Орце Камчев бил префрлен на Клиниката за кардиологија, пишува Фокус. Според информации на порталот, познатиот скопски бизнисмен се пожалил на болки во гради и гушење, па итно бил префрлен на клиниката.

Директорот на скопскиот затвор Шутка, Филип Андонов ја потврди веста за здравствените проблеми на бизнисменот кој ќе остане хоспитализиран во наредните денови за натамошни испитувања и до стабилизирање на состојбата.