Во моментов пред зградата на Собранието демонстрантите од иницијативата „За Заедничка Македонија“ се обидуваат да влезат во собраниската зграда каде што парламентарното мнозинство предводено од СДСМ тукушто го изглада Талат Џафери од ДУИ за претседател на парламентот. Демонстрантите, но и партијата ВМРО-ДПМНЕ се закануваа дека ќе го бранат собранието доколку некој се обиде да изгласа спикер. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ова ќе го сметале за државен удар.