Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Тирана: Инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан е за долгорочно закрепнување

0
By Sashko on June 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 10, 2021 14:05

Економскиот и инвестициски план на Европската Унија (ЕУ) за Западен Балкан го поддржува долгорочното економско закрепнување на регионот, истовремено поттикнувајќи регионална интеграција. Имплементацијата на Планот ќе ја стимулира економската активност, ќе ги зголеми инвестициите и во јавниот и во приватниот сектор, ќе ги зајакне конкурентноста и иновациите, особено на малите и средни компании, истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана.

На Самитот, со кој претседава премиерот на Албанија, Еди Рама и на кој учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и премиерите на Косово – Албин Курти, на Србија – Ана Брнабиќ и на Босна и Херцеговина – Зоран Тегелтија, премиерот Заев рече дека Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан има силен потенцијал за поддршка на главните патни и железнички врски во регионот.

– Нашата волја е поттикнување на развојот на капацитетите со обновлива енергија и премин од јаглен кон обновливи енергенси, зголемување на енергетската ефикасност, намалување на емисиите на стакленички гасови и подобрување на инфраструктурата за управување со отпадни води. За време на овие предизвикувачки периоди, сите земји од регионот работат заедно во воспоставувањето на Заедничкиот регионален пазар, посочи Заев.

Тој додаде дека тоа е успешен модел за мотивација на регионот да започне нови регионални иницијативи насочени кон приближување на Западен Балкан до внатрешниот пазар на ЕУ. Нагласи дека дигитализацијата има централна улога во модернизацијата на економиите, понатамошната интеграција на дигиталната економија на Западен Балкан кон единствениот дигитален пазар на ЕУ, правејќи го регионот попривлечна инвестициска област.

– Тесното усогласување на регулативите на Западен Балкан со основните принципи кои го регулираат внатрешниот пазар на ЕУ, заснован на пристапот на четирите слободи преку договорите за меѓусебно признавање, ќе ги развие можностите за вработување, бидејќи либерализацијата на трговијата, протокот на капитал и мобилноста ќе доведат до проширување на пазарот. Економскиот и инвестицискиот план ќе ја зголеми привлечноста на регионот за странските инвеститори и ќе овозможи поголем прилив на инвестиции, подвлече Заев.

Тој додаде дека заедно со регионалното усогласување на политиките за инвестиции и подобро координираната промоција за инвестициските можности, се создава значителен потенцијал за економиите од Западен Балкан да ја зголемат својата привлечност за странски директни инвестиции.

– Со имплементација на Заедничкиот регионален пазар создаваме подобри работни места, одличен избор по пониски цени за патување, студирање, работа и деловно работење во регионот полесно без бариери. Со интегриран пазар донесуваме дополнителен раст на БДП во регионот затоа што заедно сме посилни, што го прави Западен Балкан попривлечен, поконкурентен и поблизу до пазарите на ЕУ, заклучи премиерот Заев.

На Самитот се дискутираше за конкретните чекори кои постојаната соработка на земјите од Западен Балкан ќе ги донесе до завршница преку спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар, како што се патување во регионот со лични карти, олеснување на трговијата со прехранбени производи и индустриски добра преку договори за заемно признавање, зголемување на можностите за професионалци за работа и студенти за студирање низ целиот регион, пониски трошоци за регионални плаќања, развој на регионален дигитален пазар и гранични премини со заеднички контроли и проширување на иницијативата за зелени ленти за намалување на времето на чекање на границите.

Западен Балкан Зоран Заев инвестиции Македонија Самит Тирана Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.