Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Банализација на злото на Мицковски

0
By Биљана Секуловска on March 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 16, 2019 10:19

Веројатно ја знаете фразата “баналност на злото”, кованица на Хана Арент, пишувајќи го своето дело “Ајхман во Ерусалим”. Накратко, тезата на Арент е дека големите зла во историјата, како Холокаустот, не се правени само од искривениот и болен ум на фанатици и психопати, туку и на обични, само подредени луѓе кои покорно, слепо, послушно ги слушале хиерархиски надредените и извршувале ужасни дела. Таа овој заклучок го добива откако го следи судењето на нацистичкиот воен злосторник, Адолф Ајхман, еден од одговорните за Холокаустот. “Тој ја вршел својата работа, својата должност, не се покорувал само на наредбите, туку и на законот… не ги мразел Евреите…немал ништо лично против Евреите “.

Нејзината проценка била дека се работи за обичен бирократ, човек кој уредно и прецизно извршувал задачи кои му биле наложени од претпоставените, ништо повеќе од тоа, ништо помалку од тоа. Со тоа, таа заклучува-крајната злоба, патологијата, или идеолошкото убедување не се нужни, за да му помогнат на поединецот да стори бескрајно зло.

Тоа е, според Арент, парадоксот- се работи за еден банален извршител, чии дела покажуваат екстремно зло. Без поговор да се согласите на одвратни злосторства, само за да удоволите на барањата на Хитлер, и таа бројка да подразбира учество на милиони, според неа, нормални луѓе, без кои било невозможно да се случи злото на 20.век. Се разбира дека Арент не го оправдува злото, таа заклучува дека како што Ајхман и неговите претпоставени не сакале да ја делат Земјата со Евреи и луѓе од други нации, така и не може да се очекува дека член на човечката раса би сакал ја дели Земјата со вас.

Но, тезата на Арент за баналноста на злото подложи на многу критики, со кои се согласувам, затоа што и најмалото штрафче во таа машинерија на Хитлер, оној навидум најневажниот- за кој Арент го банализира злото- не е возможно да не знаел што навистина прави во оној момент кога ја отворал вратата на гасната комора. И потоа, истиот, или можеби некој друг, ја затворал.

Или оној, кој го одвртувал вентилот. И на крај го завртувал, затоа што дошол крајот.

Или оној, кој оддалеку го гледал чадот кој оттаму го загушувал, па само го констатирал, несвесен за ништо.

Или оној, кој го растерувал тој чад, за да може да продолжи да дише. За да запали нова цигара. За да чека нови зла, кои самиот тој ги починува, ги потпишува. Како сите тие пред него и заедно со него.

Затоа, банализацијата на злото е најстрашната идеја на Христијан Мицковски,лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, наследникот на Никола Груевски, споредувајќи го судскиот процес за крвавиот четврток со Нирнбершките процеси. Тие зла на нацистите и процесите, кои следат, ни се врежани во идентитетот, во колективната меморија, не само во оваа земја, туку на сите нам, на светот, никако како далечна историја, туку како  сознание за нашата единствена дефиниција за исчезнувањето на човештвото, и се разбира човечноста, доколку тие се врамат под досието на баналност на злото.

За нив може само да се мавне со раката, да се слегне со рамениците и да се продолжи понатаму, како ништо никогаш и да не било- оваа теза доведува до банализирање на злото.

Така само продолжуваат одвртувањето на вентилите за да почне да тече гасот, отворањето на вратите кон коморите, затворањето, леснотијата на навалување на таа врата, прекрстување на нозете, палење на нова цигара, гаснење на цигарата, една мала невина воздишка, една мала пауза, затоа што не чека нова врата, нов вентил, нова цигара, нова невина и неосознаена воздишка. Ништо од ова не се случило, ниту смее да се помисли дека било можно, Мицковски, најмалку неговата банализација на злото.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.