Author: Sashko

Проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ влегува во завршна фаза, напиша градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски на неговиот Фејсбук профил. Фото: facebook.com/ilija.jovanoski – Осветлени пешачки патеки, видиковци, игралишта за кошарка, одбојка и пинг-понг, можности за организација на културни настани, се дел од содржините во кои ќе можат да уживаат граѓаните на општина Прилеп. Со финансиска поддршка од Европската Унија, до крајот на овој месец, Прилеп ќе добие нов, современ спортско-рекреативен комплекс, кој ќе биде нова гордост на прилепчани, наведе Јованоски.

Read More

Невремето што го зафати Скопје резултира со испад во високонапонската мрежа. Поради тоа, корисниците на дел од центарот на градот останаа без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија. Од компанијата нагласуваат дека екипи на Електродистрибуција се излезени на терен со цел брзо да интервенираат, а корисниците се префрлуваат на алтернативни напојни точки.

Read More

Економскиот и инвестициски план на Европската Унија (ЕУ) за Западен Балкан го поддржува долгорочното економско закрепнување на регионот, истовремено поттикнувајќи регионална интеграција. Имплементацијата на Планот ќе ја стимулира економската активност, ќе ги зголеми инвестициите и во јавниот и во приватниот сектор, ќе ги зајакне конкурентноста и иновациите, особено на малите и средни компании, истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана. На Самитот, со кој претседава премиерот на Албанија, Еди Рама и на кој учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и премиерите на Косово…

Read More

На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера, се вакцинирани вкупно 252.537 граѓани против ковид-19. Вчера се вакцинирале 9.631 од кои прва доза примиле 1.391 лице. Досега се аплицирани вкупно 420.821 дози на вакцини, а ревакцинирани се 168.284 граѓани. – Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk изразиле 446.195 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Со последните бројки, 48 отсто од населението над 70 години, 42 отсто од лицата над 65 години и 35 отсто над 60 години имаат примено барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува…

Read More

Вработен во македонската амбасада во Москва е прогласен за персона нон грата во Русија, како реципрочен одговор на руските власти за неодамнешното протерување на нивни дипломат од земјава, информира Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува агенцијата „РИА новости“. – Вршителот на должност амбасадор на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата, се наведува во соопштението на МНР на Русија. Одлуката на руските власти е образложена како…

Read More

Европската Унија (ЕУ) силно ги поддржува активностите за отстранување на дивоградбите во Охридскиот регион. Амбасадорот на ЕУ во земјата, Дејвид Гир на својот Твитер-профил напиша дека нема место за дивоградбите на крајбрежјето на Охридското Езеро и дека истите треба да се отстранат. – Уникатното природно и културно богатство што го поседува регионот – признаено од УНЕСКО – мора да биде заштитено. Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние, исто така, инвестираме во работни места и во унапредувањето на услужните дејности сега и во иднина, стои, меѓудругото, во пораката на Гир. Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески јавно се заблагодари на поддршката…

Read More

Во рамки на засилените полициски активности за борба против недозволената трговија со наркотична дрога, во заедничка акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп на 10.06.2021 околу 1 часот е запленета е дрога во вредност од околу 200.000 евра, чија крајна дестинација била Грција, а приведено е едно лице, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски. – Од страна на сообраќајна патрола од ОВР Прилеп околу 1 часот на регионалниот пат Прилеп-Градско, во близина на бензинска станица, било…

Read More

Булеварот „Маршал Тито“ што претставува влез и излез на Тетово кон Скопје наликува на тркачка патека на која речиси сите ја надминуваат дозволената брзина за движење. Ова е генералниот впечаток од следењето на екипата на сообраќајната полиција која вчеравечер контролираше дали и колку се почитува дозволената брзина со помош на ноќен радар. Половина час ја следевме работата на полиција, па дури и без ноќен радар, само да се набљудуваат и да се слуша бучавата која ја прават автомобилите, е доволно да се утврди дека брзо се вози иако станува збор за градско подрачје. Ноќниот радар беше поставен на булеварот веднаш…

Read More

Десет НАТО сојузници меѓу кои и Северна Македонија стартуваат нова ера во обуката на воени пилоти. Воспоставуваме мрежа на европски тренинг центри за пилоти на борбени авиони, на хеликоптери и на дронови, информираше денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Министерката на својот фејсбук профил напиша дека нашиот центар во Скопје ќе врши основна и напредна обука на пилоти на хеликоптер. Како што посочи, министрите за одбрана на НАТО земјите во овој проект на Северна Македонија, Белгија, Турција, Црна Гора, Грција, Чешка, Унгарија, Италија, Романија и Шпанија имаа симултано потпишување на Меморандумот за разбирање.

Read More

Министерката за образование и наука Мила Царовска со видеообраќање се заблагодари на наставниците, на учениците и на родителите за успешно завршената учебна година во вонредни услови поради пандемијата. – Учебната 2020/2021 претставуваше предизвик на кој заеднички успеавме да одговориме. Учениците добија квалитетна настава и непрекинат воспитно-образовен процес, а нивното здравје, безбедност и благосостојба беа заштитени, што за сите нас претставуваше најголема грижа. Сето ова немаше да биде возможно без несебична поддршка и помош од наставниците и родителите. Цврсто верувам дека со здружени сили сè може да се постигне полесно. Благодарение на вашиот заеднички придонес во овој процес, ова уште еднаш…

Read More

Прифаќањето на договорот на Рамбуе на тогашното југословенско раководство, најверојатно, би довело до неспроведување на операцијата на Северно-атлантската организација (НАТО), изјави пензионираниот генерал Весли Кларк, поранешен командант на европските сили на НАТО, за „Глас на Америка“. На интервенцијата на Алијансата, што почна на 24 март во 1999 година, ѝ претходеа судири меѓу тогашните воени сили на СРЈ и Ослободителната војска на Косово (ОВК) во текот на 1998-1999 година. Одлуката за интервенција, без согласност на ОН беше донесена по неуспешните преговори меѓу делегациите на Косово и СРЈ во Рамбуе и Париз во февруари и во март во 1999 година. – Мислам…

Read More

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска ќе оствари еднодневна работна посета на Албанија. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан, со кој ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство на ЕУ, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и премиерите на Косово – Албин Курти, на Србија – Ана Брнабиќ и на Босна и Херцеговина – Зоран Тегелтија. Заев и Рама на маргините на Самитот ќе го потпишат Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Албанија и…

Read More