Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Јохан Кројф“ арена денеска ќе еруптира од емоции: Пандев во последен настап за Македонија

0
By Sashko on June 21, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 21, 2021 13:28

Пишува: Сашко Ѓ. Димовски

Македонија попладнево (18 ч.) го има последниот настап на Европското првенство во фудбал. Но, мечот против фаворизираната Холандија на „Јохан Кројф арена“ е многу повеќе од обичен натпревар. Срцата на фудбалерите, особено капитенското и селекторското, а со нивните и на навивачите, секако, ќе еруптираат како вулкан од емоции. Горан Пандев, кој на 27 јули ќе го прослави својот 38 роденден, за последен пат ќе истрча на терен во националниот дрес, Игор Ангеловски, пак, за последен пат ќе биде на клупата, со оглед дека со денешниот меч му завршува и неговиот договор со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Пандев за својата одлука, најпрво ги запознал соиграчите на официјалниот тренинг, пред и да ја сподели со јавноста преку прес-конференција за дуелот со „лалињата“. Капитенот е величина во македонскиот фудбал, а на големите и значајни спортски имиња за една земја им доликува и повлекување на настан што е достоен за почит и респект. А таков, несомнено, е континенталниот шампионат. Во националниот дрес дебитира во 2001 година и оттогаш, според официјалната статистика, одигра 121 меч во кои постигна 38 гола.

Популарниот Гоче или Гранде Пандев, како што милуваат да го нарекуваат капитенот, нема за што да жали во кариерата и заминува од националниот тим со полна душа. Со Интер, под водство на Мурињо, освои Скудето (сезона 2009/10), го освои трофејот на Светското клупско првенство (2010 година), италијанскиот Суперкуп (2010 година), има пет титули во Купот на Италија (по две со Интер и со Наполи и една со Лацио), две сезони беше најдобар стрелец во италијанскиот Куп (2008/09 и 20016/17), а, конечно, се исполни и неговата желба да заигра на ЕП или СП со македонската репрезентација за која го постигна и првиот гол на големите турнири. Меѓутоа го постигна и одлучувачкиот против Грузија во финалето од плеј-офот во дивизија Д во Лигата на нации што значеше учество на 16-то ЕП во фудбал.

Кога Игор Ангеловски седна во авион на пат кон Џенова во 2015 година, знаеше дека оди на Апенините на важен разговор. Погодувате со кого? – Со Пандев, секако, да го омекне во ставот за враќање во репрезентативниот тим. Но, не можеше да е сигурен дека ќе биде и првиот менаџер во фудбалската историја на земјата кој, по 30 години од независноста поо распадот на Југославија, ќе успее да ја предводи репрезентацијата до едно ЕП. Македонија беше првиот тим што ги загуби шансите за место во нокаут фазата по поразите од Австрија и од Украина, но уживањето да се биде меѓу најголемите, најсилните селекции на големата сцена, едноставно нема цена.

– Пандев е како крал за нас за сето направено во кариерата. Не можам да опишам со зборови за каков човек се работи. Секогаш е подготвен да помогне секому и од него сме виделе работи што и доликуваат на легенда. Мислам дека никој не е како него во Македонија и како играч и приватно, вели централниот дефанзивец Кире Ристевски, член на кипарски АЕЛ од Лимасол.

Пандев од пред некоја година има и свој фудбалски клуб (Академија Пандев) во неговиот роден град Струмица. Екипата во 2017 година се стекна со статус на прволигаш и, концепциски, претставува еден од најдобро осмислените проекти во младинскиот фудбал со амбиција за континуирано производство на млади играчи. Клубот, без сомнение, ќе остане во фокусот на Пандев, тој можеби да остане во Италија, да добие функција во Џенова каде би останал по завршување на играчката кариера или во некоја друга средина во Серија А.

„Ил капитано“ што би рекле Италијанците направи многу за Македонија, беше македонски амбасадор насекаде низ Европа и светот и ја задолжи и земјата и фудбалот во неа. Гоче, ти благодариме за сè што стори во „црвено-жолтиот“ дрес.

Горан Пандев ЕП Игор Ангеловски Македонија репрезентација спорт фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.