Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА истражува: ИВЗ не поднесува завршни сметки, Католичката црква има одредена транспарентност

0
By Биљана Секуловска on December 13, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 13, 2018 18:33

Исламската верска заедница (ИВЗ) во последните 11 години не поднела ниту една завршна сметка од 2006-2017 година. Со документот кој го објавува НОВА, а е добиен од Централниот регистер, се прецизира исто така дека оваа институција нема податоци за финансиското работење на ИВЗ во периодот од 1991-2005 година.

Од Централниот регистер појаснуваат дека ИВЗ  се формирани 2006, и оттука, нивните финансиски текови се пријавуваат и следат после овој период. 

За разлика од ИВЗ, Документот на Католичката црква, чие правно име е Скопска бискупија, покажува  транспарентност за одредени години, што се однесува до законските регулативи. Имено, Католичката црква во 2004 доставила информација, односно Одлука до надлежните институции- во која се прецизира дека вкупната вредност на имотот или годишниот приход во последните три (3) години е помал од 2.500 евра, што според Законот за сметководство на непрофитните организации, правниот субјект не е обврзан да составува и доставува финансиски извештаи.

Документот покажува дека 2005 и 2007 година Католичката црква не поднесува годишни сметки, додека 2006 и од 2008-2013, Црквата повторно се повикува на Одлуката, која се однесува на законскиот пропис да не се доставува завршна сметка ако приходот на одредениот субјект е  помал од 2.500 евра.

Од 2014 до 2017 година, Католичката црква редовно доставувала Завршни сметки до Централниот регистер кои ги објавуваме (видете ги подолу документите):

Документите погоре покажуваат дека Годишната завршна сметка на Католичката црква за 2014 пријавува приход од 112.000 евра или 6.896.172 денари, а во графата Трошоци се запишани-  20.000 евра  или 1.243.280 денари, кои ги дале за донации и други давачки, а 92.000 евра или 5.599.216 за материјални расходи, услуги и амортизација.

Во 2014 година се пријавени 40.334 денари или 660 евра вишок на приходи.

Во 2015 година, пријавен е приход од 6.255.725 денари или 102.000 евра во Ставка:  Членарини, подароци и донации.

Во ставката Трошоци се пријавени  3.468.484 денари или 56.860 евра  како Помош, донации и други давачки, а 2.756.825 денари или 45.000 евра се впишани како  Материјални расходи, услуги и амортизација. За оваа година, 2015, Католичката црква пријавила Вишок на приходи од 11.186 денари или 183 евра.

Што се однесува до 2016 година, Вкупните приходи на Католичката црква се 7.830.057 денари или 128.000 евра во ставката Приходи од членарини, подароци и донации.

Трошоците се следниве: За Материјални расходи потрошиле 1.770.801 денар или 29.000 евра, за Капитални и други средства потрошени се 2.884.915 денари или 47.000 евра, а за Помош и донации 3.030.920 денари или 49.687 евра.

Најголем приход Католичката црква пријавила во 2017 година, или двојно повеќе од претходната, 2016 година- 15.631.896 денари или 256.260 евра на име – Приходи од Членарини, донации и подароци. Во оваа година Црквата пријавува трошоци за плати во висина од 2.470.095 денари или 40.493 евра (Видете ги документите подолу):

 

 

Интересно е дека Католичката црква дури пријавува и дневници за службени патувања – во случајов станува збор за сума од 65.720 денари, а премии за осигурување- 51.857 денари.

Доколку се направи паралела со МПЦ и со ИВЗ, очигледна е транспарентноста на Католичката црква за одредени години, кога поднесува Завршни сметки и детално ги пријавува сите приходи, трошоци и останати финансиски детали.

 

данок Завршна сметка ИВЗ Католичка црква централен регистар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.