Author: Sashko
Пожар на улица „Орце Николов“ во скопската населба Карпош 2, потврдија за Нова ТВ од Противпожарната бригада на Град Скопје. Според очевидци, запалено е возило во гаражните простории на зграда во непосредна близина на МИДА. На лице место интервенираат три противпожарни возила во обид да спречат ширење на пожарот.
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска го посети Музејскиот меморијален центар Дражен Петровиќ, еден од најдобрите југословенски и хрватски кошаркари на сите времиња, македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, а оствари средба и со поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ. При посетата на „Света Злата Мегленска“, Пендаровски од надлежниот парохиски свештеник, отец Кирко Велински беше запознаен со напорите за доизградба на објектот на црквата, која е прва македонска православна црква што се гради во Хрватска. На средбата со Месиќ беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за перспективите за интеграцијата…
Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали за основно и средно образование е повлечен од Владата за да биде ставен на јавна дебата со граѓани и групи заинтересирани да учествуваат со сугестии во конечното креирање на законското решение. – Предлог-законот ќе биде повторно достапен за јавна дискусија и за вклучување на оние поединци, групи и здруженија на граѓани кои не успеаја досега да се произнесат и да дадат свој предлог или сугестија за усвојување на најдобрата верзија во интерес на поквалитетен воспитно-образовен процес, по што конечниот текст на законот, кој ќе се креира по целосно исцрпување на придобивките…
Орце Камчев бил префрлен на Клиниката за кардиологија, пишува Фокус. Според информации на порталот, познатиот скопски бизнисмен се пожалил на болки во гради и гушење, па итно бил префрлен на клиниката. Директорот на скопскиот затвор Шутка, Филип Андонов ја потврди веста за здравствените проблеми на бизнисменот кој ќе остане хоспитализиран во наредните денови за натамошни испитувања и до стабилизирање на состојбата.
Министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва ги коментираше последните случувања околу содржината на португалскиот предлог за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија и додаде дека неговата државна секретарка згрешила, јави дописничката на МИА од Брисел. Аугусто Сантош Силва, министерот за надворешни работи на Португалија, за кого ова беше последен ден претседавањето со ЕУ, на прашање на МИА да ги разјасни дилемите што се појавија во јавноста околу деталите од португалскиот предлог порача дека тој содржи „македонски јазик“ и дека изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, во која таа користи „северномакедонски јазик“ е грешка. – Не…
Членовите на украинската Влада ја одржаа денешната седница облечени во дресови на фудбалската репрезентација за да го прослават пласманот на националниот тим во четвртфиналето на ЕП 2020. Украина синоќа во драматичен натпревар по две продолженија ја совлада Шведска со 2:1 и за прв пат во својата фудбалска историја обезбеди пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на Европските првенства. Победоносниот гол што на Украија ѝ донесе четвртфинална пресметка против Англија, закажана за в сабота во Рим, го постигна Артем Довбјук во 121 минута. Украинскиот премиер Денис Шмигал претседаваше со владината седница облечен со репрезентативниот дрес со бројот седум, што го носи капитенот…
Со протест под мотото „Стоп за бетонизацијата на Расадник и Кисела Вода“ жителите на скопската населба Расадник побараа да престане бетонизацијата на населбата и да се почитуваат уставните норми и закони за здрава животна средина. – Бараме нов ДУП кој ќе биде донесен на меѓународен конкурс, а граѓаните да избираат меѓу трите најдобри решенија на референдум. Бараме ДУП кој ќе овозможи цивилизиран и културен развој и живот за идните генерации. Бараме парк, зеленило, спортски и забавни содржини, велосипедски патеки, градинки и училишта и се друго што ќе придонесе за унапредување на животот во Кисела Вода“, велат од Иницијативата „За Расадник…
Еевропските перспективи, како и актуелните случувања во земјава беа тема на денешната средба во Брисел на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот на партијата Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски со комесарот за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји. – Државата уште во 2009 година ги исполни сите критериуми за старт на преговорите, но спорот со Бугарија за кој Заев не убедуваше дека ги затворил сите отворени прашања, преставува непремостлива пречка. Она што дополнително загрижува е отсуството на план на Владата за излез од не само економската, туку политичка криза наметната поради застојот на интеграциите, истакнал Мицкоски…
Во Бугарија е усвоен нацрт-национален план за воведување на еврото од 1 јануари во 2024 година, соопштија денеска Бугарската национална банка и Министерството за финансии на Бугарија. Воведувањето на еврото е планирано без преоден рок. Конверзијата ќе се изврши со примена на фиксниот курс меѓу еврото и левот. И по воведувањето на еврото во рок од еден месец, левот и еврото ќе бидат законско средство за плаќање, јави БТА. Националниот план за воведување на еврото во Бугарија е стратешкиот документ врз основа на кој ќе се спроведува оперативната работа за замена на левот со еврото. Планот го изработи Координативниот совет…
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери поради, како што се наведува во нивното соопштение, „свесно кршење на Уставот и законите“. Од опозициската партија апелираат до надлежните власти и институции да реагираат и да го осудат ваквиот чекор. ВМРО-ДПМНЕ го најави ова по два дена, откако претседателот на Собранието Џафери се обрати на албански јазик пред Комитетот за надворешна политика на ЕП. Интерпелација за Џафери денеска најави Левица, а поддршка доби и од ВМРО-ДПМНЕ.
Хашкиот суд денеска изрече по 12-годишни затворски казни за поранешните челници на Службата за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ-Френки за злосторства на „Црвените беретки“ против несрпското население во Босански Шамац во пролетта во 1992 година. Судот утврди дека Станишиќ (71), тогашен началник на СДБ Србија и Симатовиќ (71), првиот оперативец на Службата, биле виновни за помагање и поддржување прогон, убиство, депортација и присилно преместување муслимани и Хрвати од таа општина. Според судијата Бартон Хол, Судскиот совет утврдил дека Обвинителството не ја докажало вината на Станишиќ и Симатовиќ за злосторства во уште пет општини во БиХ, како…
Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. (46), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР информираат дека на 26 јуни оваа година, пријавениот на Граничен премин „Меѓународен аеродром“ Скопје, приложил фалсификуван негативен ПЦР тест како вистински.