Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Прес-конференција на Регулаторната комисија за енергетика
Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира за 148 нови случаи на ковид-19 од направени 1.261 тест и за 45 оздравени пациенти во последните 24 часа. Нови случаи на коронавирусот се регистрирани во Скопје – 93, во Битола – 11, во Куманово -девет, во Прилеп – шест, во Кавадарци и во Кочани – по пет, во Тетово – четири, во Кичево – три, во Велес и во Неготино – по два, во Гостивар, во Охрид, во Штип, во Струмица, во Свети Николе, во Крива Паланка, во Пробиштип и во Богданци – по еден. Меѓу…
Фејсбук и Инстаграм во иднина ќе ги отстрануваат објавите на корисниците кои нудат пристап до апчиња за абортус. Причината, официјално, е кршењето на правилата за фармацевтски производи. Откако американскиот Врховен суд го укина правото на абортус, корисниците на социјалните мрежи почнаа да споделуваат објави во кои се нудат пилули за абортус и испраќање по пошта на луѓе кои веќе немаат пристап до нив или наскоро ќе бидат оневозможени. Но, објавите набрзо беа отстранети, а тоа го покажала и тест-објавата на некои западни медиуми, која била отстранета за една минута. Продажбата, подарувањето и преносот на оружје и марихуана се исто така…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) објави Одлуката за одобрување на цената на ЕВН Хоум, според блокови и коефициенти на поскапување, во рамки на новиот тарифен систем. Домаќинствата кои трошат до 210 киловатчасови, според приложените табели, ќе имаат незначително финансиско олеснување во однос на вториот блок и ќе плаќаат само 0,1 отсто поевтино. Цената за нив ќе биде 4,35 денари од киловатчас. Во вториот блок, кај домаќинствата кои трошат од 211 до 630 киловатчасови, основната цена се множи со коефициент од 1.07 отсто, а цената што ја бара ЕВН Хоум е 4,7 денари по киловатчас потрошена струја. Третиот блок ќе биде…
Собранискиот претседател Талат Џафери го осуди завчерашниот инцидент на Комисијата за европски прашања, но повика јавноста да ја погледне целата снимка, затоа што, според него, ќе се види дека неговиот колега бил испровоциран од пратениците кои го опкружиле и кои реагираа поради усвојувањето на дневниот ред. „Јас немам надлежност да барам одговорност. Адеми ги има сите надлежности како претседател на Комисијата, обезбедувањето не може да интервенира додека не биде повикано“, одговори Џафери на прашањата на новинарите на редовниот брифинг во Собранието. Пораката, како што рече претседателот на парламентот, е да не се случи ваков инцидент, а „тоа е можно ако…
Протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за линеарно зголемување на платите на работниците во јавниот сектор за 2.806 денари од 1 јули и враќање на регресот за годишен одмор од 30 до 100 отсто продолжи денеска пред Министерството за информатичко општество и администрација во Скопје. „Го повикуваме министерот за информатичко општество и технологија, кој е дел и беше дел од преговарачкиот тим, доколку навистина се стремат за нова методологија, за реформи во администрацијата, за нов закон за плати за административните работници, нека повели. Ние сме пред неговото Министерство, нека ни ги покаже, нека ни ги достави, доколку навистина…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и медицински лица предупредуваат на топлотниот бран што е пред нас и советуваат како да се заштитиме од високите температури, што особено се однесува на повозрасните лица и хронично болните. Високите температури на воздухот, сами по себе, носат и дехидратација, но, за жал, и низа други опасности по здравјето. Во оваа прилика наведуваме дел од симптомите на топлотен удар и сончаница. Сончаница Кога зборуваме за сончаница, зборуваме за вид на топлотен удар. Симптоми се главоболка, зуење во ушите, слабост, мачнина и повраќање, вртоглавица и црвенило. Ако станува зборе за потежок облок, може да доведе со…
Властите во областа Херсон во Украина, која беше окупирана од руската армија во март, почнаа со подготовките за референдум за приклучување кон Русија, објави денеска заменик-началникот на Воено-граѓанската управа на Херсонската област, Кирил Стремусов. „Можам да потврдам дека се подготвуваме за референдумот и ќе го одржиме. Неочекувано, Херсонската област ќе донесе одлука да се приклучи на Русија и да стане полноправна конститутивна целина“, рече Стремусов во видео објавено на Телеграм. Во средината на март, руското Министерство за одбрана соопшти дека областа Херсон е под целосна контрола на руските војници, а на крајот на април беше формирана воено-цивилна управа на тој…
Белгиската полиција откри лабораторија за производство на синтетичка дрога МДМА (екстази) во воздухопловната база Клајн Брогел. Во базата на североистокот на земјата, наводно се чува и дел од американскиот нуклеарен арсенал за Европа. Белгиските власти се дискретни во врска со податоците, иако во 2019 година пратеник на „Зелените“ пред парламентот кажа дека американските сили држат 10 до 20 нуклеарни боеви глави во воздухопловната база Клајн Брогел. Обвинителството потврди дека локалната полиција на 22 јуни открила лабораторија за производство на дрога на воено земјиште и дека е утврдено дека во лабораторијата се произведува МДМА, синтетичка рекреативна дрога која најчесто се нарекува…
Македонскиот претседател Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска синоќа беа меѓу гостите на вечерата во организација на Кралот на Шпанија, Фелипе VI и неговата сопруга, Кралицата Летиција во рамки на дводневниот Самит на НАТО во Мадрид. „Вечерва со сопругата Елизабета Ѓоргиевска присуствувавме на свечената вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на #НАТО, учесници на Самитот, ја приредија Кралот на Шпаниja Н.В. Фелипе Шести и неговата сопруга Кралицата Летиција. #NATOSummit #RoyalPalaceMadrid“, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.
Бројот на нови случаи на ковид-19 ќе се зголемува во наредниот период, предупреди доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија и професор на Медицинскиот факултет. „Бројките во дневната статистика за ковид-19 ќе почнат рапидно да растат во следните недели како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест. Добрата вест е што болниците, сепак, ќе ни останат полупразни“, напиша Беќаровски на Фејсбук. Министерството за здравство вчера информираше за 168 случаи на ковид-19 од 1.101 тест и 90 оздравени пациенти.
Канадската полиција уби две лица за време на пукање во банка во Британска Колумбија. Шест полицајци се здобиле со повреди, а куќите во близина се евакуирани поради можна експлозивна направа, соопшти полицијата. „Куќите и деловните објекти во непосредна близина на местото на инцидентот се евакуирани поради присутност на потенцијална експлозивна направа во возило поврзано со осомничените“, се наведува во соопштението, објавено на интернет страницата на полицијата во Санич. „Осомничените беа „тешко вооружени“, а првичните информации сугерираат дека носеле панцири“, изјави шефот на полицијата во Санич, Дин Дути на прес-конференција. Засега нема повеќе детали за нив. Шест полицајци се однесени во…