Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев му реплицира на Мицкоски: Мнозинството во Собрание може само да расте

0
By Sashko on June 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 2, 2021 16:23

Премиерот Зоран Заев, во одговор на вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека работи на ново парламентарно мнозинство и побара оставка на Владата и предвремени парламентарни избори, порача дека актуелното мнозинство во Собранието може само да се зголемува, а никако да се намалува и, како што рече, во тоа е уверен, пред сè, поради добрите политики што ги спроведува власта во сите сфери. Тој вели дека нема потреба да се оди на предвремени парламентарни избори и оти власта треба да истера еден цел мандат, да покаже што умее и граѓаните да го почуствуваат бенефитот.

Заев најави дека за претстојните локални избори СДСМ ќе коалициира со партнерите со кои и сега е заедно, но, како што рече, дополнително ќе се одлучува дали тоа ќе биде за првиот или вториот круг од изборите.

 – Одговорно тврдам дека парламентарното мнозинство може да расте, а не да паѓа. Ќе се обидам на наједноставен начин тоа да го објаснам, а е врзано со политиките кои ги води власта предводена од СДСМ и опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е основата дали ќе има миграција на пратеници од лево кон десно или од десно кон лево. Нека ценат сите стручни експерти дали има реална основа да ја зголемиме бројката на поддршка на пратеници на сето ова што го зборуваме за проекти, европска интеграција, за подобрување на државата, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по увидот во изградбата на детска градинка во општина Аеродром.

Добрите политики, нагласи тој, се отсликуваат и во држење и на стабилното мултиетничко општество, јасните економски перспективи, економски мерки кои повлекуваат зголемување на просечната и минималната плата, како и подобар стандард на граѓаните воопшто.

– Тоа се политики на оваа Влада. Сето друго е ризикот кој треба да го прифатиме. Мојот прв опонент Христијан Мицкоски не употребува ниту „С“ од Северна, може да замислите што ќе биде во државата. И, зошто да одиме на парламентарни избори? – Зарем не е потребно да дадеме еден мандат од четири години конечно и власта да покаже што може и економските бенефити да ги почуствуваат граѓаните, истакна премиерот.

Сите овие политики кои ги спроведуваме години наназад, рече Заев, без разлика дали се работи за Договорот со Бугарија, Законот за употреба на јазиците, Договорот со Грција, членството во НАТО, итн., тоа се е заради поголем економски стандард и поквалитетен живот на граѓаните.

Тој не исклучува можност за коалицирање на СДСМ на локалните избори, но не прецизираше дали тоа би се случило во првиот или вториот круг.

– Локалните избори се поразлични од парламентарните и претседателските избори, но ние имавме коалиции и на овие избори зошто не би имале и на локалните. За претседателските избори во 2019 година направивме најголема коалиција. Тоа го направивме и на парламентарните избори. Верувам дека можеме, бидејќи во единството е силата. Ќе правиме коалиции, прашањето е дали ќе бидат и колку во обем уште во првиот круг и колку во вториот круг, нагласи премиерот Заев.

Локалните избори, посочи тој, се избори на личности на кои партиите имаат влијание, но не толку силно.

– На локалните избори самата личност за советник и градоначалник е важна и од нив ќе зависи дали ќе има коалиција или не. Ако ги прифатат нашите максимално добро избрани кандидати ќе не поддржат уште во прв круг или обратно ние нивните кандидати, нагласи премиерот Заев.

Зоран Заев избори Македонија мнозинство парламент СДСМ; ВМРО ДПМНЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.