Author: Sashko

Владата вчеравечер прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на национално ниво. Двете одлуки ќе почнат да се применуваат од 1 септември и ќе траат 30 дена од денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки. Првата одлука е донесена заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, а втората заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија. Со денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки, како што соопшти вчера Владата, Комисијата за следење…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветaр во попладневните часови, особено во западните делови. Утринските температури ќе бидат во интервал од 12 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 26 до 33 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за нестабилност и појава на пороен дожд со грмежи во делови од котлината. Утринската температура ќе се спушти до 18 степени, а дневната ќе достигне до 32 степена. Тековниот период на нестабилно…

Read More

Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 313 нови случаи на ковид-19 од 972 теста, две лица починаа, додека 364 пациенти оздравеле. Нови случаи на ковид-19 се евидентирани во Скопје – 154, во Битола – 35, во Куманово – 18, во Кавадарци – 16, во Прилеп – 14, во Гевгелија – 10, во Охрид и во Крива Паланка – по 7, во Велес, во Штип и во Кочани – по 6, во Струмица – 5, во Струга и во Делчево – по 4, во Гостивар – 3,…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања денеска од редовната седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог порача граѓаните да не се грижат оти, како што рече, електрична и топлинска енергија ќе има доволно во текот на целата зима. Битиќи пред членовите на Комисијата се осврна на планот за производство на АД ЕСМ, потенцирајќи дека е со зголемување од 25 отсто во споредба со минатата година. „Со тоа ЕСМ ќе ја произведува целата електрична енергија која им е потребна на граѓаните и на малите потрошувачи и нема потреба да купува струја. Дополнително, сите производствени капацитети од домашното производство ќе се стават во функција и…

Read More

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 63-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. „На 23 август, осомничениот нападнал двајца полициски службеници од СВР Велес, нанесувајќи им телесни повреди. Откако управувајќи трактор не сопрел на зададените звучни и светлосни предупредувања од полицајците, туку продолжил да се движи кон индустрискиот дел од градот, оштетените со полициско возило го стигнале. На знак од еден од оштетените со светлечка палка СТОП и гласно упатено барање да запре, осомничениот свртел со тракторот во лево и продолжил да се движи во…

Read More

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во моментот спроведува вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница Штип, откако 25-годишент пациент починал од сепса, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Како што соопштија од МЗ, директорот на штипската болница Ален Георгијев побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентот. Претходно роднините на починатиот пациент Ј.Д. (25) од Берово на социјалните мрежи информираа дека тој починал од сепса по дренажа на заб во штипската болница. Смртта на пациентот ја потврдија и од штипската болница. По завршениот вонреден инспекциски надзор, Министерството за здравство информира дека јавноста ќе биде поконкретно информирана.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за агенцијата „Анадолија“ изрази незадоволство од досегашниот процес на евроинтеграција на земјата, со оглед на тоа што по 17 години чекање со статус на кандидат, конечно почнуваат преговорите за зачленување. „Ние бевме практично заборавени од Европската Унија и со серија уцени во меѓувреме, еве некако успеавме да направиме некаков компромис со Република Бугарија, со помош на француското претседателство и да почнеме со преговори. Меѓутоа, ако гледате наназад, еве од 2005 година сме со статус на кандидат, допрва сега да почнувате преговори, не може никој да каже дека сме со голем успех на тој план“, рече…

Read More

Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за два денара, а мазутот за 1,292 денара, додека цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 89 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 91,50 денари, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 98,50 денари, на екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар), а на мазутот М-1 НС 52,978 денари за килограм. Со оваа Одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91 отсто во…

Read More

Од почетокот на војната на 24 февруари до 24 август, Русија загубила 12.142 парчиња опрема во вредност од 16,56 милијарди долари, без руските проектили, проценува „Форбс“. Според „Форбс“, најголема и најболна загуба за Владимир Путин е секако потонувањето на вредниот воен брод „Москва“. Тој беше предводник на руската Црноморска флота вреден 750 милиони долари, која потона во април. Украина соопшти дека го нападнала и го потопила бродот, иако Русија вели дека пожарот на бродот го предизвикал потонувањето. Останатите четири големи загуби кои тешко ја погодија Русија се авионите Ил-76 во вредност од 86 милиони долари, амфибискиот јуришен брод „Саратов“ вреден…

Read More

Набавката на лесните оклопни возила е еден од осумте клучни проекти за вооружување на Армијата, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска во денешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. „Договорот е склучен минатата година, а оваа година веќе пристигнаа првите шест лесни оклопни возила. До 2028 година, треба да пристигнат 96 вакви возила, а до крајот на оваа година очекуваме да бидат испорачани уште нови 27 возила од ваков тип. Оклопните возила се веќе дел од арсеналот на Армијата и нашите војници веќе се обучуваат за нивно користење“, потенцира министерката. Говорејќи за дополнителната финансиска поддршка од САД за…

Read More

Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово денеска ги додели уверенијата за новоизбраните советници по вонредните избори за членови на Совет на 20 август. На изборите за членови на Советот на Општина Тетово гласаа 29.690 лица или 35,31 отсто од вкупно 84.071 граѓанин со право на глас. „На изборите за членови на Советот на Општина Тетово, најмногу мандати доби Движењето Беса – 12, ДУИ има 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ има четири советници, СДСМ двајца и по еден советник имаат ДПА и Алтернатива. Другите кандидатски листи немаат доволно гласови за советници“, изјави Назми Даути, секретар на ОИК Тетово. Во изјави за медиумите дел од…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека интересот за професијата професионален војник од година во година е се поголем, потсетувајќи дека во 2017 година за едно место имало речиси двајца кандидати, а на последниот конкурс за едно место имало девет кандидати. Петровска во денешното интервју на ТВ21, уште еднаш го најави Конкурсот за прием на нови 200 професионални војници, кој ќе биде објавен во септември. „Тоа покажува дека сериозно расте интересот и веројатно атрактивноста на професијата професионален војник ја зголемуваат и придобивките од подобрувањето на условите за извршување на таа задача, покрај ова што до сега го зборувавме во делот…

Read More