Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За висечките шуми и бетонската глупост

0
By Сашка Цветковска on March 2, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 2, 2013 13:26

Боско Вертикале е многу повеќе од обичен проект за облакодер – тоа е вистинка вертикална шума!  Или поточно – првата вертикална шума во светот. Замислте си да живеете на пример на 25 спрат и на вашиот балкон да има дрвја, птици, инсекти. Поглед лево или поглед десно или горе – долу и шумата продолжува кај вашиот сосед.

Светски реноминираниот италијански архитект Стефано Боери не само што ги обмисли овие висечки шуми, туку неговиот проект е и првиот ваков кој ќе биде реализиран. Идејни решенија имало и порано, но зградите – шуми на Боери наскоро ќе станат дом на стотици луѓе и семејства. Проектот започнува во 2007 година и се очекува да финишира годинава.

Боско Вертикале содржи две кули – едната  е висока 80 метри, а другата 112. Токму во овој момент кулите се насадуваат со 730 специјално одгледувани дрвја во висина од 3, 7 и 9 метра, 11 000 растенија и 5000 грмушки.

Стефано Боери, авторот на ова визионерско дело вели дека Боско Вертикале не е необичен и интересен проект, туку проект чија единствена мисија е да му служи општеството. Висечките шуми се пред се, проект од големо значење за животната средина. Ќе се подобри воздухот во Милано и ќе се заштедат огромни површини земја наменети за населби со кои градот постојано се проширува, а земја за храна останува се помалку….и уште многу практични аргумен ти одат на страната на овој проект.

Реномираниот британски весник “Гардијан” во завчерашното издание не штедеше комплименти за кулите на Боери. Го нарекуваат урнек за опстанок на животна средина во европските современи градови. Будно се следи до каде се насадите на растенијата, уште колку работа остана…Се чини дека сиот цивилизиран свет е во исчекување на финиширање на вертикалните шуми.

А ние? И зошто воопшто пишувам за вертикалните шуми на Боери? Колку и да бев восхитена од идејата за која читав уште пред две години, текстот на Гардијан ми понуди еден детаљ за кој претходно не знаев. Парите. Шумите на Боери чинат 65 милиони евра. Секако, ова е приватна инвестиција, но, сепак…

Со 65 милиони евра во Милано се пишува историјата. Немаат ниту дополнителни трошоци. 65 предвидени, 65 потрошени.  Ние потрошивме, не приватни, ами државни пари од некои половина милијарда на бронза, бетон и кич. Во меѓувреме, Скопје е најзагадениот град во Европа. Ама нам тоа не не спречува да сечеме уште дрвја и уште шуми.

Паркчињата ги исековме во име на барокот, Водно го распарчуваме полека во име на ситните бизнис интереси. А најжално е што ни една обична зграда не сме кадарни да направиме без да се распукаат потпорни ѕидови и да не прсне влага по ѕидовите.

Додека државата троши  милионишта небаре стварно сме империја, истата таа држава нема десетина илјади евра за лекови за деца со ретки  болести. На нивните родители им велат дека тоа е, нема пари, тие нека чекаат да им умрат децата.

И нема крај на импликациите на нашата глупост, поарно и да не се впуштам да набројувам.
Едно е сигурно, некои ја пишуваат историјата, а некои едноставно бираат да живеат во неа. Само што ова второво чини многу поскапо. И во пари и во жртви.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.