Author: Sashko

Претседателот Пендаровски денеска преку својот Фејсбук профил испрати честитки по повод денот на независноста на САД. Тој воедно ја искористи приликата да порача дека Македонија во САД гледа, пријател, сојузник и стратешки партнер. – Со желби за благосостојба и просперитет, на претседателот Џо Бајден и на пријателскиот американски народ им го честитам 4-јули – Денот на независноста. Во САД освен пријател и сојузник, гледаме и стратешки партнер којшто секогаш ја поддржувал нашата демократија, напиша претседателот.

Read More

Во последните 24 часа се направени вкупно 2.760 тестирања за ковид-19, а регистрирани се четири нови случаи – по два во Скопје и во Тетово. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Регистрирани се шест оздравени пациенти – по два од Велес и од Кичево и по еден од Битола и од Свети Николе. Направени се 2.760 тестови преку ИЈЗ – 56, преку ЦЈЗ Скопје – 52, преку ЦЈЗ Битола – 59, преку ЦЈЗ Прилеп – 9, преку ЦЈЗ Тетово – 11, преку ЦЈЗ Куманово – 27, преку Судска…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека од 30 до 40 минути, а на останатите нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово…

Read More

Две жени замрзнаа на над 4.000 метри надморска височина на Алпите, во близина на границата меѓу Италија и Швајцарија, соопштија денеска спасувачите од регионот Аоста, во северозападна Италија. Мажот, кој бил со повредените жени, вчеравечер бил пренесен во Швајцарија, со хипотермија и смрзнатини. Тројцата се качувале на планинскиот масив Монте Роса на Пенинските Алпи, чиј највисок врв е Дуфурспице, на над 4.630 метри надморска височина. Спасувачките служби наведуваат дека жените се воделе како исчезнати лица. Пронајдени биле на италијанската страна на Винсентската пирамида, малку понискиот врв, и однесени во една колиба. Но, екстремните временски услови и силниот ветар ја отежнувал…

Read More

Крајнодесничарската француска политичарка Мари Ле Пен со огромно мнозинство денеска е реизбрана за лидер на партијата „Национален собир“, јави телевизијата БФМ. Изборот се одржаа за време на 17-от Конгрес на партијата во Перпињан. Според резултатите од гласањето, над 98 отсто од членовите на партијата гласаа за нејзин четврти мандат. Мари ле Пен ја предводи партијата од 2011 година и беше единствен кандидат за оваа функција.

Read More

Независностa, велат, значи ширење на љубовта, а уништување на омразата, напредок и растеж, одговорност кон предците и идните генерации. Тоа се заложби што ги поврзуваат нашите две држави, чија независност е заснована на демократски принципи и слободен живот на граѓаните, на суверенитет на народот, владеење на правото, правдата, човековите права и слободи и демократијата. Во тие наши заеднички заложби станавме искрени пријатели и стратешки партнери, заеднички сме дел од големото трансатлантско семејство на народи. Ова го порачува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук статус по повод 4 јули, Денот на независноста на САД, во кој упатува честитки…

Read More

Традицијата на американската демократија е водилка и инспирација за сите прогресивни демократии во светот. Посебно значајно е што новата администрација на претседателот Бајден го најави уште поголемото присуство на САД во Европа за реафирмација и развивање на силното транс-атлантско партнерство, ова го порачува премиерот Зоран Заев во својот Фејсбук статус по повод 4 јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, ден со кој, како што вели, се одбележуваат 245 години од усвојувањето на Декларацијата на независноста. – Како стратешки партнери, Северна Македонија е посебно горда што од 2020 година е сојузник со САД и во НАТО, најсилната воено-политичка алијанса…

Read More

Многу сум разочарана од однесувањето на Бугарија, нивниот егоизам или себичност е екстремно погрешен и неодговорен. Се надевам дека ќе успееме да ја убедиме што е влогот и да најдеме компромис и договор, затоа што не можеме заради национален интерес или заради добивање политички поени во национално опкружување да загрозуваме иднина на соседна земја, што се случува денеска, вели Тања Фајон европратеничка од Словенија и силен поборник за европерспективите на Западен Балкан. – Пред нас е важно време, не е изгубено се, не сакам да бидам песимистична, јас сум реалист, но мора да одиме напред, бидејќи едно нешто за мене…

Read More

Акциските контроли на Министерството за внатрешни работи (МВР) за безбедност во сообраќајот во текот на вчерашниот ден резултираа со дури 205 санкционирани мотоциклисти од кои 60 биле фатени без дозвола и 53 возачи кои управувале со автомобил под дејство на алкохол. – За возење под дејство на алкохол се санкционирани 53 возачи во акциската контрола на територијата на СВР Скопје што се спроведе синоќа во периодот од 22 до 4 часот, истакнуваат од МВР. Во контролите, пак, на територијата на цела држава за санкционирање на прекршоци што ги чинат мотоциклистите се санкционирани 205 лица. – Шеесет од нив возеле без…

Read More

Фудбалот не е за жени, ако играш фудбал си „машкоданка“, одбери некој „поженски“ спорт. Ако играш фудбал, не си женствена. Ти си жена и не можеш да носиш судиски одлуки. Ова се само дел од стереотипите со кои секојдневно се соочуваат девојките кои се решаваат да се занимаваат со овој спорт. Општеството, од друга страна, не помага нешто многу во сузбивањето на овој стереотип. Неадекватниот и нееднаков пристап до ресурси е очигледен, како и фактот дека има недоволно жени на раководните функции во одлучувањето за овој сектор, згора на тоа, изостанува и медиумска покриеност. На сите овие предизвици се изложени…

Read More

Трговија со луѓе е многу чувствителна и сериозна тема, за ранлива категорија граѓани, и укажува на потребата од континуирано работење за препознавање и за давање помош и поддршка, но во јавноста малку пласирана и на која малку се посветува внимание. Најважен е пристапот. Жртвата мора да почувствува дека е разбрана, дека не е само бројка, неопходно е да стекне доверба, да може да очекува помош, оти не е сама и оти ќе биде водена низ каналите до безбедност и заштита. Потребно е зајакнување на свеста за да бидеме подготвени да им помогнеме безрезервно на жртвите на трговија со луѓе (ЖТЛ)…

Read More

Американскиот национален празник – Денот на независноста денеска го одбележува споменот на 4 јули 1776 година, кога била усвоена Декларацијата за независност, односно била прогласена независноста на САД од Велика Британија. Со бројни манифестации низ голем број на градови низ САД и во Вашингтон, празникот ги слави историјата, политичката традиција и американскиот начин на живот. „Гласот на Америка“ јави дека постои очигледна разлика во начинот на славење на празникот во споредба со претходната година. Минатата година многу Американци не го прославија празникот поради епидемијата на коронавирусот. Се проценува дека околу 47 милиони Американци за време на празникот ќе патуваат со…

Read More