Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Нови три случаи на ковид-19, оздравени 15 пациенти и двајца починати, е ковид билансот за последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Согласно податоците од Институтот за Јавно Здравје (ИЈЗ), направени се 1.601 тестирање. Од новите случаи, сите три се во Скопје, додека од 15-те оздравени пациенти, шест се од Скопје, од Прилеп, од Битола и од Кичево по двајца и од Тетово, од Неготино и од Виница по еден. Според МЗ, починале пациент од Скопје (76 год.) и од Куманово (75 год.), двајцата во болнички услови. Направени се 1.601 тестови преку ИЈЗ – 30, преку ЦЈЗ Скопје -…
Ситуацијата кај нас е прилично стабилна на што упатува малиот број на новодијагностицирани случаи, малиот број на пациенти кои се јавуваат во болница за прием. Тоа е нешто што го комуницираме на дневна основа, изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска по одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството во организација на Црвениот крст на РСМ и Институтот за трансфузиона медицина. Филипче најави дека во оваа ситуација, во овој следен период што е пред нас, како што рече, не планираат никакви рестрикции, ниту дополнителни мерки поради тоа што не гледаат некаков ризик. – Но, морам да потенцирам дека будно ја следиме…
Нови 100 милиони евра добри земјава од Европската инвестициска банка (ЕИБ) наменети за поддршка на петпријатијата со договор што беше потпишан денеска. – Денеска потпишавме исклучително важни договори со ЕИБ со кои се обезбедуваат 100 милиони евра поволни средства за малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија или една значајна ликвидна поддршка за заздравување од ковид-пандмеијата. За нашата економија овие средства значат нови вработувања, нови инвестиции, а со тоа и придвижување на економската активност, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими по потпишување на договорот. Тој оцени дека ова е доказ за две важни партнерства, прво со ЕУ, а потоа…
По средбата претпладнево со амбасадорката на Португалија во земјава, Марија Виржиња Пиња, премиерот Зоран Заев отпатува за Амстердам на покана на неговиот холандски колега, Марк Руте. Двајцата премиери, покрај планираната средба, попладнево (18 ч.) ќе бидат и на „Јохан Кројф арена“ и заедно ќе го проследат натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Холандија и Македонија во рамки на последното коло од групната фаза (Ц група) на Европското првенство.
Минатата година во земјава се регистрирани 685 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според видот на објектот, бесправно се изградени 98 објекти за домување (14,3 проценти), 114 доградби, надградби и адаптации (16,6 отсто), 66 деловни објекти (9,6 проценти), 52 гаражи (7,6 отсто), 117 огради (17,1 проценти), 4 скалила (0,6 отсто), 14 тераси (2 проценти), 11 летни тераси (1,6 отсто), 85 настрешници (12,4 проценти), 39 времени објекти (5,7 отсто) и 85 помошни објекти (12,4 проценти). Најголем број бесправно изградени објекти или 99 проценти се во приватна сопственост.
Сите сме мошне посветени за заедничко изнаоѓање на решенија што ќе доведат до отворање на пристапните преговори на Северна Македонија што е можно побрзо, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, во одговор на новинарско прашање дали португалскиот предлог за деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес ќе се разгледува и за време на словенечкото претседателство со ЕУ. -Ги цениме напорите да се решат нерешените прашања меѓу Северна Македонија и Република Бугарија. Тоа е навистина важно. Тука можам да го повторам она што го кажува раководството на ЕУ, се надеваме дека преговорите ќе се отворат што е можно побрзо, истакна евроамбасадорот Гир. На прашање…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,5 отсто. Од вечерва на полноќ, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 0,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,772 денари и сега ќе изнесува 36,009 денари за кикограм. Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин Еуросупер БС-95 (69,50 денари/литар) Моторен бензин Еуросупер БС-98…
Владата утре на седница ќе ги разгледува двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното намалување на ДДВ на електричната енергија и за воведување на еколошка такса на горивата. Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека Владата се надева оти предложените мерки ќе важат од 1 јули и дека дотогаш ќе успеат да се изгласаат во Собранието. -Владата утре треба да ги разгледа и да одлучи во однос на двете мерки. Имаме предлог за законот за ДДВ за намалување во транзиторен период, односно да се помогне на домаќинствата кога се прави либерализација на пазарот на електрична енергија. Домаќинствата ќе добијат…
Пратениците во шведскиот парламент му изгласаа недоверба на премиерот Стефан Левен, откако опозиционите партии се спротивставија на неговиот предлог закон за одредување на висината за станарина. На историското гласање за недоверба се изјасниле 181 пратеник, со што Левен стана првиот премиер на Шведска кој ја загуби довербата во парламентот. Гласањето се реализира по иницијатива на шведските демократи, а за изгласување на недоверба беше потребна поддршка на 175 пратеници од 349 члениот парламент. Левен им понуди на партиите да се договорат за новото одредување на кириите за станови и така да ја решат најголемата политичка криза во поновата историја на Шведска. -…
Пишува: Сашко Ѓ. Димовски Македонија попладнево (18 ч.) го има последниот настап на Европското првенство во фудбал. Но, мечот против фаворизираната Холандија на „Јохан Кројф арена“ е многу повеќе од обичен натпревар. Срцата на фудбалерите, особено капитенското и селекторското, а со нивните и на навивачите, секако, ќе еруптираат како вулкан од емоции. Горан Пандев, кој на 27 јули ќе го прослави својот 38 роденден, за последен пат ќе истрча на терен во националниот дрес, Игор Ангеловски, пак, за последен пат ќе биде на клупата, со оглед дека со денешниот меч му завршува и неговиот договор со Фудбалската федерација на Македонија…
Силна поддршка од Португалија и од португалското претседателство за европерспективите на Северна Македонија, била изразена на средбата на премиерот Зоран Заев со португалската амбасадорка во земјава Марија Виржиња Пина. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, било истакнато дека Португалија, како држава што гради мостови, посебно ги почитува политиките на премиерот Заев и на Владата на создавање решенија, наместо проблеми. – Тоа, како што е констатирано, е случај со развојот на добрососедските односи со Грција и Бугарија, но и со сработеното во реформските процеси на домашен план, поради што, Португалија, како земја којашто претседава со Советот на ЕУ, цени дека…
Руската амбасада во Америка соопшти дека нејзиниот амбасадор Анатолиј Антонов се вратил во Вашингтон, откако беше повлечен на консултации во Москва пред три месеци. Во твитот на Руската амбасада се наведува дека „во недела на 20 јуни, Анатолиј Антонов се врати во Вашингтон и ја презеде должноста“. Антонов пристигнал во Вашингтон во 18 часот по локално време, а неколку часа пред пристигнувањето во главниот град, се сретнал со руски дипломати на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк. Договорот за враќање на дипломатите е постигнат на минатонеделната средба на американскиот и рускиот претседател Бајден и Путин во Женева