Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Честитките упатени кон Заев за почеток на нова, голема иднина по Преспанскиот договор, мора да му станат и аларм за почеток на ставање и на еден друг крај, освен на оној некрофилски акроним од ФИРОМ. Мора да се објави и крај на груевизмот во оваа земја. Претпоставувам дека и самиот знае, без да му се кажува секојдневно- груевизмот е длабоко всаден во секого тука, цврсто заплеткан во секоја пора- некого впила, некој не ја поднесува таа реа. Сечиј врат е стегнат и задушен, некој се прпелка, други не знаат поинаку и не сакаат. Се е затоа што нечија рака граба…
Дојде и тој час, таа генијална идеја да се покори науката и да се фрли во буништето на историјата, каде што и припаѓа. Суеверието е она мало зрнце надеж што ќе ја спаси Планетата од науката. Така размислуваат оние родители кои одбиваат вакцинации на своите деца, затоа што сметаат дека тие најдобро се знаат, за себе и за светот околу себе. A nајмногу знаат дека науката е само измислена, минлива крута и здодевна појава, која мора да се сосече од коренот. Потоа, таа наука мора да се запали во крпче и да се фрли со десното стопало зад левото рамо.…
Да расчистиме нешто на почетокот, пред да прејдеме на главната главоболка. Правната држава уште еднаш победи. Најпрвин, најважно, во случајот со домашниот притвор на Сашо Мијалков и Орце Камчев. Подоцна, и во домашиот притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски исто така. И кој сè не друг. И Цветан Панделески, или како веќе се вика, и што е тоа сега важно. Нека биде и тој дел од шоуто. И амнестијата на Крсто Мукоски, на Елизабета Канчевска. И на кој сè не. Сите се еднакво важни за оваа приказна. Која имаше прекрасен почеток, се додека не дојде навестувањето за расплет. Амнестии,…
Да се биде сегашен или поранешен претседател, или пак воопшто политичар, е перспектива која зависи секако од политичката култура, но и се чини најмногу од моралната вертикала, онаа ретка особина која се поседува во политиката. Особено тоа е реткост- кога се влегува во политичките води со некакви базични идеали, со некакви морални патокази и верба во исправноста и чесните намери, кои се материјализираат во дела кои се паметат. Некои од политичарите имаат дилеми дали вооопшто мора се поседува, некои- воопшто и ја немаат на ум, најмалку дека без неа не се може во политиката, таа морална вертикала. Не е доволна…
https://www.youtube.com/watch?v=WpZ-rnJa_ng Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, во интервју говори за проблематичните финансиски состојби и потези на МПЦ, која е под истражна лупа на УЈП, потоа неподнесувањето завршни сметки на ИВЗ, во контекст на сториите кои во периодов беа објавувани во НОВА
Надреално изгледаа тие слики во кои беше уловен Груевски- тој повеќе не е оној стариот, избезумен, преплашен, поразен, од судењата и решетките кои го чекаа. Додека тоне се подлабоко во гниежите на затворската ќелија Сашо Мијалков, неговиот прв братучед и довчерашен сијамски близнак во бизнисот, политиката, прислушувањата и вртењето на Белизе и Мериот топката околу малиот прст, Груевски се однесува комотно и самоуверено низ Будимпешта како по неговите дела да е устоличена Нобеловата награда за мир и врвни демократски придонеси. Оди кроце, нога пред нога, гази цврсто и отсечно, напола со потечен лик, напола освежен кога ги слуша наддавањата од…
Исламската верска заедница (ИВЗ) во последните 11 години не поднела ниту една завршна сметка од 2006-2017 година. Со документот кој го објавува НОВА, а е добиен од Централниот регистер, се прецизира исто така дека оваа институција нема податоци за финансиското работење на ИВЗ во периодот од 1991-2005 година. Од Централниот регистер појаснуваат дека ИВЗ се формирани 2006, и оттука, нивните финансиски текови се пријавуваат и следат после овој период. За разлика од ИВЗ, Документот на Католичката црква, чие правно име е Скопска бискупија, покажува транспарентност за одредени години, што се однесува до законските регулативи. Имено, Католичката црква во 2004 доставила…
Македонската православна црква според најновиот развој на настаните, не е повеќе над и надвор законите на Република Македонија- НОВА доби информација од УЈП дека “веќе се води постапка со цел да се утврдат состојбите во рамките на МПЦ-ОА – Скопје”. Како што дознава НОВА од извори запознаени со анализите на финансиите на МПЦ, оваа постапка е отворена во 2018 година, а се однесува на утврдување на фактичката состојба- дали МПЦ плаќа даноци што е обврска на сите правни и физички лица, согласно надлежностите на УЈП. Процедурата на УЈП започнува со постапка која подразбира анализа на даночните исполнувања на обврските кон…
Дали е мртов? Да. Вака завршува еден документарец што го гледав деновиве, посветен на нобеловецот Албер Ками, со учество на врвни писатели, уредници, новинари, уметници, интелектуалци, најмногу негови современици. Но, прашањето- дали е мртов, е поставено само во контекст на физичката смрт на Ками, за да се заврши само филмот, се друго да продолжи, и онака славењето на Ками и се подразбира во земја како Франција, или дополнително Алжир ако сакате, иако ограничувањата се погубни, затоа што тој не им припаѓа само нив. Деновиве само благодарејќи на двајца врвни интелектуалци, Ѓулнихал Исмаил (преведувачка и толкувачка од англиски, германски и турски)…
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во интервју за НОВА говори за вчерашното сведочење на Александар Василевски-Нинџа, во кое и тој е посочен дека бил сниман во неговиот дом, преку камери кои биле поставени од тајната служба УБК. https://www.youtube.com/watch?v=YMPPTJaQP04
Македонската православна црква цели пет (5) години не пријавила воопшто Завршна сметка, судејќи според Документот на Централниот регистер, каде е запишано дека МПЦ последен пат доставила Завршна сметка во 2012 година и оттогаш, се до денес нема пријавен завршен биланс. НОВА побара завршни сметки на МПЦ во Регистерот, од 2006-2017 година, и добивме само за една година- 2012- оттука, во последните 11 години доставиле само една Завршна сметка. Непријавување на завршна сметка после две години повлекува бришење од Централниот регистер, а надлежна институција за дејноста и функционирањето на МПЦ е Основниот суд. Документ од Централен регистер Со овој чин, МПЦ…
Вечерта кога слушнавме дека Горан Стефановски заминал, ни се случи бомбардирање од- “Догледање, Горан”. Се собравме сите, и знајни и незнајни, со сила од младоста и со помалку моќ да се крепиме со годините, сите напишаа по некој збор, сите потонати во шок, сите небаре патетиката е она што од нас останало и што знаеме да понудиме. Е, сега, сите му се обраќавме по име како да го знаеме, како да сме биле негов дел и тој наш, како да ни влегувал во животите, како да било тоа секојдневно, засекогаш. Како, како, како да било тоа навистина така. А, било.…