Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
На граничниот премин „Табановце“ се чека околу 40 минути за влез во Македонија, а на граничниот премин „Богородица“ се чека околу 30 минути за излез. Како што информираат од Автомотосојузот на Македонија, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Владата на денешната 64-та седница, на предлог на Министерството за здравство (МЗ), ја измени Одлуката во врска со препораките кои се однесуваат на високите температури, па важноста на препораката за ослободување од работа на ранливите групи на граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, се продолжува до 27 јули. „Според добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во државава се очекуваат високи температури и во деновите по 24 јули, Владата донесе одлука за измена на заклучокот од претходната седница, којшто се однесуваше на ослободување на одредени категории на лица од работни обврски од 21 до…
Вкупната воена помош на Европската Унија (ЕУ) за Украина досега достигна 2,5 милијарди евра, вклучувајќи ја и последната транша од 500 милиони евра за помош на украинските воени сили, јави дописничката на МИА од Брисел. Помошта за украинските воени сили е преку Европскиот мировен фонд, кој е меѓувладин инструмент на ЕУ и не минува преку заеднички европски политики. Целта е да ѝ се пружа помош на украинската војска за одбрана од руската агресија и да им се помогне на цивилите. Новата транша од 500 милиони евра во рамките на Мировниот фонд на ЕУ и Киев беше усвоена денеска, со што…
Пожарот на подрачјето меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци сè уште е активен. Ветрот прави проблеми за ставање под целосна контрола на огнените јазици. Состојбата се менува од час во час, изјави Владо Клинчарски, директор на ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово, за МИА. Тој посочи дека пожарот во моментот го гаснат околу 100 пожарникари од Берово, но и од Виница, од Кочани, од Радовиш, од Струмица и од други градови, како и специјални тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, на Центарот за управување со кризи, полиција, гранична полиција и вработени во „Македонски шуми“. Клинчарски вели дека во…
Русија и Украина денеска потпишаа договор, со посредство на Обединетите нации (ОН) и Турција, кој треба да овозможи извоз на милиони тони жито од блокираните пристаништа на Црното Море. Со договорот треба да се избегне заканата од катастрофална глобална криза со храна. „Договорот ќе овозможи извоз на жито од Украина, а ОН ќе работат на обезбедување на неговиот успех. Денеска се појави светлина на надеж на Црното Море. Светло на олеснување за светот, потребно повеќе од кога било“, истакна Гутереш. Тој додаде дека договорот ќе ги стабилизира глобалните цени на храната. „Благодарам на Русија и на Украина што ги надминаа…
Во Делчево во тек e акција за гаснење на пожар во семеен дом на улица „Голачка“. Во моментот на терен се две возила со десетина пожарникари кои учествуваат во гаснење на пожарот. Пожарникарот Миле Тодоровски информираше дека дојавата е примена нешто по 16 часот и притоа е побарано од ЕВН да биде исклучен доводот на електрична енергија. Во моментот се гасне вториот кат од куќата, откако огнот на долниот дел од куќата е локализиран. Како што додаваат од ТППЕ Делчево, се прават напори пожарот да не се прошири на околните куќи во населбата Први реон во Делчево. Воедно од ТППЕ…
Европската комисија (EK) поднесе четири тужби против Велика Британија поради наводно непочитување на догововор за Брегзит, што влијае врз увозот на стоки во Северна Ирска. Од Комисијата соопштуваат дека биле приморани да дејствуваат, бидејќи Лондон од февруари не учествувал во „коректна дускусија“ по прашањето. Брисел, истовремено, е загрижен поради Нацрт-протоколот за Северна Ирска што се наоѓа пред парламентот. Владата во Лондон сака парламентот да изгласа закон со кој еднострано ќе бидат изменети одредени делови од Брегзит, а се однесуваат на Северна Ирска, на што се спротивставува ЕУ, истакнувајќи дека се работи за кршење на меѓународен договор. Случајот би можел да…
Патната инфраструктура во државата значително се подобрува. Се градат нови патишта, патарини има само на автопатиштата, а не и на експресните патишта, изјави денеска министерот за транспорт, Благој Бочварски при посетата на ГП „Табановце“. „До пред неколку години воопшто не се дискутираше дека кон Прилеп ќе се гради нов експресен пат. Денеска тој експресен пат се гради. Имавме крајно лоша конекција со многу црни точки меѓу Штип и Радовиш. Денес возиме по нов експресен пат. Штип – Кочани, исто така. Се работи на автопатот Скопје – Блаце и уште многу други реконструкции. Наскоро започнуваме со реконструкции на делниците Битола -…
Наша намера како држава е целосно да се интегрираме и да станеме членка на Европската Унија (ЕУ). Затоа ги следиме западните политики и заедно треба да го сносиме и лошото и доброто. Ќе ги следиме и сите препораки за плаќањето на рускиот природен гас, потврди денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. „Како Министерство за економија ќе ги следиме сите одлуки што се носат од страна на Европската комисија (ЕК) и секоја одлука што ќе ја донесат ќе ја донесеме и ние преку Министерството за надворешни работи, вклучително и во делот на енергенсите. Наш интерес е да ја зголемиме сигурноста во…
Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница едногласно ја прифати инциијативата за референдум и народно изјаснување во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација, изјави вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски пред централниот партиски штаб. Во перидот што следува, како што информира тој, партијата почнува процес на широка консултација со експертската и општествената јавност за природата, карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување чија крајна цел, како што кажа, е „народно спротивставување на идентитетско обезличување“. Сајкоски посочи дека најпрво ќе направат широка консултација со општестевните чинители, па потоа ќе го водат процесот. Седницата…
Еден армиски, еден полициски хеликоптер и ертрактор утре уште во раните утрински часови ќе интервенираат од воздух врз опожарената шума меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци, вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Доцна попладнево армискиот хеликоптер направил само извиднички лет кој всушност и дал координати и план како утре да се гасне пожарот од воздух. Ангелов вели дека се собираат и теренски возила кои можат да носат и поголеми количини на вода со цел да се делува истовремено и од земја. Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски побарал и од соседните општини да се вклучат…
Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) попладнево објави уште едно видео за случајот „Жан Митрев“. https://www.youtube.com/watch?v=ZdcoSi9cw0Y&t=581s Се работи за сведоштво на жена од Велес, чиј сопруг бил подложен на кардиолошка операција во клиниката. Истражувањето „Нечиста крв“ е базирано на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово.