Утре, во ЕУ Инфо Центар, од 12-14 часот се одржува дебата и промоција на публикацијата “Невидливо насилство: Стории од редакциите”  која се однесува на состојбите во медиумите во Западен Балкан: Дали новинарите и новинарките имаат иднина да се бават со својата работа во редакциите во кои работат? Ова беше почетното прашање на повеќемесечното истражување во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, во тек на кое собравме сведочења на новинарите и новинарките за интерните притисоци со кои се соочуваат во секојдневната работа.

За сведочењата кои се обединети во публикацијата, како и заклучоците до кои дојдоа, ќе говорат новинарките кои работеа на проектот- Уна Хајдари (Косово), Биљана Секуловска (Македонија) и Жарка Радоја (Србија).

Проектот “Невидливо насилство: Стории од редакциите” го поддржа Европска унија и е дел од програмата “Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување”, кој го реализира Хрватското новинарско здружение како дел од проектот “Регионална платформа за заговарање на слободата на медиумите и сигурност на новинарите на Западен Балкан”. Проектот е реализиран низ партнерство на шест регионални новинарски здруженија: Независното здружение на новинарите во Србија, Здружението на новинарите на БиХ, Хрватското новимарско здружение, Здружението на новинарите во Македонија и Синдикатот на медиумите во Црна Гора