Author: Sashko

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Дневните температури ќе бидат во интервал од 28 до 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната дневна температура ќе достигне 32 степенa.

Read More

Во шведскиот град Визби, на островот Готланд, со нож е убиена жена за време на традиционалниот политички настан „Недела на Алмедален“. Полицијата уапсила 33-годишен маж, додека жртвата била префрлана во болница каде им подлегнала на повредите. Полицијата ги утврдува мотивите за инцидентот. Според првичните информации, лицето што го извршило нападот нема полициско досие. Во тек е прелиминарна истрага по убиството. Весникот „Афтонбладет“ го поврзува напаѓачот со неонацистички активности.

Read More

Косовската полиција спречила шверц на повеќе од 60 грла овци и телиња за кои имала сознанија дека се внесени преку илегални патишта од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во два одвоени случаја во Општина Витина, според соопштението на косовското МВР, биле откриени камиони со косовски регистарски таблички и управувани од косовски државјани кои ја превезувале стоката за која не поседувале соодветна документација. Во приколка на камион кој бил запрен во селото Рамијан се пронајдени 57 грла овци, додека во приколка на камион кој бил пресретнат на регионалниот пат меѓу Витина и месноста Пожоран имало шест телиња. „Има…

Read More

Европскиот предлог за деблокада на македонската евроинтеграција се најде на маса на средбата на партиските работни групи на која требаше да се разменат идеи околу тоа како Владата и Собранието да постапат по него во наредната фаза. Не биле изнесени различни ставови по многу прашања, но, според видепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, средбата минала во конструктивен дух. Според него, целта е да се осигура дека со европскиот предлог, земјава ќе нема бескрајни блокади. „Ако добро ги водиме преговорите можеме во наредните неколку години, до крајот на оваа декада да завршиме како членка на ЕУ“, нагласи Маричиќ. Координаторот на пратеничката…

Read More

„Очекувано, нè изиграа за Северна Македонија. Предупредивме точно како ќе се случи и тоа точка по точка, но домашните yesmeni (подлизурковци- Господата Да, да, да) и политички безрбетници во владата, парламентот и претседателството охрабрени и уплашени од странски функционери, нашите планктони кои јадат грантови од Европа попуштија. Им честитам на политичарите и државниците од Скопје, колку и да е тажно за Бугарија“, напиша во колумната за „Труд“, д-р. Борислав Цеков од Центарот за нова Европа. Ова е логична реакција по секој договор кој ќе произлезе од некое успешно дипломатско преговарање, бидејќи ниту едно успешно дипломатско преговарање не може да е…

Read More

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 41-годишен словенечки државјанин кој е осомничен за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, како и Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. „На 4 јули, пред спортскиот центар „Јане Сандански“, каде учествувал на Европско првенство за хип-хоп како тренер на група деца од Република Словенија, осомничениот забележал велосипед вреден 45.000 денари, кој бил потпрен на ѕидот и незаклучен. Осомничениот го одзел велосипедот и го скрил во грмушка…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски ги осуди нападите врз полицијата, истакнувајќи дека, иако протестите се демократско право, насилството не може да се оправда со ништо. „Тоа што синоќа се случи пред Собранието не е вистинското лице на европска Република Северна Македонија, земја членка на НАТО. Протестите се демократско право на секој граѓанин, но насилството не може да се оправда со ништо. Најостро го осудувам нападот врз полицијата која синоќа беше на висина на својата задача, професионално штитејќи ги граѓаните и државните институции“, напиша премиерот Ковачевски на „Фејсбук“. Насилството и омразата не се и не може да бидат решение на ниту еден проблем,…

Read More

Зависноста на Русија од европската и од американската технологија е шест пати поголема од онаа од Кина, поради што алтернативните кинески производи не можат да ги задоволат потребите на руската економија под санкциите, изјави првиот европски дипломат, Жозеп Борел во интервју за весникот „Јомиури“. „Некои можеби се прашуваат дали овие санкции навистина влијаат врз руската економија. Едноставниот одговор е „да“. Русија извезува многу суровини, но мора да увезе многу производи со висока додадена вредност што не ги произведува дома. Што се однесува до напредните технологии, Русија е 45 отсто зависна од Европа и 21 отсто од САД, додека за Кина…

Read More

Координаторите на пратеничките групи, како и претставници на парламентарните партии, денеска се очекува да ja одржат првата средба за заклучоците што треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието во врска со европскиот предлог и отпочнувањето на преговори за влез во Европската унија (ЕУ). Двете најголеми политички партии во Собранието, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера го потврдија договорот за одржување на вакви разговори во Собранието. Владеачката и опозициската партија ќе имаат по двајца претставници во работните групи, ДУИ и Алијанса на Албанците ќе имаат по еден и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Претседателот на Собранието, Талат Џафери по средбата…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со раководството на МВР и БЈБ, утрово ќе ги посетат хоспитализираните полициски службеници кои беа повредени за време на вчерашниот протест пред Собранието против францускиот предлог. Од МВР соопштија дека во синоќешниот протест се повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега. Во врска со немирите кои, како што наведуваат од МВР, ескалираа пред објектот на Собранието, приведени се 11 лица, а…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар, наместа со услови за појава на невреме. Утринските температури ќе биде во интервал од 13 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 29 до 37 степени. Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринската температура ќе биде до 19-от степен, додека…

Read More