Author: Sashko

Во екот на сезоната на летни одмори, се трупа загубениот багаж на германските аеродроми поради недостиг на персонал, објавија денеска германските агенции. Само на аеродромот во Минхен, како што јави агенцијата ДПА, биле депонирани неколку илјади парчиња багаж кои биле изгубени на патот до нивните сопственици. Бројот на куфери кои не им биле предадени на сопствениците само на најголемиот германски аеродром во Франкфурт достигна неколку илјади. Како една од причините, освен недостигот на кадар, управата на аеродромот во Франкфурт ги наведува и големиот број на одложени летови. „Луфтханза“, на која аеродромот во Франкфурт и служи како база, откажа дополнителни летови…

Read More

Европската унија (ЕУ) досега замрзна имот на руски олигарси, поединци и на компании во вредност од 13,8 милијарди евра. На „црната листа“ на ЕУ, моментално има 98 компании и организации, како и речиси 1.600 поединци поради одредена руска улога во Украина. „Досега запленивме имот на олигарси и на ентитети во вредност од 13,8 милијарди евра, тоа е прилично многу“, изјави еврокомесарот за правда, Дидиер Рејндерс. Најголем дел, или над 12 милијарди, е замрзнат во пет земји членки на Унијата. „Мораме да продолжиме да ги уверуваме останатите да го сторат истото“, рече Рејндерс по состанокот со министрите за правда на ЕУ…

Read More

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез во земјава е околу еден час. Како што информираат од АМСМ на останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница -…

Read More

Лидерот на Исламска држава (ИД) во Сирија, Махер ал Агал е убиен при напад со американско беспилотно летало, соопшти американската Централна команда и додаде дека ликвидацијата се случила во близина на Џиндирес, а во нападот е сериозно повреден и еден од неговите најблиски соработници. Нападот врз Ал Агал се случи по пет месеци откако во американска операција во во градот Атме, беше елиминиран лидерот на ИД, Абу Ибрахим ал Куреши. Според американските власти Куреши загинал со активирање на бомба за да избегне апсење. Во 2019 година, лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади загина за време на американски напад во Идлиб.…

Read More

Тинејџерка од Скопје, на возраст од 19 години, пријавила во полиција дека машко лице ја допирало по телото и потоа се самозадоволувало во автобус на ЈСП Скопје вчера околу 13:20 часот на подрачјето на Општина Центар. Министерството за внатрешни работи ја потврди пријавата и работи на расчистување на случајот.

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска оствари телефонски разговор со својот грчки колега, Никос Дендијас посветен на состојбата со потрагата по исчезнатото момче од земјава. Османи, за време на разговорот, замоли да продолжи потрагата и покрај изминување на редовниот рок, при што беше информиран од својот колега дека е донесена одлука со која се продолжува потрагата по исчезнатиот. За време на разговорот, шефот на македонската дипломатија упати благодарност за трудот и пожртвуваноста на грчката крајбрежна служба, военото воздухопловство и локалното население, вклучени во потрагата. Разговорот следуваше по формалното упатување на нота до Министерството за надворешни работи на Грција со…

Read More

Собранието на Македонија за в четврток ја закажа 80-тата седница на која ќе се расправа за предлог преговарачката рамка за деблокада на евроинтегративниот процес на земјава, а пред пратениците, како што е најавено, ќе се обрати и претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен. Извори од Собранието претходно потврдија дека пратениците денеска преку СМС порака биле информирани оти седницата на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка ќе се одржи во четврток во 13 часот. Од Кабинетот на претседателот на Собранието сè уште немаат излезено со официјална информација за седницата. Владата, според барањата од…

Read More

Потрагата по третиот македонски државјанин, кој заедно со уште двајца негови сонародници, исчезнаа викендот во Егејското Море, кај Халкидики, според грчките закони, треба да запре денеска. Но, семејството не губи надеж дека и нивниот Мартин е жив и ќе биде извлечен. Неговиот брат, Горан Јовановски упати јавна благодарност до грчката спасувачката екипа ОФКАТ, како и до Генералниот конзулат на Македонија во Солун, но и апелира до македонскта влада и Министерството за надворешни работи (МНР) да се најде начин за продолжување на потрагата по Мартин. „Јас сум братот на Мартин и упатувам голема благодарност до ОФКАТ екипата спасувачи од Грција и…

Read More

Германскиот парламент ќе остане со надворешното осветлување во ноќните часови и покрај повиците да се штеди електрична енергија во земјата, јави агенцијата ДПА. Портпаролот на Бундестагот рече дека внатрешното осветлување ќе се намали, главно во салите и просториите. „Надворешното осветлување ќе остане непроменето поради безбедноста на комплексот, која мора да продолжи да се гарантира“, додаде тој. Слободната демократска партија, која е дел од владината коалиција, минатата недела праша дали ноќното осветлување е неопходно и за други важни локации во Берлин, вклучително и Бранденбуршката порта, градското собрание и други. Комитетот во Бундестагот го одобри планот за заштеда на енергија, со кој…

Read More

Заврши и осмиот ден со протест против модифицираниот француски предлог за деблокирање на процесот на преговори на Македонија со Европската унија. Протестот, кој се одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, почна според вообичаената пракса од пред Владата во 19 часот од каде демонстрантите се упатија кон Собранието, минувајќи покрај Министерството за правда. Учесниците на протестот, кој мина во мирна атмосфера, извикуваа пароли како „оставки“ и „никогаш Северна само Македонија“. Пред насобраните граѓани кај Собранието се обратија неколкумина говорници кои ги изнесоа своите мислења дека франуцскиот предлог не треба да биде прифатен, бидејќи ги загрозува националните интереси на нашата држава.…

Read More

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека во јавноста повторно се појавија неточни информации за содржината на Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, кој треба да претставува записник од предвидената Заедничка меѓувладина комисија која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година. „Во јавноста е пласиран текст на бугарски јазик, кој претставува стара и неконечна верзија, како дел од бројните сет идеи кои во минатиот период се разменуваа меѓу двете министерства за надворешни работи. Во овој чувствителен момент, сметаме дека пласирањето на овие неточни информации претставува тенденциозен обид да се наруши процесот на широки консултации за…

Read More

И Египќаните со барање да бидат впишани во македонскиот Устав, ако влезат Бугарите. Барањето е испратено и до претседателот на државата, Стево Пендаровски, до Собранието и до Делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Скопје. Имајќи ја предвид мултикултурната и мултиетничка реалност на Македонија, уставно загарантираните норми со амандманите IV, VI, VII, IX, XI и XVII од Уставот, Египќаните се повикуваат и на меѓународните документи кои Македонија ги потпишала, а некои и ги ратификувала. „Потсетувајќи дека заедницата на Египќаните во Република Северна Македонија е автохтона на Балканскиот полуостров, со свој артикулиран идентитет и самосвест, со значајни траги во материјалното и духовното…

Read More