Author: Биљана Секуловска

Заменикот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Петар Богојески кој вчера беше разрешен од функцијата, во интервју за НОВА говори за состојбите во партијата и вели дека го загрижува иднината на ВМРО, со анти-НАТО и анти-ЕУ позициите. https://youtu.be/2aVc05SMlko

Read More

Тогаш кога падна на колена лидерот на ВМРО, Христијан Мицковски, затоа што само така се поклонувало пред народот, тогаш се премести се во Универзумот. Неговата порака се втурна во иднината со која сите сака да не заплаши, согласно вмровските историски принципи од 19. век, за она што тие сметаат дека претставува патриотизам, а кој се сочувува и негува само со братоубиствени пресметки, ликвидации, класични убиства: “Ако водам, следете ме. Ако се двоумам, поттурнете ме. Ако ве предадам, убијте ме.” Ова ужасно сценарио кое Мицковски го креирал во својата визонерска слика за светот и за себе во него, покажува дека тој…

Read More

Не морате да бидете од оние кои се воодушевуваат кога го слушаат македонскиот јазик на кој се обраќа Заев во Европскиот парламент пред пратениците, кои го прекинуваа со аплаудирање и овации. Тој ја  претставуваше пред нив иднината, во неа нас не гледаат, со живи, заинтересирани очи, со неверица, колку сме се промениле, колку сме можеле навистина да му покажеме на светот дека сме добиле сила за некаков, макар несигурен чекор. Добро, вистината е дека се подзавртуваме и назад, иако знаеме дека не пропуштаме ништо, затоа се туркаме со сила напред, нешто почнуваме да се обидуваме, којзнае како тоа изгледа невешто,…

Read More

Немојте да ги воздигнувате, да ги обожувате, да им се восхитувате, да им се улизувате, да им ласкате, да ги величате политичарите, немојте да им се покорувате на политичарите. Токму за тоа гласаме на Референдумот за две недели- за европските, цивилизациски  вредности, длабоко вкоренети во старите демократии, за правата, слободите, против корупцијата, непотизмот, безвластието, неотчетноста, злоупотребите на политичарите. Не верувајте во cѐ што ќе кажат политичарите, никогаш безрезервно, проверувајте, испитувајте, пронаоѓајте ги темните патишта по кои тие тргнале, мрачните мисли кои ги опседнале, бидете храбри и спротивставувајте им се тогаш, кога се сомневате во нив и нивните мотиви.  Никогаш немојте да…

Read More

Човекот за кој сега говориме има само едно око. Со тоа мало, подзамижано едно око избрал да ги насетува сенките, затоа што само тоа му останало и сега е такво свиснато тоа око, капаците му натежнале, значи со тоа едно око, тој подгледнува, но не гледа. Ниту сака да гледа, ниту пак, за волја на вистината и има што да се гледа во тој негов свет кој сам го создал, во кој решил да векува, да се осами, да се склупчи во некој агол и да го проживее животецот. Може да досегне до сопствената улица со такво око, да ја…

Read More

Дајте му ги сите пари за кампања за бојкот на референдумот на Антонио Милошоски, дајте ги нашите пари на сите Мицковци, Апасиевци, Солзи, Бачевци, Ванковци нека не потопат, нека не удават, нека не закопат, нека не прогласат за живи мртовци, за остатоци на груевизмот, тие, ние, целата наша иднина. Отстранете го, заробете го, покријте го и одведете го во непознат правец Талат Џафери, кој му објаснува на Милошоски дека парите што се издвоени за кампања нема да се делат на секој пратеник одделно, туку Собранието ќе закупи медиумски простор пропорционално врз основа на бројот на вкупниот број на пратеници кои…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=4FyfpQH3fIA Утре, во ЕУ Инфо Центар, од 12-14 часот се одржува дебата и промоција на публикацијата “Невидливо насилство: Стории од редакциите”  која се однесува на состојбите во медиумите во Западен Балкан: Дали новинарите и новинарките имаат иднина да се бават со својата работа во редакциите во кои работат? Ова беше почетното прашање на повеќемесечното истражување во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, во тек на кое собравме сведочења на новинарите и новинарките за интерните притисоци со кои се соочуваат во секојдневната работа. За сведочењата кои се обединети во публикацијата, како и заклучоците до кои дојдоа, ќе говорат…

Read More

Немаме многу време, тоа е целата вистина сега. Време нема до остатокот на животот, барем нам, заглавени тука, во оваа пустелија, во оваа земја. Некои поинаку мислат, во тоа сега се колнат, дека времето мора да биде заглавено, времето минато со Груевски, тоа време да стане идно. Сега нема премногу време да ги бркаме, да ги прогонуваме, да ги сопираме сите оние кои сторија се да го поминеме без иднина она малку што ни остана баш тука, токму тука, во оваа земја. Така некои тврдат, не отстапуваат од тоа, оние кои повторно сакаат да не вратат во тие минати времиња.…

Read More

Заев секако дека не слушнал за хистеријата предизвикана од наездата на комарци во Скопје, не чул ниту за потресните сведоштва за убодите, фотографиите кои се делат низ социјалните мрежи, не разбрал за гневот, бесот, ерупцијата на незадоволство предизвикана од бесшумните авиони на Шилегов. За тие современи авиони луѓето мислат дека се фикција, непостоечки, голема лага и манипулација, теорија на заговор во која учествуваат американски авиони за заглупување на нациите, кои истураат всушност вакцини за претворање на цели држави во аутистични села, неспособни за трошка разум и кревања востанија заради крвавиот пир на комарците. Во исто време, луѓето едноставно веруваат дека…

Read More

Срамот на Мечкин камен, на пославата на двата Илиндена, му припаѓа на претседателот Иванов, со неговиот хушкачки говор, потпалувачки говор кој охрабрува поделби, раздор, поттикнува говор на омраза, насилство. Говор на срам. Срамот на Мечкин камен, им припаѓа на групата насилници, кои со говорот на Иванов се разбудија во омраза, гнев, крволочност. Тој говор на Иванов им ја пружи  темнината на фашизмот, самиот претседател им подаде рака, им посла пригодна почва, ги раздразни и ги зовре главите на неговите идеолошки синови. Им ги фрли пред нозете сите аргументи дека е дозволено, пожелно да се сеат националистички, шовинистички пароли, да се…

Read More

Љубителите на говорот на омраза може силно да ги запрепасти една вест која ми привлече деновиве внимание – донесена е првостепена пресуда на уредник на “Информер” во Вишиот суд во Србија, за кршење на забраната токму на говорот на омраза. Можеби ќе помислите- ништо особено всушност не сторил овој уредник- вообичаена пракса за македонските уживатели на говорот на омраза: објавил вест за “странските платеници, соросоидите, шиптарите, домашните предавници, со еден збор- фашистите”, со наслов “Војна на странските платеници”. Ви велам, ништо спектакуларно- некој можеби и ќе помисли- секојдневни вести во медиумите кои тука ги читаме и слушаме повеќе од една…

Read More

Се разбира дека нема да се противиме на амнестијата, онаа амнестија која ја бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, затоа што криминалот на неговата братија мора да преживее, а и зошто да не се гледа на таа перспектива благонаклоно? Ако им подариме амнестија, секако дека земјата нема да не голтне, цвеќињата нема да се повлечат во сопствените издлабени ровови, животните нема да извршат опсада врз сопствените фарми, ниту еден споменик нема во знак од протест сам да се сруши.  Пропаста сама ќе се поклони и ќе не опслужи, без големи фанфари и пренемагања ќе ја отсвири нашата лебедова песна. Се…

Read More