Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Германската канцеларка, Ангела Меркел во јануари одбила телефонски повик од Џо Бајден кој, откако стапи на функцијата претседател на САД, решил прво да разговара со неа, јави денеска „Волстрит џурнал“. Бајден во претседателската фотелја седна на 20 јануари. Откако се всели во Белата куќа во јануари, претседателот Бајден одлучил неговиот прв повик кон странски лидер да биде адресиран до Ангела Меркел, што би претставувало сигнал за враќање кон трансатлантската стабилност по нестабилноста од епохата на Трамп, се наведува во статијата. Канцеларката на Германија, сепак, имала други планови. Таа го одбила повикот, тоа било петок навечер, затоа што требала да…
Деветнаесетгодишна Французинка, која работи во најголемиот центар за вакцинација во Бордо, во средата беше условно осудена на 18 месеци затвор, бидејќи фалсификувала дваесетина ковид пасоши за свои роднини и пријатели. Кривичниот суд во Бордо, исто така, и изрече петгодишна забрана за работа во јавниот сектор. Таа беше уапсена во понеделникот, откако беше пријавена и поведена истрага против неа. Девојката работи во тој центар од 1 септември и призна дека учествувала во фалсификување 24 ковид пропусници за 16 лица. Обвинителот рече дека не верува дека го направила тоа за финансиски надомест. Според податоците од мобилниот телефон, полицајците откриле многу недоследно произведени…
Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше, бидејќи концентрацијата на опасни честички во воздухот во голема мера ги надминува препорачаните нивоа. Се проценува дека приближно седум милиони луѓе умираат предвреме секоја година од болести поврзани со загадување на воздухот. Во исто време, земјите во развој најмногу страдаат поради нивната зависност од фосилни горива. Загадувањето на воздухот, според ефектот, СЗО го споредува со оној од пушењето и од нездравата исхрана. По ова, пред самитот COP26 во ноември, од 194 земји-членки се бара да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да почнат…
Ковид-19 веројатно нема да мутира во многу посмртоносни варијанти, бидејќи едноставно нема „каде да оди“, вели истакната научничка која била вклучена во создавање на вакцината за Оксфорд произведена од „АстраЗенека“, пишува „Телеграф“. Сара Гилберт рече дека вирусот станува сè помалку вирулентен со тек на времето, бидејќи се шири низ сè повеќе имуна популација, пренесува „Јутарњи лист“. Иако очекува уште една генетска промена, таа рече дека Сарс-КоВ-2 на крајот ќе стане како другите сезонски коронавируси кои предизвикуваат настинки и респираторни инфекции. Вирусот не може целосно да мутира, бидејќи неговиот шилест протеин мора да комуницира со рецепторот ACE2 на површината на човечката…
Ниту еден од шесте члена на екипажот не преживеа во падот на авионот Антонов Ан-26 кој вчера се урна во областа Хабаровск на Далечниот исток на Русија, пренесува агенцијата ТАСС врз основа на првичните информации од извор од руската спасувачка служба. Руското Министерство за вонредни ситуации потврди дека спасувачките тимови ќе се селат на место на непристапен терен на кој падна авионот АН-26 кој вчера попладне исчезна од радарите во близина на Хабаровск. Како што е наведено, хеликоптер од типот Ми-8 открил остатоци од авионот, а во спасувачката операција учествуваат 140 лица со 35 возила. Рускиот транспортен авион Антонов Ан-26,…
Грчката владеачка партија „Нова демократија“ е со предност од 11,5, односно 11,2 отсто пред опозициската СИРИЗА, според двете нови истражувања на јавното мислење во Грција спроведени од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“ и агенцијата „ΜRB“ за телевизијата „Стар“, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на пандемијата и процесот на имунизација, од 2.018 лица со право на глас што учествувале во истражувањето за „Скај“, 72 проценти имаат примено најмалку една доза, 11 отсто не се вакцинирани и немаат закажан термин, а 15 проценти одбиле да одговорат. Од невакцинираните, 53 отсто одговориле дека никогаш нема да се вакцинираат, а…
Американската управа за храна и лекови (ФДА) ја одобри дополнителната доза на вакцина против ковид-19 на „Фајзер“ и „Бајонтек“ за лицата во САД кои се повозрасни од 65 години и за граѓаните кои се соочуваат со поголем ризик од вирусот. Третата доза или т.н. бустер доза ќе се дава најмалку шест месеци по ревакцинацијата, а дозволата се однесува на луѓе кои се кои се најподложни на тешки форми на болеста и оние кои се изложени на коронавирусот на нивните работни места. Советодавниот одбор на Центрите за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ), би можел во текот на денешниот…
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев преку видеообраќање го честиташе Меѓународниот ден на знаковниот јазик, 23 септември. „Денеска го славиме Меѓународниот ден на знаковниот јазик, користен од 72 милиони луѓе ширум светот. Одбележувањето на овој ден нè прави дел од прогресивните заедници во светот, афирмирачи на знаковниот јазик. Нашата Влада, преку политиките за промовирање на можностите на граѓаните од заедниците на глуви и наглуви, го едначи знаковниот јазик со сите други говорни јазици. Тежнееме нашето општество да ја прифати во целост оваа вредност. По нашиот пример на соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви лица,…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Најмалку 62 деца починаа во два кампа за раселени лица во североисточна Сирија од почетокот на 2021 година, објави денеска организацијата „Спасете ги децата“. Оваа невладина организација укажа на итна потреба од репатријација на странски деца од камповите. Новиот извештај, насловен „Кога ќе почнам да живеам“, укажува на неодржливи услови за живот во камповите Ал-Хол и Роџ, кои се под контрола на курдските сили. Во камповите се сместени десетици илјади раселени лица, меѓу кои околу 40.000 деца и семејства на странски џихадисти од групата Исламска држава. Во Ал-Хол само 40 проценти од децата имаат пристап до образование, додека во кампот…
Британскиот премиер Борис Џонсон за време на годишното обраќање во Обединетите Нации, ги повика светските лидери да ја искористат својата моќ и да се справат со климатските промени и нагласи дека е време човештвото да покаже зрелост и одговорност за ова прашање. Во пресрет на важната климатска конференција во Глазгов, која почнува на 31 октомври, Џонсон пред Генералното собрание на ОН рече дека светските лидери имаат огромна моќ да ги променат работите на подобро и да ја спасат планетата од катастрофалните последици од климатските промени. Мораме да покажеме дека сме способни да учиме и созреваме и конечно да ја преземеме…
Бразилската делегација на 76-та сесија на Генералното собрание на ОН одлучи да оди во самоизолација, откако беше откриено дека еден од нејзините членови, министерот за здравство, е позитивен на коронавирусот. Оваа земја потврди дека целата делегација одлучила да биде во самоизолација во наредните 14 дена, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за агенцијата ТАСС на прашањето дали се точни информациите дека бразилската делегација е во карантин. Претходно, два извора на руската агенција објавија дека бразилската делегација е во самоизолација, бидејќи бразилскиот министер за здравство, Марсело Квирога, е позитивен на коронавирус. Според еден од изворите, бразилската делегација се…