Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Веројатно ја знаете фразата “баналност на злото”, кованица на Хана Арент, пишувајќи го своето дело “Ајхман во Ерусалим”. Накратко, тезата на Арент е дека големите зла во историјата, како Холокаустот, не се правени само од искривениот и болен ум на фанатици и психопати, туку и на обични, само подредени луѓе кои покорно, слепо, послушно ги слушале хиерархиски надредените и извршувале ужасни дела. Таа овој заклучок го добива откако го следи судењето на нацистичкиот воен злосторник, Адолф Ајхман, еден од одговорните за Холокаустот. “Тој ја вршел својата работа, својата должност, не се покорувал само на наредбите, туку и на законот… не…
Убиството на СЈО, неговата смрт, е најдоброто што може да и се случи на оваа земја. Ако сака да преживеaт сите власти, ако сака да не и бидат скршени коските, доколку дојде до добивање на правдата. Затоа што, никој и ништо нема да остане, ако навистина некој посака правдата во оваа земја да победи. Низ призма на изборите, пред да се прогласи и офиицијално таа кутра смрт, Катица Јанева е добитната комбинација за залажување, барем за изборните денови, оние, кои брзо поминуваат, но, за жал на власта, не се забораваат. Мислат дека одат во заборавот тие лажни, привидни изборни ветувања…
Различни перспективи за правата на жените на Искра Јанковска-Михајловска, архитект и Ирена Цветковиќ- Коалиција “Маргини”- дебатираат про и контра борбата за правата на жените.
Во светот на современата медиумска пропаганда, руската машинерија, исцртана со мапите на фабриките низ светот, е докажан мотор на путинизмот, негов столб на моќта и железната рака со која владее, со која во последните години се обидува да посегне и по светот. Пропагандата не е само негов производ, туку и семето од кое изртуваат секојдневните успеси на Путин, веќе со децении, кои почнуваат на светот да му се чинат како столетија на кошмарот. Инструментализацијата на медиумите, за да се обезбеди послушност и покорност кон државата и Партијата, се најголемото оружје во сталинизмот, кога “се користеле скоро ексклузивно како методи на…
Еден од кандидатите за претседател на СДСМ, Ѓорѓи Филипов, во интервју за НОВА говори за неговите ставови за затегнатите односи на релација СДСМ-ДУИ, за конкурсот на СДСМ и неговите средби со одредени партиски лидери, како и за ставовите на неговата можна противкандидатка, Гордана Силјановска. https://www.youtube.com/watch?v=jb6EnzbBkNA
Нормално дека Заев, Десковска и Спасовски мора да си дадат оставка, онака како што крика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Одговорност мора да има за инцидентот во Шутка, каде што биле претепани Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, за што говори и самиот Мицковски. Се разбира дека нема ниту зрнце вистина во ваквите тврдења и вести за претепувања, се разбира дека станува збор за лажни вести, груби манипулации, но тоа е мал дел, мала порција од она што може да го проголта јавноста. Подготвена е таа јавност, на штрек, восхитена од нови, секојдневни лаги, опасни, неодговорни, ниски, од медиумите за кои…
Ова е мала земја, во која живеат и некои мали, алчни, морално закржлавени луѓе. Партиските луѓе, директорите на државните фирми, функционерите, сите тие лилипутанци, сите што сега дојдоа на власт, можат да си дозволат еден нов, прекрасен свет, во кој нема место за обичните луѓе, за другите. Подоцна ќе видиме дека тие другите, се многу, многу поголемите. Но, моралните џуџиња, добија се- тендери, проекти, скапи, нови, убави, сјајни автомобили, телешки мебел, за почеток на изживувањето. Затоа што тие купените во време на Груевски, повеќе не се посакувани, моќни, со новата партиска боја, онакви какви што сега мислат дека им требаат.…
Режисерката и професорка, Зоја Бузалковска, во интервју за НОВА говори за својата одлука да даде оставка од Советот за култура, поврзан со скандалот со распределување на финансии во Годишната програма за проекти од културата. https://www.youtube.com/watch?v=PTHTtNNIsuU
Бесмислени и патетични се повиците на уметниците, нивните лелекања, нивните бескрајни беседи, тие офкања и стресувања, затоа што не била правично распределена финаниската поддршка од Министерството за култура за нивните идни дела, за нивната уметност, нивната култура. Тоа се луѓе без кои оваа земја можеше да се прогласи за мртва одамна. Партијата не мисли така. Културата, тоа сме ние, идентитетот, тоа сме ние, порачуваат во глас, талентирани, големи, значајни, прославени уметници, уметнички директори, режисери, актери, издавачи, композитори, диригенти. Не, воопшто не, тоа не е никако така како што тие велат. Затоа што Партијата мисли поинаку. Културата на оваа земја не…
Најавената смрт на СЈО, како најважната институција во поновата историја на оваа земја, од страна на Врховниот суд, не потсети на нобеловката Вислава Шимборска, на една нејзина резигнирана констатација, од која нема излез: “Не е лесно да се објасни нешто на некого, кое и вие самите не го разбирате”. Но, дали е прикладно да се оплакува сега оваа смрт на СЈО, судскиот чекан кој одлучил да не се отвораат истраги и да не се покренуваат обвиненија, затоа што поминал рокот од 18 месеци, откако ги добиле прислушуваните разговори? Затоа што, оваа смрт беше очекувана, кој е начинот некако да се објасни…
Интервју со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој одговара и на прашањата на корисниците на Фејбук и Твитер: за проблемите со Дрисла и Вардариште, недоволната координација со другите функционери, и за скандалот околу паркингот кај Холидеј Ин.
Сакаме повторно парламентарни избори, сакаме нови избори. Тоа е се што сакаме и што знаеме да сториме во овој живот. Всушност, сакаме нови избори да се одржуваат секој ден. А ако овој експеримент се покаже како успешен проект, може да се размислува и за нови избори кои би се одржувале неколку пати во текот на денот. До крајот на нашиот живот, сакаме непрегледен број на избори. Сакаме секојдевни избори кои ќе ни ја подујат главата, ќе не замелушат, ќе ни го загорчат животот, затоа што тоа е најлесниот начин да ни експлодира таа потечена глава, за да може политичарите да…