Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Бурата што се крена во јавноста по најавата за изградба на три висококатници кај хотелот Холидеј ин, ја отвори повторно старата тема- за бизнис-духот на МПЦ, која овојпат, основа фирма со црковен призвук- „Обновители“ заедно со бизнисменот Зоран Антиќ, познат како ко-инвеститор на Сити мол, и кој имаше и бизнис релации со фирми блиски со Мијалков.
После бегството на Груевски, следните епизоди почнаа да се натрупуваат една врз друга, да ги поклопуваат старите, најавувајќи нови апсења, нови обвиненија, нови истраги, почнувајќи од Јанакиески и Божиновски, потоа она на Мијалков, а на се претходеше Орце Камчев. Филмската лента очигледно е дека никого нема да заобиколи, сите ќе бидат изврзани со неа, во стапицата која ја приредува со хируршка прецизност СЈО. Иако се уште има сомнежи за бегството на Груевски, тие остануваат и ги реметат соништата, затоа што никој не знае која е мерката на правната држава, од каде почнува довербата и зошто по неа се гази како…
Да, некој мора и ова да го знае- политичарите немаат пријатели. Особено кога се на власт, тогаш особено. Оттука, критиките кон Заев и Спасовски дека не го спречиле бегството на Груевски, може да се протолкуваат само како тенденциозни, злонамерни, антидржавни и непријателски, господа, нека ви служи на чест. Наместо да се увиди и уважи сарказмот на Заев дека ако Груевски по своја волја не избегал, тогаш има само втора опција- дека бил киднапиран, јавноста продолжува да го истура својот фрустиран гнев и бес кон власта, потсмевајќи се најбезобразно и сурово кон ваквиот духовит и воедно апсурден расплет на настаните. Необјаснивиот…
Главниот уредник на „Фокус“ Зоран Димитровски и Владимир Пивоваров национален координатор за гранично управување говорат за бегството на Груевски и сите можни сценарија и опции како било изведено.
Кога прочитав дека писателката Лидија Димковска ја добила европската награда “Европско културно наследство”за нејзиниот расказ “Кога заминав од Карл Либкнехт”*, се изненадив дека сепак се провлекла и таква вест, наспроти политичките мечови, еутанизиите за кучињата, скандирањето на името на Груевски кого нацијата го чека зад затворските решетки. Еуфоријатата и егзалтацијата и целиот национален транс и патос предолго време му припаѓаат на Груевски, на часовникот кој ги отчукува минутите за затворската казна, затоа и останатите вести не се читаат, отвораат, не се дебатира за нив, не се предмет на најмал, макар и за момент покажан интерес. Димковска нема статус на…
Не е докрај јасно што се случувало на забавата замислена како отчет на градоначалникот на Скопје, Шилегов. Ниту пак може да се сфати сосема кој што сè зборувал, кој што се правел и зошто тоа го правел. Но, се разбира дека олеснувачки делуваат сликите, расположените лица, озарените погледи, од кои некои наликуваат на воодушевени крици, некои дури се однесуваат како ликот на Ханиф Курејши со позајмено тело и неприродно мавтаат со главите како да не знаат која позиција да ја заземат- дали како новинари или како случајно насадени граѓани баш во овој совршен град во своите несовршености, ах, читаме критики на…
Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во Македонија, во интервју за НОВА, ги образложува причините за оставката и говори за лошата состојба со работничките права на новинарите во Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=Np4BpyBJS1s
Помирувањето не значи помали оброци сервирана омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Помирувањето може да подразбира само засекогаш заборавена омраза, колку и да изгледа ужасна таа помисла на почеток. Таа омраза не треба да биде потпикната под тепих, за некои идни генерации да ја откријат, да ја собираат, да ја негуваат и да ја треснат на нечија маса, таа омраза. Таа омраза и двете страни треба да ги боли, за да разберат за што служи идејата за помирување. Таа омраза може секому да служи, на секакви ѕверства да биде подготвена, подобро да не одиме дотаму, да не замижиме и за миг да не…
Интервју на Биљана Секуловска со пратеникот Зекир Рамчиловиќ, еден од осумтемината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа “за” уставните промени. Рамчиловиќ говори за неговата желба да се формира нова пратеничка група, на која можат да и се придружат како што вели некои храбри, одважни луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, за целата атмосфера на ноќта на гласањето, за состојбите во ВМРО, за улогата на Груевски, Мијалков и Мицкоски во турбуленциите на оваа партија. https://www.youtube.com/watch?v=Gh36RL5t9Lk
Тогаш кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, му напиша писмо на помошникот државен секретар на САД, Вес Мичел, беше јасно дека темнината останува избор за него, за поголемиот дел од партијата, за груевизмот во кој длабоко навлегле и уживаат да ја голтаат таа жива кал како зациментирана иднина. Крајот на тоа писмо- “Секогаш е најтемно пред зората” ги навести следните потерници, следните некролози, следните закани за ликвидации кои се шират низ социјалните мрежи, после гласањето на седуммината пратеници на оваа партија- “за”- уставните измени. Овие закани се ставање уште еден печат на Мицковски дека мора да се остане доследен на…
Кој и да го потчукне по рамото Мицковски, заради поддршка или предупредување, тој се стресува. Секоја вест што му се сервира или ја дослушнува, во зачинот ги има или Груевски или Мијалков, одделно или заедно, со висок тон или низ забите само промрморени. Какви се приказни да се плетат за ВМРО-ДПМНЕ, за судирите, за вплетканоста на групи, тројки или секој поединечно, какви се легенди да кружат, какви се митови да се креираат, заеднички именител им е- крајот, кој сите заедно со олеснување го чекаат. Тој крај, е да, за тој крај е целата борба, сега многумина од нив се прашуваат-…
Секако дека се длабокоумни и високодострелни тезите и теориите на ајварската преродбеничка мисла- лидерите на бојкотот- дека отсекогаш биле беспредметни ставовите на одредени ѓаволски кругови во земјава од неопходноста за членство во ЕУ и НАТО на државава. Гласот ЗА на 666.344 граѓани за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција веројатно спаѓа во тој сатански круг- на луѓе кои одбиваат да бидат изолиран, пуст остров, кој само низ сопствената духовност и мачеништво ќе може да опстане самостојно, без воопшто да посака да биде дел од некакви сојузи, организации, алијанси. Затоа што, велат генијалните творци на оваа…