Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на наоди од националното истражување „Граѓанското учество и ЕУ-перспективи“

0
By Sashko on December 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 6, 2021 08:16

Во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“, денеска ќе бидат промовирани наодите од националното истражување „Граѓанското учество и ЕУ-перспективи: Анализа на јавното мислење со граѓани и граѓански организации“.

На настанот ќе бидат промовирани податоци од два циклуса на анкетни истражувања, кои беа спроведени во 2020 и 2021 година. Ќе се направи анализа и ќе се утврдат одредени трендови на клучните наоди oд националното истражување со граѓани и од истражувањето со граѓанските организации.

Наодите откриваат колку граѓаните можат да влијаат врз одлуките што се носат во општините и државата, дали подобрувањето на општеството е и нивна лична одговорност, дали сметаат дека процесот на пристапни преговори со ЕУ ќе го подобри животот во нашата земја, кoи механизми за учество најчесто ги користат граѓанските организации, како здравствената криза поради ковид-19 влијаеше врз работата на граѓанските организации?

Воведно обраќање ќе имаат претаставници на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ и на Делегацијата на Европската Унија, а свој осврт ќе дадат и претставници на граѓански организации.

Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“, го координира и имплементира Фондацијата „Отворено општество – Македонија“, со партнерите „Реактор – Истражување во акција“, „Евротинк – Центар за европски стратегии“ и Центар за граѓански комуникации.

граѓанско општество ЕУ перспективи Истражува Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.