Во следните денови, под влијание на циклонска активност од Медитеранот, ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни и поројни, соопшти УХМР.

Утре во западните делови локално ќе наврнат над 20 л./м2, а на планините врнежите се очекува формирање на снежна покривка.

Од утре до понеделник ќе дува умерен до засилен ветар од јужен правец со брзина над 60 км./ч.

Од вторник, под влијание на студен бран, ќе дува засилен северен ветар што ќе услови намалување на температурите.