Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анатомијата на еден претседателски кандидат

0
By Биљана Секуловска on December 22, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 22, 2018 11:00

Да се биде сегашен или поранешен претседател, или пак воопшто политичар, е перспектива која зависи секако од политичката култура, но и се чини најмногу од моралната вертикала, онаа ретка особина која се поседува во политиката.

Особено тоа е реткост- кога се влегува во политичките води со некакви базични идеали, со некакви морални патокази и верба во исправноста и чесните намери, кои се материјализираат во дела кои се паметат.

Некои од политичарите имаат дилеми дали вооопшто мора се поседува, некои- воопшто и ја немаат на ум, најмалку дека без неа не се може во политиката, таа морална вертикала.

Не е доволна само една слика, оваа слика за која сега говорам, за да се дефинира политичкиот хабитус на Обама, но таа слика е целосниот приказ на структурата која треба да биде втемелена, за да се биде инаугуруран прво како претседател, а потоа и да се говори за некакво бившо, но, како и во неговиот случај, да не подразбира дека тоа е и завршено време.

Сликан е со дедомразовската торба со која тој оди, се движи низ некакви болнички соби на деца кои лежат таму, во детска болница во Вашингтон, во таа торба носи ситни подароци за новогодишните празници, за Божиќ, за деновите кои претстојат и во кои ќе бидат затворени тие деца, на некои ќе им биде влошена состојбата, некои спокојно ќе ги чекаат деновите, неделите, месеците за отпуштање, некои веќе се пред заминување.

Оттука, се исцртува анатомијата на политичарот кој ја сфатил сопствената улога пред се, обврските кои ги има, должностите кои мора да се почитуваат, дарежливоста која мора да е вродена, се разбира, не говорам за материјални добра, човечноста, хуманоста, да не набројувам понатаму, совршено е јасно сé, за кое се говори предолго време во земјава.

Токму во оваа трка за претседателски кандидати во Македонија, може да исплива само една идеја кој е вистинскиот избор- исклучиво за светлите мисли кои тој веќе ги поседува, да го парафразирам Умберто Еко, кога говори за тоа какви политичари ни се потребни, кога велиме дека треба да им служат исклучиво на граѓаните, нивните интереси, во име на нивните добра.

Наспроти тие светли мисли за кои копнеат луѓето да ги видат кај нивните претставници е илузијата на политичарите. Тие, ех, каква штета, мислат дека некој мечтае со државата да управуваат филозофи, големи умови, грандиозни мислители кои се великани во својата област, но тоа е најдобриот случај, ако ја земете Македонија. Ако ги изземете претходниците на Иванов- Глигоров, Црвенковски, Трајковски, останува само неговиот изолиран случај, осамен и штетен плод на една страотна политика од која тешко се ослободуваат менталните матрици, дури и по скоро, едно и пол годишното владеење на Заев.  Затоа што, како вика Мил- “Човечката природа во корен е расипана, за никого нема спас, додека во себе не ја убие човечката природа… затоа, вистински значајно е не само она што луѓето го прават, туку исто така, и каков вид луѓе се тие коишто тоа го прават”.

Затоа, разочарувањето кое го предизвика амнестијата за 27 април, сепак, колку и сега фаталистички да изгледа, ја има перспективата на минливост и релативност на политичките постапки, кои имаат за цел да се имаат на ум поголемата слика и визија за иднината, кои мора да поминат на голема врата, преку траумите од ваквите процеси.

Резултатот е очигледен- правдата и правото се исфрлаат од употреба, за да настапат на сцена употребливи, трајни вредности, како Преспанскиот договор и евро-атланските процеси. Во таквите случаи, политиката се покажува како расипан производ на краток рок, кој за среќа, доколку постојат талентирани, вешти и сериозни политичари, таа политика се регенерира и се издигнува над ситните, превртливите, корумпирани умови.  Водењето на Заев покажува дека постојат такви капацитети, оние за вешт маневр, во кој колатералната штета од разочарувањата ќе биде компензирана и насочена кон повисоки цели.

Но, паралелно со тие процеси, изостануваат сериозни резултати, и покрај тоа што постојат скромни очекувања на граѓаните, затоа што не се импресионирани од огромните ветувања на власта. Досега, баланс на политичките перформанси не постои, многу министри и функционери се изгубени во маглата, во расипаноста и неспособноста, сметајќи на големата слика, која, ех, каква илузија, мислат дека со тоа ќе биде поклопена нивната неквалификуваност. Времето истекува, а тоа време никогаш не е на страна на ваквите губитници, за кои Заев сега спремно ја плаќа цената, подметнувајќи го сопствениот грб. Но, ако не интервенира брзо, тој грб ќе биде толку натежнат, што таа голема слика постои опасност да биде скршена во илјадници парчиња. А  за тој ризик повеќе никој нема време, ниту пак сила.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.