Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Вработените во РТС беа евакуирани на еден час по дојавата за поставена бомба во зградата на Таковска улица во Белград. Како што пренесува Н1, вработените полека се враќаат во објектот и на нивните работни места, а припадници на Министерството за внатрешни работи, кои со кучиња трагаа по експлозивната направа, го објектот. Според Н1, пред зградата на РТС се наоѓа уште едно полициско возило. Вработените во РТС велат дека дојавата за поставена бомба стигнала пред 14 часот, дека сите биле шокирани од веста и дека по наредба на обезбедувањето веднаш ја напуштиле зградата.
Документи од Кремљ, до кои дошле новинарите од британскиот весник „Гардијан“, откриваат дека рускиот претседател Владимир Путин лично наредил тајни специјални служби за поддршка на Доналд Трамп на претседателските избори во САД во 2016 година. Документите покажуваат дека клучниот состанок зад затворени врати на Советот за безбедност на Русија се одржал на 22 јануари во 2016 година, десет месеци пред изборите во САД, кога Путин и неговите шефови на разузнавачки служби и високи министри се согласија дека Трамп во Белата куќа ќе помогне во обезбедување на стратешките цели на Москва. Документите вклучувале и „социјални немири“ во САД и ослабување на преговарачката…
Зграда со седум спрата и десетина станари во неа почнала да се урива во белградаската нселба Врачар околу 11 часот, јавува РТС. Сите лица се евакуирани на безбедно место во очекување да пристигне градежна инспекција. Станарите веруваат дека нивниот објект се урнал поради работи на градилиште во близина на кое веќе цел месец се копаат темели за нова станбена зграда. Тие, како што пренесува српскиот јавен сервис, веќе подолго време предупредувале на опасност од уривање на зградата, бидејќи во изминатите денови имало пукање на ѕидови и плочки. Како што јавува РТС, зградата не е целосно урната, туку дел од становите…
Американските аптеки и малопродажниот гигант „Волмарт“ почнаа да повлекуваат одредени производи за сончање од брендот „Џонсон&Џонсон“, откако во некои примероци бил идентификуван канцероген бензен. – Секојдневната изложеност на бензенот во овие производи за сончање со аеросол на нивоата откриени во нашите истражувања не би требало да предизвика негативни влијанија врз здравјето, се наведува во соопштение на компанијата. Производителот на фармацевтски производи и средства за широка потрошувачка, сепак, повлече пет аеросолни креми „Неутрогена“ и „Авино“ и ги советуваше потрошувачите да престанат да ги користат затоа што на испитувањата од американската Управа за храна и лекови се открило поголемо ниво бензен од…
Сајбер напад бил извршен врз официјалната веб-страница на руското Министерство за одбрана со одбивање на услугата (DDoS), соопшти извор од Министерството, пренесуваат руските медиуми. – Експерти од МО работат на спротиставување на напад ДДоС врз официјалната веб-страница на Министерството, рече тој. Како резултат на тоа, страницата беше привремено недостапна, но нејзината содржина сега е повторно достапна. Министерството го потврди нападот, но додаде дека „корисници може да наидат на потешкотии со пристапот до содржини“ на страницата. Според Министерството, локацијата од која е извршен нападот е надвор од Руската Федерација. Најновите големи сајбер напади врз руски интернет-ресурси беа за време на годинашната…
Ноќните клубови, дискотеките, бузуки и слично во Грција, без оглед дали се на отворено или затворено, ќе примаат исклучиво вакцинирани гости или лица кои прележале ковид-19, согласно новата министерска одлука, јави дописничката на МИА од Атина. Иако новите мерки што денеска стапуваат во сила, првично се однесуваа само на затворени простори, сега, во објавената одлука од надлежните министерства има промени во однос на ноќните клубови. За кафулињата и рестораните, мерката само за вакцинирани гости се однесува само на внатрешните делови, додека пак за ноќните клубови важи и за отворените и за затворените делови. Ова во пракса значи дека за забавување…
Австралискиот тенисер Алекс де Минаур е позитивен на ковид-19 поради што се повлече од Олимписките игри во Токио. Претседателот на Олимпискиот комитет на Австралија, Јан Честерман денеска пред новинарите рече дека „Де Минаур е скршен“ поради пропуштање на најголемиот планетарен спортски настан. – Разочарани сме поради Алекс. Му беше сон да ја претставува Австралија на Олимписки игри, истакна Честерман. Алекс де Минаур моментно е прв австралиски рекет и во Токио требаше да настапи во сингл и во дубл.
Спортист од Уганда исчезна во Токио. Јапонските локални власти соопштија дека е загубена секаква трага на кревачот на товар Џулиус Секитолеко кој не се појавил ниту на тестирањето за ковид-19, пренесува порталот timesnownews. Дваесетгодишниот олимпиец исчезнал од хотелот „Изумисано“, во близина на Осака, соопшија општинските власти. Во соопштението на општинската управа се наведува дека се вложуваат максимални напори за пронаоѓање на спортистот и оти случајот е пријавен во полиција.
Властите на холандската централна покраина Утрехт ја отворија, како што велат, „најдолгата соларна патека за велосипеди во светот“, поврзувајќи на тој начин одржлив извор на енергија со превоз без загадување. Сефте на патеката долга 330 метри направија ученици од локално основно училиште во селото Мартенсдијк во околината на Утрехт. Патеката се состои од блокови на готов бетон, прекриени со тенок проѕирен слој кој заштитува и воедно овозможува продор на сончева светлина до вградените соларни ќелии кои произведуваат струја. Целта на проектот е да се утврди дали такви патишта со двојна намена може да се користат за добивање на струја, со…
Бројот на настрадани лица во невремето и поплавите во западниот дел на Германија и во Белгија е над 90, а денеска продолжија потрагите по повеќе од 100 луѓе кои се водат како исчезнати. Властите на сојузната германска држава Рајна Палатинат соопштија дека таму настрадале 50 жители, меѓу кои и девет штитеници на Дом за лица со инвалидитет. Повеќе од 30 смртни случаи се регистрирани во Северна Рајна Вестфалија, меѓутоа властите предупредуваат дека таа бројка може да порасне. Белгиските медиуми, пак, пренесоа дека најмалку 12 лица ги загубија животите во поплавите. Западниот дел на Германија е погоден од обилни дождови кои…
Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ најави дека ќе учествува на Олимписките игри во Токио. По победата на Вимблдон, минатиот викенд, српскиот тенисер рече дека можеби нема да патува на Игрите. – Горд сум што одам во Токио и заедно со нашиот тим ќе се борам за медал на олимписките терени. За мене, настапите за репрезентацијата на Србија отсекогаш претставувале посебна радост и мотивација, и ќе дадам сè од себе да нè направам сите среќни, изјави Ѓоковиќ за „Tennis World USA“. Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.
Во позадина на интензивирање на билатералните односи, новиот парламент може да ја ревидира својата рамковна позиција и да даде зелено светло за старт на преговори Кој е Славеј Трифонов? – Каква влада ќе има Бугарија? – Како ќе се постави во однос на Македонија и иднината на проширувањето на ЕУ? – Одговор на овие прашања побаравме од Весела Чернева, директорка на софиското биро на Европскиот совет за надворешна политика. Нова ТВ: Каква порака праќаат граѓаните на Бугарија со повторување на изборите? Чернева: Слабата излезност на изборите покажа дека бугарските граѓани не сметаат дека треба постојано да ја вршат работата на…