Author: Sashko

Денеска со почеток во 16 часот ќе ја одржи 121-та редовна седница на Владата. Од владината прес-служба информираат дека за заклучоците и одлуките од седницата јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Read More

Во следните денови, под влијание на циклонска активност од Медитеранот, ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни и поројни, соопшти УХМР. Утре во западните делови локално ќе наврнат над 20 л./м2, а на планините врнежите се очекува формирање на снежна покривка. Од утре до понеделник ќе дува умерен до засилен ветар од јужен правец со брзина над 60 км./ч. Од вторник, под влијание на студен бран, ќе дува засилен северен ветар што ќе услови намалување на температурите.

Read More

Луѓето во Северна Македонија сѐ повеќе имаат пристап до јавно финансирана здравствена заштита, но катастрофалните трошоци за здравствена заштита остануваат предизвик, открива новиот извештај на СЗО/Европа објавен денеска. Извештајот „Дали луѓето можат да си дозволат да платат за здравствена заштита? Нови докази за финансиската заштита во Северна Македонија“ испитува до кој степен луѓето во Северна Македонија се соочуваат со финансиски тешкотии кога користат здравствени услуги. Тој е дел од серија национални извештаи за следење на финансиската заштита во здравствените системи во Европа. За прв пат, имаме сеопфатни, силни податоци и можност да го сумираме напредокот во областа на финансиската заштита што го…

Read More

Полицијата приведе 24-годишен маж кој објавувал коментари на Фејсбук, поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот „Струма“ кои се некомпатибилни со моралните и етичките норми, соопштуваат од бугарското МВР. Лицето, кое е приведено во Софија од службеници на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал, имало криминално досие. „Материјалите се пријавени во СРС за сторено кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – проповедање омраза врз основа на националност преку информациски систем“, се вели во соопштението на бугарското МВР.

Read More

Аутопсиите покажуваат дека сите загинати во автобуската несреќа починале од задушување, a не од ударот. Тоа значи дека биле живи во моментот на пожарот. Конечна проценка за причините за несреќата ќе треба да дадат финалните анализи, но водечка верзија во овој момент е човечка грешка, како причина за несреќата, изјави на денешната прес-конференција бугарскиот заменик главен обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Разгледани се, но категорично отфрлени, и верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можни причини за несреќата. Сарафов посочи дека продолжуваат испитувањата и анализите на автобусот, кои треба да дадат одговор за причините…

Read More

„Алтернатива“ за утревечер во 18 часот закажа седница на Централното претседателство, што беше одложена поради тридневната жалост и автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица. Членот на „Алтернатива“ и пратеник Скендер Реџепи Зејд изјави дека членовите на Централното претседателство утревечер треба да му дадат насока на Централното собрание, највисок орган на партијата, и тоа ќе донесе одлука дали тие ќе станат дел од Владата и парламентарното мнозинство или ќе останат дел од опозицискиот блок. Верувам дека во еден дијалог ќе ги соочиме сите аргументи „за“ и „против“ и дека ќе биде донесена соодветна одлука, вели Реџепи. Негов став…

Read More

Град Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи пред два дена во Бугарија. На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите. „Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување“, информира Град Скопје.

Read More

Портпаролката на главниот обвинител на Бугарија, Сијка Милева, денеска на прес-конференција со заменик-јавниот обвинител на Бугарија Борислав Сарафов, изјави дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела. Таа информира дека се сретнала со преживеаниот маж кој ѝ раскажал како го скршил стаклото на автобусот и рекол дека спасил осум лица, а не седум. Ние пронајдовме 44 трупа, а тој категорично изјави дека се спасени осум лица. Јас му реков вие сте седум во болницата. И тој категорично ми рече не, ние се спасивме осум лица. Во текот на истрагата, беа пронајдени 44 трупа. Според податоците со кои располагаме, патувале…

Read More

Владеачката СДСМ утревечер треба да одржи состанок на Централниот одбор, кој поради тридневната жалост беше одложен, а на кој се очекува оставка на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев. Доколку се случи тоа, почнува постапката за избор на нов претседател на партијата. Според Статутот на партијата, почнува рокот од 15 дена за распишување на внатрепартиски избори за нов лидер на СДСМ. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави самиот Заев, треба да биде и мандатар на новата влада. Во јавноста веќе кружат неофицијални имиња за иден премиер. Исто така, дел од…

Read More

Сите пациенти кои се повредени во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ се наоѓаат во стабилна општа состојба и нема опасност по нивните животи, соопшти денеска од болницата „Пирогов“. Вчера беа оперирани двајца пациенти кои, исто така, се во добра општа состојба. Повредените кои биле на интензивна нега денеска се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Едно од повредените лица денеска треба да биде оперирано. Со оглед на шокот од несреќата и тешките психички трауми, хоспитализираните добија и специјализирана психолошка поддршка од болницата. Сè уште нема јасна прогноза кога може да се отпуштат, велат од „Пирогов“. Во…

Read More

Главниот бугарски обвинител Иван Гешев денеска ќе дојде во Скопје за лично да поднесе барање за правна помош до Обвинителството во Северна Македонија. Бугарските обвинители треба да добијат ДНК профили од роднини на загинатите во автобуската несреќа заради идентификација на жртвите. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, бугарското Обвинителство денеска треба да објави нови информации за трагедијата. Во меѓувреме, продолжува истрагата за тешката автобуска несреќа во која загинаа 45 лица на автопатот „Струма“ во Бугарија. Бугарската телевизија „Нова“ јави дека шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Подрачното обвинителство во Перник работат на предистражната постапка.…

Read More