Author: Биљана Секуловска

Крвавиот четврток  е еден од најужасните денови во поновата историја на оваа земја.  Наспроти насмевката со која настапи Никола Груевски на неговото прво интервју во Телма, по масакрот во Собранието, кој го следеше во удобна фотелја некаде низ Виена, Заев и целата опозиција таа ноќ беа подготвени да бидат убиени од страна на приврзаниците на Груевски,  да бидат ликвидирани за една нова Македонија. Тие едноставно потпишаа таа ноќ дека се подготвени да не ја доживеат таа идна Македонија. Она што мора да биде соопштено и запишано во историските читанки е еден факт- дека  на овие слики, снимките на масакрот врз…

Read More

Германскиот  министер за надворешни работи , Зигмар Габриел излезе со осуда на вчерашните инциденти и побара формирање Влада: „Доживеавме сега, во (ПЈР) Македонија, кандидат за прием во ЕУ, да се упадне во Собранието, да бидат удирани пратеници и таму да владее атмосфера, која воопшто не е споива со она што ние го очекуваме во Европа. Таму треба сега конечно да се формира Влада, бидејќи имаше демократски избори. Тоа што досегашната владеачка партија го одбива тоа, што нејзини приврзаници упаѓаат во Собранието, удираат пратеници воопшто не прифатливо. Ова мора веднаш да се смени и мора да биде јасен сигнал од овде,…

Read More

Американската амбасада излезе вечерва со соопштение, во кое се вели: -Ние го осудуваме насилството во  Парламентот во секоја смисла на зборот. Тоа не е во согласност со демократијата и не е прифатлив начинот за решавање на разликите. Многу е важно сите партии да ги почитуваат демократските процеси и законите, и да се воздржат од насилни активности кои ќе ја влошат ситуацијата. Мнозинството пратеници го  избрааа Талат Џафери, претседателот на Собранието, за време на редовна, континуирана седница на Собранието, на што сведочеа членовите на јавноста и медиумите. Ние ќе работиме со него за поддршка на демократијата и да ги унапредуваме интересите…

Read More

Сега е време да почнеме да го славиме Груевски, името негово, Николово, како да е име Господово. Сега е всушност вистинското време да ги нарачаме сите можни величествени споменици со неговиот лик и стас, да ги поставиме на централно место во нашите дневни соби, а поголемите патриоти тоа треба да го сторат и во своите спални соби. Најголемите татковински синови и ќерки би морало,  би било must, да бидат докрај негови и да забијат еден барокен столб со неговото лице и стас и во купатилото. Додека влегуваат во оваа одаја, сите потреби да станат свечен чин, но да бидат…

Read More

На неочекуваната посета и разговори со македонските политичките лидери од на екс-министерот за надворешни на Шведска, Карл Билд, биле разгледани неколку идеи за разврска на кризата, изјавуваат за НОВА високи извори, кои инсистираат на анонимност. Билд официјално, по средбата со лидерот на СДСМ Заев и потпретседателката Шеќеринска, го соопшти неговиот став дека Уставот е всушност одговорот на сите решенија -Без разлика дали станува збор  за Македонија, Грција, Шведска…клучот за решение на проблемот е  секогаш во Уставот. Македонија е предводена од Македонци, но Македонија сака да биде членка на ЕУ, односно да ги продолжи преговорите и јас лично ја поддржувам во тој…

Read More

Низ една шумичка полунапуштена и дива, се запениле и крештат црните беретки кои се само пред некој ден се закануваа дека со насилни средства ако треба ќе го бранеле националниот идентитет. Тоа е друштвото “Тодор Александров”, каде како почесен член се истакна овие денови и еден владика на МПЦ, по име црковно Петар, горд пејач на химната “Послушајте патриоти”. Трештеше шумичката полураспадната од трансот со кој настапи владиката Петар, како да е лидер на злокобна секта, која ги демне “проклетите шпиони”, а всушност не, тој не би одел така ниско, тој не би играл така маргинално, како што само една…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=AbZFtBkXGlk Младиот и исклучително талентиран писател Петар Андоновски во интервју за НОВА говори за неговите ставови за Министерството култура и самата министерка Канчевска, зошто молчат МАНУ, Друштвото на писатели за кризата и што тој им порачува на Тврдокорните уметници кои протестираат.

Read More

Ги гледам и прегледувам сите оние таканаречени патриотски здруженија, кои велат дека со насилни и ненасилни средства ќе ја бранат Македонија, втренчено ги гледам како со вжарени глави се чукаат во градите, не ја давале татковината, најмилото, најсветото, туф, туф, туф. И повторно ги читам и препрочитувам соопштенијата, анализите, апелите, загриженоста, опасностите со кои сме биле соочени од овие таканаречени патриотски здруженија, кои се обединија во некаков Македонски национален фронт, бре, бре, бре. Така, попатно ги мерам и премерувам багерите, мотките и солзите за опасноста од бинационалната Македонија, кои се исфрлаат при секој протест на овие таканаречени патриоти, со…

Read More

Не престанува забавата, секој ден од неделата може да се прогласи за пародија на деценијата. Барем кога е ДУИ во прашање, не им недостига свежина на идеите со кои со засилено темпо не поклопуваат. Како со тенџере да не треснуваат, за да се движиме сите заедно со нив, како зашеметени, едни во други да се удираме, додека тие ги менуваат поклопците и диригираат со залутаната војска. Ве молам, погледнете ја последната ингениозна идеја која не заплисна, тие, внимавајте- тие, а не некој друг, размислувале нивните министри да излезат од Владата со ВМРО. По кој пат најавуваат ваков пресврт, ваква циркуска…

Read More

Проф. Беса Арифи во интервју за НОВА говори за сите сценарија како да дојде до трансфер на власта, за погрешниот тајминг на Платформата, како и за кривичната одговорност на претседателот Иванов и Груевски

Read More