Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како течеше судењето Мијалков против Фокус

0
By Сашка Цветковска on January 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 17, 2014 17:03

Главниот и одговорен уредник на неделникот „Фокус“ Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов во судската архива го подигнаа известувањето за пресудата во спорот кој против нив го поведе директорот на УБК Сашо Мијалков.

По повеќе од половина месец од закажното рочиште на кое требаше да биде прочитана пресудата, тие го добија одговорот – 1000 евра надомест за Мијалков треба да плати Апостолов, 5000 евра Костова, а двајцата заедно треба да му ги исплатат и трошоците на адвокатот на Мијалков.

На 27 Декември судијата Јованка Спировска Панева имаше закажано рочиште за пресудата, но новинарите во судот ги дочекаа празни ходници затоа што цел суд бил во кафеана на празнична прослава, а во просториите се вршела дезинфекција. Спировска Паневска не ја прочита лично казната туку со известување ја достави во архивата. Пресудата каде се објаснети и наодите на судијата за изречената казна допрва треба да пристигне на адреса на тужените.

Мијалков ги тужеше новинарите за пренесено интервју на екс-амбасадорот во Чешка Јован Илиевски во кое тој изнесе обвинувања на адреса на директорот на УБК. Судскиот процес почна тензично – на едно од првите рочишта одбраната побара отфрлање на тужбата поради неуредно тужбено барање.

-Имаме тужба во која немаме матичен број, немаме адреса, немаме фотокопија од лична карта. Според член 101 од законот оваа тужба е неуредна бидејќи не ги содржи сите податоци за по истата судот да постапува. Стои само името на тужителот Сашо Мијалков и ништо повеќе од тоа. Ние не знаеме кој е тужителот, рече адвокатот Оливер Вуксановиќ на подтотвителното рочиште.

По кусата расправија со адвокатите на одбраната судијката го одби барањето,

-Не е проблем што е незаконски, јас одговорам за законот. Сакате ли да ве избркам од судницата? Ако некој не платил судска такса или не доставил матичен број и што, ај сега ќе ја отфрламе тужбата?!, беше буквалниот одговор на судијката Спировска-Панева.

Сашо Мијалков на последното рочиште не се појави да даде исказ. Неговиот адвокат го оправда пред судот – бил спречен да дојде поради маглата.

Обид да присуствува на судењето имаше и специјалниот претставник за слобода на изразување на Обединетите нации Франк Ла Ру, кој што летоска беше во Скопје со цел да се подготви за извештајот кој го прави за земјава. Ла Ру не успеа бидејќи тогаш рочиштето беше одложено, но изјави дека ваквите тужби се сериозен притисок врз слободното новинарство.

– Бев информиран за последните обвинувања против неделникот Фокус, неговиот уредник и новинар, за тоа што пренеле изјава од поранешниот амбасадор на земјата во Чешка. За судовите е сосема несоодветно да разгледуваат тужби за клевета во врска со пренесување изјави на државни функционери или трети страни, изјави Ла Ру во Јули.

Судскиот процес го набљудуваа ОБСЕ, Американската амбасада, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.