Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Сашка Цветковска
Се паметат инцидентите на Кале од пред две години кога се судрија навивачките групи на “Комитите” со “Шверцерите”. Вака или онака, кога се потпалува етничкиот оган, тука се и навивачките групи да долеат масло на огнот.
Претседателот на невладината “Цивил”, Џабир Дерала ги осудува политичките субјекти во земјава што дозволиле да се случат немирите од петокот и саботата, во кои настрадаа млади Албанци и Македонци.
Анализа за поводот, причините и деталите околу денешните и вчерашните немири во Скопје
Како што јавува нашиот репортер Сашка Цветковска на Бит пазар дошло до нови немири меѓу полицијата и демонстрантите.
Центарот на Скопје личи на војно поле, јави нашиот репортер Сашка Цветковска. Целиот пазар е затворен, дуќанџиите забрзано ги затвораат своите продавници
Нови судири помеѓу демонстрантите и полицијата на Бит- пазар, за кои првично и неофицијално МВР известува за двајца повредени полицајци и две оштетни полициски возила, како и неколку приватни. Приведени се неколку лица и се трага по останатите. Бит- пазар личи на бојно поле, јавува нашиот репортер Сашка Цветковска
Со солзавец и димни бомби полицијата во обид да ја растера групата на демонстранти, кои денеска пред зградaта на владата излегоа да го изразат својот револт против хулиганите кои вчера нападнаа Албанци
Боско Вертикале е многу повеќе од обичен проект за облакодер – тоа е вистинка вертикална шума! Или поточно – првата вертикална шума во светот.
Во тензична атмосфера течеа средбите на претставниците на Европската унија и македонските партии, а исходот го чекаа и новинари и амбасадори. Договор се постигна во последен момент, поради што Филе го пропушти и авионот.
Штефан Филе, Ричард Ховит и Јерзи Бузек утре во заедничка посета на Скопје. Ќе се врши притисок врз двете страни за надминување на кризата
Новата година Владата ја почна со уште една скапа кампања – ќе се потрошат 500 илјади евра на реклами и спотови за промоција на семејните вредности пред граѓаните.
Родители со месеци молат да се тргнат преполните контејнери чие ѓубре паѓа директно во градинката каде играат нивните деца.