Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса побегна од земјата, јавува АФП. Тој, наводно, со воен авион пребегал кај соседните Малдиви. Претседателот, неговaта сопруга и телохранителите беа меѓу патниците во авионот Антонов 32 кој полета од главниот меѓународен аеродром во Коломбо, изјавија официјални имиграциски службеници за АФП. Опозициските партии во Шри Ланка се состанаа пред два дена, со цел да се договорат за формирање на нова влада, ден по оставките на претседателот и премиерот на земјата. Демонстранти упаднаа во резиденциите на двајцата лидери и го запалија домот на премиерот во бес поради економската криза. Демонстрантите и натаму се наоѓаат во резиденцијата…
Земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтеровата скала го погоди регионот околу Велигденските острови во Тихиот Океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентрот на потресот, според ЕМСЦ, бил на длабочина од 33 километри. Велигденските острови се посебна територија на Чиле која се наоѓа во Тихиот Океан.
Во мирна атмосфера и без инциденти вечерва се одржа и деветтиот протест против модифицираниот француски предлог за деблокирање на процесот на преговори на Македонија со Европската унија под мотото „Ултиматум – Не, благодарам“. Демонстрантите и денеска тргнаа од пред Владата во 19 часот, но наместо покрај Министерството за правда, како што беше случај во изминатите неколку дена, ја сменија рутата и по пет дена повторно минаа крај плоштадот „Скендербег“ и Министерството за надворешни работи до крајната дестинација, пред Собранието. Учесниците на протестот, движејќи се низ улиците во централното градско подрачје, извикуваа пароли како „оставки“ и „никогаш Северна само Македонија“.…
Осум кандидати ќе бидат во трката за наследник на премиерот Борис Џонсон, кој беше принуден да се повлече по оставките на десетици членови на неговата администрација во знак на протест по серијата скандали. Риши Сунак, Лиз Трас, Том Тугендат, Кеми Баденох, Пени Мордоунт, Џереми Хант, Надим Захави и Суела Браверман ги обезбедија 20-те потписи од колеги пратеници колку што се потребни за учество во изборот. Во меѓувреме, министерката за надворешни работи Лиз Трас ја доби поддршката од истакнатите лојалисти Борис Џонсон, Џејкоб Рис-Мог, Надин Дорис и Џејмс Клеверли, што се смета за потег кој има за цел да го спречи…
Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) денеска претстави серија на фотографии што го откриваат потенцијалот на „Џејмс Веб“, досега најголемата и најмоќна вселенска опсерваторија која е пуштена во употреба. Се смета дека напредните технологии со кои е оспособен овој телескоп ќе го променат начинот на кој луѓето ја гледаат вселената. На настанот што започна претпладне во вселенскиот центар „Годард“ во Мериленд, а кој беше пренесуван во живо на Јутјуб каналот на НАСА, официјални лица и претставници на агенцијата споделија сцени снимени во првите недели од работата на „Веб“, лансиран во декември. Опсерваторијата, наместо околу Земјата како претходниот вселенски телескоп „Хабл“, кружи…
„Народот јасно кажува не, народот е јасно против ова што ѝ се прави на Македонија, на идентитетот на македонскиот народ. Задоволни сме од досегашните случувања, бидејќи и во ова време има будење кај народот и народот застанува да си го брани она што смета дека му е загрозено”, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот деветти протест против модифицираниот француски предлог за деблокада на македонските евроинтеграции и отпочнување на процесот на преговори за членство во Европската унија (ЕУ). Демонстрантите и денеска тргнаа од пред Владата во 19 часот, но наместо покрај Министерството за правда, како што беше случај во…
Стравовите за јазикот се неосновани со оваа формулација во рамката. Сега првпат имаме шанса да го затвориме тоа прашање. Граѓаните имаат право на протести, на критики и на политички активности, но целиот овој анти-наратив е заснован на неточни, погрешни толкувања на францускиот пакет, рече вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во гостувањето на ТВ Сител, Османи истакна дека нема никаква бугаризација, ниту наметнување, а нашите учебници не може никој да ги смени. Таквите шпекулации, оцени, се страшила што се користат за некој да добие политички поени и никако не се во интерес на граѓаните. Во оваа фаза, потенцира Османи,…
Нови 97 милиони евра неповратни средства издвојува Европската Унија (ЕУ) преку ИПАРД 3 програмата. Тоа претставува зголемување за 62 отсто, споредено со ИПАРД 2 кога земјава доби на располагање 60 милиони евра, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Вкупниот инвестициски циклус во македонското земјоделство само со ИПАРД 3 програмата изнесува високи 210 милиони евра. Покрај овие 97 милиони евра неповратни средства од ЕУ, тука влегува и кофинансирањето од МЗШВ во висина од дополнителни 31 милион евра, како и 82 милиони евра инвестициски средства од страна на домашните корисници на оваа програма“, се наведува во соопштението од МЗШВ. Поддршката…
Македонскиот фудбалски првак Шкупи загуби на гостувањето на Гибралтар од тимот на Линколн со 0:2, но благодарение на триумфот во првиот меч (3:0) обезбеди пласман во второто квалификациско коло во Лигата на шампиони во кое го очекуваат два натпревара со Динамо Загреб. Хрватскиот претставник, во чиј редови настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, а во минатото и актуелниот тренер на чаирчани, Гоце Седлоски, ќе биде домаќин на првиот меч на 21 јули. Реваншот е по една недела во Скопје. Победникот од двомечот ќе ги продолжи квалификациите во Лигата на шампиони, додека поразениот ќе продолжи во квалификациите за групната…
Триесетгодишниот Иван се враќа дома. Тој денеска ја напушти болницата во Солун во која беше сместен по извлекувањето од водите на Егејското Море и 20 часовната борба со брановите кај Халкидики. Грчките лекари констатираа декја тој е во одлична состојба и може да патува со семејството во својата земја. Како што објави порталот protothema.gr, тој бил лекуван поради тешка дехидрација на неколку часа пред излегување од болницата. „Сакам да се заблагодарам на сите кои учествуваа во моето спасување и посебна благодарност до хеликоптерскиот тим и екипажот на чамците што ме собраа. Беше страшно, не бев 18 часа, туку 20 часа…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево повторно упати апел до граѓаните, но и до политичките субјекти кои сакаат да го искажат својот став преку протест, тоа да го сторат на мирен начин. „Би сакал да упатам апел до вас, граѓаните, но и до политичките субјекти, кои сакаат да го искажат својот став преку протест, тоа да го сторат на мирен начин. А бидејќи владеењето на правото и демократијата се меѓусебно поврзани и условени, би сакал уште еднаш да потсетам дека секој јавен собир (протест), согласно закон, мора да биде уредно пријавен. Притоа, освен известувањето за блокадите од 08.07.2022 кое…
Пред Владата вечерва почна деветтиот протест против модифицираниот француски предлог за деблокада на пристапните преговори на Македонија за членство во Европската унија (ЕУ) под мотото „Ултиматум – Не, благодарам“. По пауза од неколку денови, демонстрантите ќе поминат покрај Министерството за надворешни работи (МНР) до крајната дестинација пред Собранието. Тоа е причина и за засиленото полициско присуство кај плоштадот „Скендерберг“, како превентивна мерка по минатонеделниот инцидент во кој беше употребено и огнено оружје од лице во групата која почна со провокациите од правец на старата скопска чаршија.