собрание каде ќе се носат вакви важни одлуки, а во делот на отстапување на ресори веќе при крај…

Read More

Талибанските власти во Авганистан денеска соопштија дека ќе забранат присилни бракови за жени, што се смета за еден од предусловите на меѓународната заедница да ја признае нивната власт и да ја обнови финансиската помош за земјата разурната од војна. Указот беше издаден од талибанскиот лидер Хибатулах Акунзада, во време на широко распространета сиромаштија во Авганистан, која расте откако талибанците насилно ја презедоа власта во август по повлекувањето на американските и НАТО трупите. Откако талибанците дојдоа на власт, други земји ја прекинаа финансиската помош за Авганистан, која беше главен столб на економијата на земјата до ова лето. Во декретот се наведува дека жените и мажите…

Read More