Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опозиционерите беа подготвени да бидат убиени за една нова Македонија

0
By Биљана Секуловска on April 29, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 29, 2017 12:28

Крвавиот четврток  е еден од најужасните денови во поновата историја на оваа земја.  Наспроти насмевката со која настапи Никола Груевски на неговото прво интервју во Телма, по масакрот во Собранието, кој го следеше во удобна фотелја некаде низ Виена, Заев и целата опозиција таа ноќ беа подготвени да бидат убиени од страна на приврзаниците на Груевски,  да бидат ликвидирани за една нова Македонија. Тие едноставно потпишаа таа ноќ дека се подготвени да не ја доживеат таа идна Македонија.

Она што мора да биде соопштено и запишано во историските читанки е еден факт- дека  на овие слики, снимките на масакрот врз опозицијата и новинарите, стои целосен потпис размачкан од крвавите раце на Груевски.

Тој, Никола Груевски во тоа интервју со Чомовски изјави- “Ако сакале да ги убијат опозиционерите, ќе биле убиени”. Би сакала неколку прашања да му поставам на Груевски:

Дали знае колку е тенка линијата помеѓу обид за убиство и убиство? Дали знае дека кога замавнувате со железна шипка кон нечија глава вие никогаш не знаете дали во тој момент веќе убивате човек? Дали знае дека кога замавнувате со железна шипка вие не знаете каде точно таа ќе заврши во главата? Дали знае дека голораките опозиционери имаа среќа што железните шипки ги промашиле вистинските точки за да бидат убиени? Колку одговори се доволни за Груевски да сфати дека насилниците дошле за да ги убијат опозиционерите и сакале да ги убијат, но не успеале?

 

Дел од насилниците кои го потпишаа крвавиот четврток

Не се согласувам со потценувачките тонови дека Заев и албанските лидери биле наивни аматери и претходно не предвиделе упад во Собранието, дека не се свесни за распоредот на сили во партизираната полиција, дека немаат податоци за параполициските структури и дека направиле превид по воинствената реторика на Груевски, која лесно провоцираше агресивност кај дел од заслепеното тврдокорно македонско тело.

Она што беше јасно таа ноќ на долгите ножеви, беше тешко, но единствено можно сценарио на опозицијата, која свесно, пасивно, беше принудена да се препушти на крвавата карта на Тврдокорните.

Обид за убиство на Радмила Шеќеринска, која претходно била удрена со железна шипка

 

Извлекување на Шеќеринска

Тие и сите ние знаевме дека тоа беше најмалата рамка низ која можеа да се провлечат, како  единствено решение на кое беа принудени за избор на спикер.

Обид за убиство на Зијадин Села

Крвавите глави на опозицијата, агонијата низ која поминува Зијадин Села, повредите врз новинарите, сето тоа е исход кој не можеше да се избегне. Пресметаниот ризик беше единствениот излез, откако стана кристално јасно  дека Заев не смее да дозволи ниту еден негов човек да посегне по самоодбрана, да возврати и со најмал гест на насилниците, дека не смее да се мобилизира членството на СДСМ или на албанските партии.

Села во бессознание 

Одолговлекувањето на избор на спикер со недели беше една од точките на планот на Заев- претходно мораа барем малку да се смират, да слегнат страстите и тензиите, да се дебатира и да се одговори на сите тешки прашања, откако Тврдокорните ги запоседнаа улиците, по секојдневните повици на Груевски за одговор на народот.

Обид за убиство на Дамјан Манчевски

Во следниот случај, изборот на нова Влада, не би смеело да се исклучат и нови провокации од страна на истите тие поддржувачи на Груевски, откако ќе поминат тие непходни денови да се олади зовриената крв на неговите приврзаници, која повторно би експлодирала, само со покажување на најмалото шкорче од страна на нивниот лидер.

Пратениците Оливер Спасовски, Максим Димитриевски, Зоран Заев и  Љупчо Николовски ден по обидот за убиство

На Груевски му преостанува претседателот Иванов, одбивањето повторно да го додели мандатот и новите игри кои би можело да ги распостеле во бункерот со него, за да се спречи формирањето на Влада од страна на Заев.

Интервју на насмеаниот Груевски во Телма, по враќањето од Виена, од каде го следеше крвавиот четврток

Идеите за преговори и дијалог никогаш не се лоша опција кога имате отспротива разулавен соговорник кој замислува дека е господар на ситуацијата и е подготвен да вовлече се заедно со себе во неповрат. За жал на Груевски, тоа е сега време минато.

Но, нему се повеќе му се ситнат адутите на преговарачката маса, на која одамна е седнат сам, притоа сам со себе дебатира, се кара и се смее победоносно, си удира шамари и во исто време си наздравува.

Во главата му татнат се уште гласините кои ги пушташе неговиот штаб за договор за взаемна амнестија помеѓу Заев и Груевски. Тоа е веројатно се што му остана како надеж на таа преговарачка маса на која веќе со месеци седи сам со својот замислен противник.

Кутриот мал Груевски, тој  не знае дека единствениот можен договор со Заев е само една понуда која ќе му ја врачи лидерот на опозицијата. Тоа е бел, грижливо превиткан документ во кој ќе стои само крупно напишана порака- Готово е.

https://www.youtube.com/watch?v=LaaGMmcG80s

Видео со масакрот врз пратениците и новинарите      

 

Забелешка: Сликите на повредените пратеници во овој текст постојано се апдејтираат, зависно од достапноста на архивите на македонските и странските медиуми

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.