Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Поддршка за членството на С. Македонија и Албанија во ЕУ изрази денеска германскиот државен министер за европски прашања, Михаел Рот по средбата во Атина со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина. – Двајцата го поддржуваме патот на Албанија и Северна Македонија кон членство во ЕУ, што ќе ја направи Европската Унија и поголема и посилна, рече Рот по средбата со Варвициотис. Германскиот министер изрази поддршка и за дијалогот на Грција со Турција, но и истакна дека се потребни „конструктивни и взаемно корисни односи меѓу ЕУ и Турција“. Варвициотис и Рот, се задржаа и…
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска соопшти дека не успеала во преговорите со Данска, која одбива да им дозволи влез во земјата на руските навивачи да го следат натпреварот на нивниот национален тим против данската репрезентација во Копенхаген во рамки од групната фаза на претстојното ЕП во фудбал. Поради патните рестрикции и протоколите поврзани со ковид-19 што се на сила во нордиските земји, на странските државјани надвор од Европската унија не им е дозволен влез во Данска, а тоа се однесува и на руските навивачи, кои веќе имаат купено билети за натпреварот во Копенхаген. УЕФА се обиде да издејствува компромисно решение со данските…
На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера, се вакцинирани вкупно 239.283 граѓани. Бројот на лица кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 436.072 граѓани, информираат од Министерството за здравство. Прва доза вакцина во текот на вчерашниот ден примиле 1.995 граѓани, а вкупно се вакцинирале 15.155 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 346.931 дози на вакцини, а ревакцинирани се 107.648 граѓани. Со последните бројки, 47 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 процент од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. – Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план…
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во интервју за австрискиот весник „Кроне“ порача дека на „црвено-жолтите“ би им одговарала улогата на аутсајдер на претстојното ЕП 2020. – Претпочитам сите да гледаат на нас како аутсајдери за да го покажеме нашиот вистински фудбал. Ние ја обожуваме таа улога, изјави Пандев во интервјуто. Капитенот истакна дека фудбалерите ќе го дадат својот максимум за достојно да ја презентираат македонската држава на голема сцена. – Чувството да се подготвуваш со репрезентацијата за настап на Европското првенство е прекрасно. Ние живееме за нашата земја, сега имаме шанса да ја презентираме на големата сцена и…
Откако исчезна кон крајот на минатиот месец, вооружениот војник со прекар „белгискиот Рамбо“, кој му го дадоа медиумите, идентификуваше десет лица кои планира да ги убие, напишал тој во своите писма. Според локалните медиуми, 46-годишниот десетар Јирген Конингс и оставил писмени пораки на својата поранешна сопруга пред да исчезне, поврзани со план за следење на високи функционери во Белгија. Конингс составил список на потенцијални цели, меѓу кои е и еден од најистакнатите белгиски експерти за ковид-19, Марк Ван Ранст и министерката за одбрана Лудивајн Дедондер. Конингс е осомничен и за планирање напад врз џамија. Меѓу луѓето кои се под зголемена…
Русија регистрира лек за инхалација „лејтрагин“ кој е наменет за лекување и превенција при воспаление на белите дробови, предизвикано од коронавирусот, соопшти Федералната биомедицинска агенција на Русија (ФМБА). На сајтот на Агенцијата е прецизирано дека руското Министерство за здравство го регистрирал лекот „лејтрагин“ на 25 мај. Во август во 2020 година, „Роспатент“ на Научниот центар за биомедицинска технологија истовремено му издал три патенти согласно процесот за производство на лекот „лејтрагин“, кој може да спречи или да ги намали појавените компликации. Русија на 1 април, исто така, одобри употреба на имуноглобулински лек за третман на коронавирусот, направен од крвна плазма на…
Најмалку 540 луѓе се наоѓаат во карантин во главниот град на Норвешка, Осло, откако се појавило жариште на инфекција поради традиционалната прослава на матуранти кои се возат со автобуси и пијат. Јорун Тавлов, задолжена за следење на инфекциите во западниот дел на Осло, изјави за локалните медиуми дека повеќето од случаите од новиот кластер се поврзани со пет автобуси, а меѓу заразените се ученици од речиси сите средни училишта во тој дел од градот, каде живеат речиси 700.000 луѓе. Прославите кои на норвешки јазик се нарекуваат „руско славење“ е голем културен настан кој се организира низ скандинавските земји. Учесниците најчесто…
На Институтот „Торлак“ во Белград од петок (4 јуни) ќе почне производство на руската вакцина против ковид-19 – „Спутник V“, најави српскиот министер без ресор, Ненад Поповиќ. Со тоа, Србија ќе биде првата земја во Европа во која ќе се произведува „Спутник V“. Рускиот Национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на руската вакцина произведена во „Торлак“ и го одобри производствениот процес во „Торлак“, пренесува РТС.
Премиерот Зоран Заев, во одговор на вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека работи на ново парламентарно мнозинство и побара оставка на Владата и предвремени парламентарни избори, порача дека актуелното мнозинство во Собранието може само да се зголемува, а никако да се намалува и, како што рече, во тоа е уверен, пред сè, поради добрите политики што ги спроведува власта во сите сфери. Тој вели дека нема потреба да се оди на предвремени парламентарни избори и оти власта треба да истера еден цел мандат, да покаже што умее и граѓаните да го почуствуваат бенефитот. Заев најави дека за…
Поранешниот премиер на Киргистан, Омурбек Бабанов е уапсен и одреден му е двомесечен притвор под сомнение за корупција, изјави канцеларијата на окружниот суд во Бишкек. – Судот донесе одлука за притвор на Бабанов од два месеца, изјави претставник на судот. Како што претходно е соопштено од Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан, поранешниот премиер е осомничен за корупција при спроведувањето на проектот за развој на рудникот за злато Кумтор. Тој беше приведен од специјалните служби на 31 мај. Бабанов беше премиер во времето на поранешниот шеф на државата Алмазбек Атамбаев и главен против кандидат на поранешниот претседател Соронбај Женбеков…
Владата на денешната седница ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести, утврдени како предлози на 39-тата седница на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација за спречување на внесување и ширење на ковид-19. Како што соопштија од владината прес-служба, почнувајќи од денеска (1 јуни), се укинува носењето на заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори. Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат…
Фискална стратегија, како и Стратегијата за управување со јавниот долг на Република Северна Македонија за периодот 2022-2024, со изгледи до 2026 година, се усвоени на денешната седница на Владата. – Фискалната стратегија ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории на проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот. Фискалната стратегија e одраз на среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Клучните елементи на среднорочната фискална политика, појаснуваат, го претставуваат редизајнирањето на буџетската политика и фискална консолидација, кои се во…