Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Госпоѓата Фон дер Лајен ќе ги слушне и нашите аргументи

0
By Sashko on July 12, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 12, 2022 21:52

„Народот јасно кажува не, народот е јасно против ова што ѝ се прави на Македонија, на идентитетот на македонскиот народ. Задоволни сме од досегашните случувања, бидејќи и во ова време има будење кај народот и народот застанува да си го брани она што смета дека му е загрозено”, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот деветти протест против модифицираниот француски предлог за деблокада на македонските евроинтеграции и отпочнување на процесот на преговори за членство во Европската унија (ЕУ).

Демонстрантите и денеска тргнаа од пред Владата во 19 часот, но наместо покрај Министерството за правда, како што беше случај во изминатите неколку дена, ја сменија рутата и по пет дена повторно минаа крај плоштадот „Скендербег“ и Министерството за надворешни работи до крајната дестинација, пред Собранието.

„Оваа сага, конечно, треба да прекине. Во 21-от век Македонците повторно се борат за својот идентитет. Тоа нема никква врска ниту со европските вредности, ниту со Европа. Тоа е суштината и затоа народот е на улица веќе 11 дена и протестира“, рече лидерот на опозициската партија на вечерашниот протест под мотото „Ултиматум – Не, благодарам“.

Запрашан за материјалите за 80-тата седница на Собранието, на која се очекува да се расправа за Информацијата за предлог преговарачкатра рамка што ја достави Владата, Мицкоски одговори:

„Протоколот сè уште не е на дневен ред, ниту пак некој знае што вклучува тој Протокол. Тој е суштински документ. Протоколот ниту е доставен, ниту пак мислам дека ќе го достават“.

Во однос на најавената посета и обраќањето на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на собраниската седница в четврток, Мицкоски рече дека секој гостин што ќе дојде од надвор е добредојден.

„Се надевам дека госпоѓата Фон дер Лајен, која што доаѓа од нашето исто семејство, тоа е Европската народна партија, ќе ги слушне мислењата и на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ која е нејзина сестринска партија. Ќе остане малку повеќе, нема само да се обрати, туку ќе остане да ги слушне и нашите аргументи. Тоа е суштината. Секој е добредојден, сакаме да слушнеме што мислат, но сакаме и да нè слушнат што мислиме. Тоа е демократијата и тоа се вистинските европски вредности. И конечно, документот за кој зборуваме, тоа е една страница хартија, нема никакво формално значење, бидејќи може да се усвои со 41 пратеник“, изјави Мицкоски додавајќи дека за него е нелогично Протоколот прво да биде потпишан, а потоа да биде објавен.

С.Д.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.