Author: Sashko

По дваесет години од потпишувањето на договорот со кој се стави крај на внатрешниот воен конфликт и меѓуетничките тензии во државата, дел од албанските партии како БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива решија да седнат на една маса со поткопувачите на Охридскиот рамковен договор. Овој договор, со кој етничките заедници во земјава уживаат поголеми права, но и се обезбеди мир, од партијата Левица најавуваат дека ќе го укинат. Укинување на Охридскиот рамковен договор како извор на консоцијалниот (сегрегирачки) етничко-трибалистички карактер на политичкиот систем на Македонија и враќање на чисто мнозинскиот карактер, со практикување на демократијата како стандард за современите демократски…

Read More

Евтаназијата од денеска е легална во Нов Зеланд. Одлуката стапи во сила по една година, откако 65 отсто од гласачите се изјаснија позитивно за Законот за легализирање на умирањето со туѓа помош. Во октомври во 2020 година, две третини од граѓаните кои излегоа на гласање без „за“ за закон што на смртно болните лица им дозволува да побараат асистенција за смрт. Секое неизлечиво болно лице со помалку од шест месеци живот ќе може да побара евтаназија. Лекарите мора да се погрижат пациентот да е добро информиран и дека се исполнети сите други законски критериуми. Партијата ACT, која го поднесе предлог-законот…

Read More

Утре, најдоцна до 14.30 часот, во Собранието ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата, соопшти денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски. Пред средбата со избраните градоначалници, Мицкоски рече дека прво ќе се почека премиерот Зоран Заев да го исполни ветувањето и да ја достави најавената оставка. Мицкоски ги повика и останатите пратеници, покрај оние 61 кои, како што напомена, се веќе дел од мнозинството, да им се придружат. Отворена е вратата за секој што мисли дека оваа Влада на Заев не е добра. Секој што ја поддржува оваа Влада, нормално дека нема да биде дел од пратениците кои…

Read More

Полицијата на граничниот премин „Табановце“ вчера ги лиши од слобода С.У. (50), С.Ш. (55) и М.Ј. (35), сите од Република Србија, поради постоење на основано сомнение дека поседуваат фалсификувани ПЦР тестови. Како што соопшти МВР, лицата се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Read More

Деновиве ќе покажат дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, дали Мицкоски има капацитет и одговорност, се вели во соопштението на СДСМ. Информациите кои вчера се појавија во јавноста, дека дел од пратениците кои се потпишале биле злоупотребени, кажува за какви “принципи” станува збор. Со партнери кои се против НАТО, кои се против Договорот од Преспа, кои се против концептот едно општество за сите, против членството во ЕУ, јасна е агендата на Мицкоски. Нема тука никакви политички идеи, никакви вредности, нема политички принцпици, платформа, Мицкоски има само и единствено желба за власт. Конфликтот на ставови, конфликт…

Read More

Роберт Спано денеска ја завршува посетата на Македонија. По работниот дел од исполнетата агенда со обврски, денешниот ден е резервиран за слободни активности, па заедно со неговиот домаќин, министерот за правда, Бојан Маричиќ го посетија Охрид. Маричиќ и Спано се прошетаа низ градот, високиот гостин имаше можност да види дел од убавините на нашиот туристички бисер, а од земјава, покрај со прекрасните спомени и задоволство од сработеното од работниот дел на агендата, заминува и со традиционална македонска ракотворба. „Ми беше особена чест што бев домаќин на претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано. Северна Македонија успеа да изгради…

Read More

Македонија има вкупно 7.836 активни случаи на ковид-19 во моментот, откако вчера беа регистрирани 601 нов случај на заболени. Согласно последниот извештај на Министерството за здравство (МЗ), досега во земјата се направени 1.404.750 милиони тестирања за коронавирусот, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 205.623. Оздравени се вкупно 190.570 пациенти, а починаа 7.217 лица. Вчера беа пријавени 601 нов случај на инфекцијата од 4.501 направени тестови. Во дневниот пресек беа заведени и 304 оздравени пациенти и 13 починати лица. Најмногу новозаболени повторно има во Скопје, каде вчера беа регистрирани нови 217 случаи. Потоа главниот град следуваат…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по претежно суви коловози. Интензитетот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

Над 130 вљубеници во природата од селата Бразда до Бродец, ученици од селата Сандево, од Кучевиште и од Побожје, како и активисти од Скопје, учествуваа во масовна акција на чистење на Скопска Црна Гора. Собрани се 100 вреќи со разни отпадоци од пластика и алуминиум, а општинското комунално претпријатие потоа, со вонредна акција го собра отпадот. Иницијаторот на акцијата, Мери Пејоска, со свои средства обезбеди и донираше кеси, ракавици, колички и фаќалки за смет, додека друг донатор обезбеди сендвичи за вредните ученици. Акцијата траеше неколку часа. „Акцијата беше исклучително успешна во својот обем и испрати јасна и силна порака. На…

Read More

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вчера во централниот дел на Мексико, загинаа најмалку 19 лица, а тројца се повредени, јавија локалните власти. Западните медиуми јавуваат дека несреќата се случила на патарина во близина на градот Чалко, на автопатот што Суидад де Мексико го поврзува со Пуебла, на 110 километри јужно од главниот град. Камион со полна брзина налетал на колона од шест возила од кои повеќето се запалиле. Меѓу загинатите е и возачот на камионот, се наведува во соопштението на КАПУФ, Државната агенција за управување со патиштата.

Read More

Ирачкиот премиер Мустафа ал Каземи ноќеска се извлекол неповреден во нападот со беспилотно летало врз неговата резиденција во Зелената зона во Багдад, соопшти неговиот кабинет. Премиерот Ал Казими не е повреден во обидот за атентат со беспилотно летало наполнето со експлозив во ноќта меѓу саботата и неделата, соопшти неговиот кабинет. Цел на нападот била резиденцијата на премиерот во Зелената зона во Багдад, каде се наоѓаат владини згради и странски амбасади. Два безбедносни извора претходно за француските медиуми потврдија дека резиденцијата на премиерот била погодена од „ракета“, додека приврзаниците на проиранските групи мирно протестираа на влезот во Зелената зона против резултатите…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 12 степени, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Како што информира УХМР, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Во Скопје слично време, претпладне со појава на магла и значителна ниска облачност, а од пладне сончево со слаб ветар од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне 20 степени. Во следните денови во…

Read More