Author: Sashko

Владата на Република Северна Македонија ја одржа 84-тата редовна седница која беше посветена на статусот на реализација на активностите на Стратегијата за реформи на јавната администрација 2018-2022 на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). На седницата беше разгледана анализата за хоризонталната функционална поставеност на министерствата и институциите која ја подготвија проектните експерти спроведена во рамките на двегодишниот ИПА проект „Поддршка кон државната реорганизација“, финансиран од Европската Унија. Структурираните оценки и мислењата во врска со анализата, која предвидува рационализација на бројот на институциите во државната управа, како и предлози за нивна поголема ефикасност, ќе бидат презентирани пред Советот…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветар од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје и околината сончево и топло со мала до умерена облачност и повремено засилен ветар од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени. До петок времето ќе биде сончево и многу топло, со пораст на дневната температура. В петок и за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Read More

Иднината на Западен Балкан лежи во вистинска обединета Европа. Целосната интеграција на регионот во европското семејство треба да биде природен исход на реформскиот пат на земјите и столб за долгорочен мир и стабилност. Ова се главните пораки што произлегоа од вчерашниот виртуелен самит на Берлинскиот процес, чиј домаќин беше Германија. Проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан претставува стратегиска инвестиција во мир, демократија, просперитет, безбедност и стабилност во Европа, потврдувајќи го долгорочниот став дека иднината на целиот регион лежи во ЕУ, се главните заклучоци што произлегоа од самитот. Учесниците, меѓудругото, потенцираа дека инклузивната регионална соработка е фундаментален фактор за…

Read More

Состојбата со ковид-19 во земјава и натаму се стабилизира. Во 19 градови во државата повеќе нема позитивни на коронавирусот. Ако пред еден месец бројот на активни беше околу 1.000 случаи, вчера тој беше 130, од кои во Скопје има уште 54, во Тетово – 15, во Кичево – 14, во Куманово – 10. И во текот на претходното деноноќие не беше регистриран ниту еден смртен случај, а беа регистрирани 27 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 893.681 тестирања на ковид-19. Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројот на оздравени пациенти е 150.100,…

Read More

Македонските парламентарни партии се изјаснија дека ќе ја прифатат Предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ што ги дефинира државните позиции за евроинтеграциите, но и позициите по однос на било какви негирања на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет. ВМРО-ДПМНE бара Резолуцијата да биде со уставното име. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ вчера имаа средби со дел од своите колеги во Парламентот, а во изјава за медиумите своја поддршка за предлог документот даде и пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов. Предлог резолуцијата ја поддржаа и пратениците од ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го поздрави чекорот на СДСМ и наведе дека…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 најави формирање на кадетска екипа за новата сезона чиј тренер ќе биде легендарниот Пепи Манасков. – За новата сезона екипата на Вардар 1961 ќе формира екипа на момчиња кои се родени 2006/07, кои ќе бидат дел од младинските категории на тимот и ќе тренираат заедно со македонската ракометна легенда Пепи Манасков, соопшти попладнево клубот. Пријавувањето ќе трае до 15 август, а тренинзите ќе се одвиваат во СЦ „Јане Сандански“.

Read More

Германија ќе издвои три милиони дози на вакцини против ковид-19 за земјите од Западен Балкан, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. – И тоа ќе го сториме што е можно побрзо, додаде таа на прес-конференција по Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан, на кој таа беше домаќин, јавуваат британските медиуми.

Read More

Градските власти во Москва денеска соопштија дека почнало тестирање на вакцината „Спутник В“ против коронавирусот врз деца на возраст од 12 до 17 години. Заменик градоначалничката Анастасија Ракова рече дека се ангажирани 100 доброволци, кои биле заразени со вирусот и немаат здравствени проблеми што би ги спречило да бидат вакцинирани. Ракова рече дека децата ќе добијат помала доза од вакцината во споредба со возрасните. Русија се соочува со зголемување на бројот на заразени лица, а прва доза вакцина досега примиле 23 милиони луѓе, што е нешто повеќе од 15 проценти од популацијата. Минатиот месец, бројот на нови случаи на коронавирус…

Read More

Руската православна црква ги нарече грешници сите лица кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот, додавајќи дека се осудени на барање прошка до крајот на животот. Со податоците за повеќе од 24.000 нови случаи на коронавирус за 24 часа, од кои речиси 6.600 во Москва, руската црквата ги повика верниците да се вакцинираат. Од почетокот на пандемијата во Русија се заразија повеќе од 5,6 милиони лица, додека вирусот, според официјалните податоци, однесе речиси 139.000 животи. Митрополитот Иларион од Московската патријаршија изјави дека луѓето кои одбиваат вакцинација прават грев. – Секој ден гледаме луѓе кои ги посетуваат свештениците да признаат дека…

Read More

Роџер Федерер ќе настапи за Швајцарија на олимпискиот тениски турнир на Игрите во Токио, соопшти денеска Швајцарскиот олимписки комитет. Освојувачот на 20 грен-слем турнири денеска во осминафиналето на Вимблдон за противник го има Италијанецот Лоренцо Сонего. Федерер е единствениот машки член на швајцарската тениска репрезентација. Од тенисерките, Швајцарија во Токио ќе ја претставуваат Белинда Бенчиќ и Викторија Голубовиќ, кои ќе настапат во поединечна конкуренција и во двојки. Олимпискиот тенисот турнир во Токио ќе се одржи од 24 јули до 1 август.

Read More

Околу 150 ученици се водат како исчезнати по вооружениот напад од страна на група мажи врз училиште во северозападната нигериска држава Кадуни, се дознава денеска од изјава на директорот на училиштето и родителите на децата. Баптистичкото средно училиште во јужниот дел на Кадуна беше нападнато во текот на ноќта, а 25 ученици успеаја да избегаат. – Постојат стравувања дека се киднапирани и други ученици, изјави свештеникот Џон Хајаб, основач на училиштето, чиј 17-годишен син успеал да избега. Училиштето од интернатски тип во моментот имало околу 180 ученици, кои во текот на нападот биле во тек на завршните испити, објасни Хајаб.…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска учествуваше на Самитот на земјите од Западен Балкан. Самитот го отвори германската канцеларка Ангела Меркел која се заблагодари на целиот регион, на политичките лидери, како и на сите меѓународни институции, Европската Комисија и земјите членки на ЕУ кои го потпомагаа овој процес во изминатите седум години. Покрај премиерот Заев на Самитот говореа и премиерите од земјите членки на Западен Балкан, премиерите на Грција, на Хрватска, на Словенија, на Италија, на Бугарија како и францускиот претседател Емануел Макрон и австрискиот канцелар Себастијан Курц. Самитот продолжува со работа и во текот на попладнево по што се очекува да бидат…

Read More