Author: Биљана Секуловска

Професорот Флоријан Бибер е добар, или поточно би било- одличен познавач на состојбите во Македонија, судејќи според неговите настапи, текстови, анализи и студии. Затоа, неговото последно интервју за “Дојче веле” ме зачуди, особено неговата упорност да ги приволи ЕУ и САД на притисок кон ВМРО, или како вели тој: Тие мора да извршат посилен притисок врз владејачката гарнитура во Македонија за да се обезбедат фер и демократски избори”. Тој елаборира дека е “тешко  замисливо дека елитата нема да заврши во затвор поради постојните сомнежи и затоа цената на изборите е многу висока. Прашањето е дали воопшто можеме да зборуваме за…

Read More

Активистите Ирена Цветковиќ и Петрит Сарачини за и против: Која била навистина Мајка Тереза, за нејзините дела, за сите контраверзи околу финансиската нетранспарентност на донациите кои ги добивала, дали била финансирана од диктатори и дали пружала медицинска нега или го величела страдањето

Read More

Неколкудневната мистерија околу физичката смрт на узбекистанскиот претседател Ислам Каримов потсетува на последните смртноносни трзаи на неговиот брат близнак во лидерските способности, предвреме овенатиот и веќе неупотреблив за некои големи дела, но се уште во одлична актерска кондиција, Никола Груевски. И двајцата знаат дека се готово мртви, но никој нема храброст тоа да им го соопшти. Каримов веројатно со духот плови околу загрижените докторски превези околу устата, тие во меѓувреме заедно со семејството и генералите бараат наследник, кукла на надувување, било што, кој било, некој кој ќе ја пополни дупката во историјата, која застрашувачки зјаи и се растегнува за да…

Read More

Прво беше Шелева. Потоа Димковска. Иако отсекогаш била проблемот писателката. Иако се почна со Димковска. Професорката сега си направи сличен проблем како писателката. Со задоволство, би додала таа, претпоставувам. Што направи проф. Елизабета Шелева: поднесе оставка од жири комисијата за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година, што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата. “Поднесувам оставка поради тенденциозната одлука на мнозинството членови во комисијата, книгата „Црно на бело“ од Лидија Димковска да не биде вклучена во потесниот избор од пет дела”, образложи професорката. Потоа дојде и пресудата на писателката Лидија Димковска: одби учество на Струшките вечери на поезијата после нивната…

Read More

Некаде, на крајот на светот, во близина на Австралија, закотвен е островот Тана, дел на провинцијата Вануату. Токму таму, во едно изолирано село, онаму каде што патиштата се градени само од кал, живее доброчудно племе, кое се буди и заспива со сликата на војводата од Единбург, Принцот Филип. Овие луѓе, со очи полни надеж и исчекување, со години го чекаат нивниот Бог, Принцот Филип, да ги посети, особено откако пророкот Фред Насе го предвидел возбудливиот настан. Нивната свечена средба ќе биде 2016, пресекол Насе, убедувајќи го племето дека циклонот кој го опустоши овој дел од Пацификот не бил воопшто случајност.…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=bdbrbBic5Tw Претседателот на Сојузот на радио-аматери Ѕвонко Стаменков и членот на Извршниот одбор, Томислав Кежаровски говорат за суштинското значење на радио-аматерството токму кога елементарните непогоди предизвикуваат прекин на комуникација и отежнување на ситуацијата, која лесно може да стане драматична, токму заради целосен прекин на електричната струја и невозможност да се интервенира.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=TP5h8A0HgHU Професор Ивица Милевски, Институт за географија – Природни ресурски и природни непогоди, во интервју за НОВА говори за пропустите и нестручноста на институциите заради кои и не беше спречена трагедијата со загинување на 22 луѓе како последица на поплавата. Поројниот дожд и невремето не можат да се спречат, но справување со природни непогоди е во рацете на стручноста, квалификуваноста и сериозноста со која се води една држава.

Read More

Победничката најава на власта дека ќе започне изградба на живеалиште за шимпанзото Коко вредна бесрамни 231. 434 евра, ме потсети на фасцинантните навики на најголемите тирани во историјата на човештвото. Погледајте ја само таа доброчудна насмевка на поранешниот претседател на Заир (денешен Конго), Мобуту Сесе Секо и начинот на кој го носи леопардовото капче, малку накривено на десно, за падот да биде предвесник на школата на креаторот Марк Џејкобс. Мобуту мораше да поседува цврста рака која со едно мало движење му покажуваше на народот каде му е местото- во прогонство, во затвор или на слобода, но цената на ропството се плаќа.…

Read More

Ова е време на страв од долгата рака на Ердоган, и не само во Турција- Ердоган чука над секоја земја посебно, а ако не му отворите, железната канџа ќе ви ја покаже силата на неговата правда. Несомнено, Ердоган ја има поддршката на македонската Влада, затоа што, како велат- тоа е поддршка на демократски избраните институции. Притоа македонската Влада молчи и не ги осудува ужасно загрижувачките состојби во Турција, околу  што демократскиот свет се согласува и гласно предупредува. Теророт продолжува, судејќи според црната листа на фирми во Македонија, која ја објави новинската агенција Анадолија: основните и средните училишта „Јахја Кемал“…

Read More

Што понатаму со шарените револуционери е главната дебата во кампот на власта околу која се кинат нервите и се затвораат ушите заради високите тонови. Се разбира дека се работи за нус- појави кај власта и заради начинот на водење на државата, удар од која таа никогаш нема да се опорави и не само на идните избори, затоа што пресвртот кој настана со улогата на граѓанскиот сектор навистина носи подобра иднина за општеството, за државата и никаква иднина- за сегашнава власт. Видете, сите сме свесни дека ова е поетично и романтично- оваа кованица- “подобра иднина”. Сепак, колку и да звучи смешно…

Read More