Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Сашка Цветковска
Ако некои немаат филтри, други воопшто немаат водовод. Околу 14 проценти од домаќинствата во Македонија немаат пристап до јавен водовод. Скоро 4 проценти вода пијат од бунар, 5 проценти од сопствен хидрофор, а останатите се снабдуваат со вода на непознати начини надвор од домот
Владата ќе потроши речиси 62 милиони денари или 1 милион евра за две нови кампањи во два огласи распишани во јануари. Изборот на најповолен понудувач за едната кампања ќе биде познат во понеделник, а за втората кампања на 28 фебруари, а пресуден ќе биде квалитетот кој носи 65 бодови
До 7 март државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат по електронска пошта да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците од посебните изводи од Избирачкиот список
Каква е врската помеѓу купците на фирмата на Мијалков во Чешка и фирмите-соработнички на Камчев во Скопје. Од Панама, преку Швајцарија – директно со инвестиции во Скопје 2014. Кои моќници инвестираат во Скопје, а оперираат во даничните оази
Извори на НОВА во УЈП коментираат дека претходникот на Асани, Мухамед Ахмети, бил сменет токму поради одбивањето да ги толерира долговите на оваа фирма; тој одби да ги коментира овие шпекулации, но потврди дека до ден денешен не знае зошто бил сменет од таа функција; Ахмети бил разрешен без образложение на владина седница
НОВА открива кој се седи во надзорните тела, колкави се нивните примиња, какви им се врските со кабинетите на премиреот и центрите на моќ и кои се луѓето кои извршуваат и по неколку функции одеднаш
Додека претседателот на Собранието Трајко Вељановски распишуваше избори, институциите масовно објавуваат огласи за вработување. На страницата на Агенцијата за администрација со денешен датум се објавени десетина огласи за вработување во администрација
Собранискиот спикер денеска ги распиша изборите – Македонија ќе бира претседател на 13 Април. Во меѓувреме, ниту една партија не излезе со име на својот претседателски кандидат.
Само по три дена откако директорот ја извести јавноста и го корегираше својот имотен лист, во Прага на нотар е склучен купопродажен договор за истата фирма. На 8 Ноемри Сашо Мијалков ја продава „Миртланис“ на фирма од државата Панама „Тасига Корп“
АЕК ги крие дебелите плати на директорот и комисијата. Откако НОВА откри дека во Агенцијата за елеконтронски комуникации просечната бруто плата по вработен е речиси како премиерската и претседателската, менаџментот одбива да ги каже платите правдајќи се дека немале обврска да му кажат на народот
Мијалков ги тужеше новинарите за пренесено интервју на екс-амбасадорот во Чешка Јован Илиевски во кое тој изнесе обвинувања на адреса на директорот на УБК.
Кондоминас во Грција со лоша среќа, а во Македонија со добра судбина. Се чини дека проблемот со „лошиот“ јужен сосед не претставува никаква пречка за пазарите на овој бизнисмен со македонската влада – и оваа и претходните