Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. На периоди ќе дува и слаб до умерен ветар од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, а УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната од 30 до 41 степен. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло. Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната до 39 степени.
Европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања. Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот профил на Фејсбук. – Европските лидери мора сериозно да земат предвид дека бескрајните и повторувачки разочарувања неминовно ја отвораат вратата и ги охрабруваат евроскептиците. Токму затоа ЕУ мора да изнајде формула како да го одржи зборот и да го продолжи проширувањето на Западен Балкан, стои на твитот. Покажавме, посочува…
Торнадо вчера ја погоди југоисточна Чешка, при што има жртви и голема материјална штета, јави агенцијата ДПА. Според првичните податоци на противпожарната служба, повредени се речиси 150 луѓе. – Можам да потврдам дека има жртви, но засега не знаеме точна бројка, изјави Гедвига Кропачкова, портпарол на Обединетата спасувачка служба на Чешка. https://www.youtube.com/watch?v=cKuKYyP3vmo Спасувачките екипи објавија дека вкупно седум населени места во регионот во близина на границата со Австрија, беа погодени од торнадото. – Сите расположливи спасувачки екипи се испратени да се справат со последиците од торнадото, изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамачек.
Најголемата грчка опозициска партија Сириза ја повика Владата на премиерот Кирјакос Мицотакис во најкус можен рок да ги ратификува трите меморандуми што се потпишани со Северна Македонија, како дел од Договорот од Преспа, по најавите дека Атина размислува за понатамошно одложување на процесот, пишува денеска „Еурактив“. „Еурактив“ наведува дека твитот на премиерот Зоран Заев оти националниот фудбалски тим е составен од „македонски играчи, албански играчи, Бошњаци, итн., тие се Македонци и ја претставуваат Република Северна Македонија“, предизвика силна реакција од грчката владејачката Нова демократија, која излезе во јавноста со најава дека привремено ќе го замрзне ратификувањето на трите меморандуми. Меморандумите,…
Дијалогот со Русија е неопходен за стабилноста на Европа, но тој мора да биде „напорен“ за да не „отстапиме од нашите вредности“, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон. – Станува збор за тежок дијалог затоа што не отстапуваме од нашите вредности, ниту од нашите интереси, рече Макрон по пристигнување на Самитот на Европската унија во Брисел. Лидерите на Европската Унија (ЕУ) вечерва на Самитот ќе разговараат за односите со Русија и за форматот на дијалогот што треба да се води со рускиот претседател Владимир Путин. Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека ЕУ треба да воспостави „директен контакт“ со Русија…
Во последните 24 часа од направени 2.302 тестирања за ковид-19, при што се регистрирани десет нови случаи во Македонија, три пациенти починаа, а 17 оздравеа, информираат од Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје. По два нови случаја на коронавирусот се регистрирани во Скопје и Куманово, а по еден во Тетово, во Велес, во Кавадарци, во Охрид, во Свети Николе и во Крива Паланка. Регистрирани се 17 оздравени пациенти и тоа од Скопје – пет, од Куманово – четворица, од Прилеп – три, од Тетово – двајца и од Струмица, Кичево и Радовиш по еден. Регистрирани се…
Советот на Европската Унија (ЕУ) денеска донесе одлука за воведување на економски санкции против Белорусија, што ќе влијаат врз нафтениот сектор, како и на производството на калиум хлорид, пренесуваат агенциите. – Советот на ЕУ денеска воведе нови рестриктивни мерки против белорускиот режим како одговор на сериозните повреди на човековите права, се наведува во соопштението. Новите санкции се насочени на трговијата со белоруски нафтени производи, калиум, како и опрема, технологија и софтверски програми. Се потенцира дека на овој начин со санкции на ЕУ ќе бидат опфатени 166 физички и 15 правни лица во Белорусија.
Кога се претставува државата, а фудбалската репрзентација ја претставува државата, тогаш се употребува „на Северна Македонија“, додека македонско, македонска, Македонец, сите делови на придавката, нашиот идентитет, македонскиот јазик се употребуваат во сите други форми на дискусија, општење и соопштување на нашите ставови, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. На прашање од пратеничката Ане Лашкоска, од ВМРО-ДПМНЕ, за извинувањето дека направил грешка што напишал „македонска фудбалска репрезентација“, Заев посочи дека е коректно и политички, човек да се корегира кога нешто е спротивно на Преспанскиот договор. – Јас сум ги потпишал тој Договорот, сум го преговарал тој…
Се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник започнуваме повторно со подготовка на издавање на сите документи што ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. На прашање од пратеничката Ане Лашкоска, од ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе има пасоши и регистарски таблички, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, посочи дека во ниту еден момент досега нема застој во издавањето на патни исправи, лични карти, возачки дозволи или било каков друг документ во државата. Како…
Еден пожарникар е полесно повреден при гаснење пожар во Тетово во текот на вчерашниот ден, а противпожарната единица морала да интервенира на десетина места во периодот од 8 часот до 3 часот утрово. – Вчера имавме пожар кај Спортскиот центар во Тетово, при што беше повреден пожарникар. Освен таму на отворено имавме пожари во атари на селата Брвеница и Жеровјане, на дива депонија, во куќа и во плевна во Челопек и на возило на автопатот Тетово – Скопје. Причини се високите температури и несериозноста на граѓаните кои палат на отворен простор, информира Ука Алити, командант на тетовската пожарна. Во СВР…
Поддршка од Русија, поделеност во Европската Унија (ЕУ), е расположението меѓу двете страни за евентуален дијалог меѓу Брисел и Москва. Руската страна ги поддржува сите иницијативи што можат да го поттикнат дијалогот меѓу Брисел и Москва, откако такви предлози пристигнаа од лидерите на Европската унија. – Позитивно оценуваме такви иницијативи. Рускиот претседател Владимир Путин го поддржува создавањето на механизам за дијалог и контакти меѓу Брисел и Москва, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ЕУ треба да побара директен дијалог со Русија, а бројни медиуми денеска објавија дека ЕУ може да разгледа формат…
Државната енергетска компанија АД ЕСМ понуди најниска цена од 36,1 евро за мегават час на тендерот за набавка на електрична енергија за следните шест месеци што го распиша Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. – На денешната аукција за набавка на количини на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците, ЕВН Хоум како Универзален снабдувач на електрична енергија доби најповолна понуда од АД ЕСМ со цена од 36,1 евро за мегават час, информираат од ЕВН Македонија. На тендерот, додаваат, учествуваа две компании – АД ЕСМ и ЕФТ. Според Законот за енергетика, ЕСМ оваа година треба да обезбеди 70 отсто од потребните…