Author: Биљана Секуловска

Радмила Шеќеринска, потпретседателка на СДСМ говори за причините зошто се согласиле за Пржинскиот договор 2, дали Груевски нема да биде лидер но и на изборна листа, дали и Заев ќе се повлече кога и Груевски

Read More

Неуспешниот воен удар во Турција, ја подели и растресе интелектуалната мисла во оваа земја- дали воениот удар воопшто може и смее да се смета како демократско решение и средство? Главниот аргумент на македонскиот контра камп е недопустивост на уривање на демократските институции и носители на функции избрани преку демократски пат, токму преку воена сила. Про кампот силно им се спротивставува на ваквите загрижени бранители на демократијата, темелејќи ги аргументите  врз надежта дека токму армијата може (но и не мора да биде осамена во операцијата, таа може да биде поддржана од останатите опозициски сили) да се пресмета со недемократските функционери…

Read More

Ова се последните денови на Груевски. Неговото одење на свадба во Италија, стапнувањето на сицилијанско тло, има симболичко значење. Низ своето владеење, тој беше главниот организатор на два милиони погреби. За  него тоа беше весел, безгрижен период на десетгодишно владеење, но, внимавајте. Тој никогаш не присуствуваше на самиот чин на погребувањата, но скоро секогаш, а можеби и навистина во сите случаи, ја надгледуваше елиминацијата на секој поединечно- тоа секогаш мораше да биде гласно умирање. Грижливо спакувани два милиони граѓани, во една заедничка, збрда- здола потапкана со земја гробница, со дозвола за една надгробна плоча од Управата за два милиони…

Read More

Има уметници и има режимски уметници. Токму затоа, проминентниот, бескрајно талентиран и прославуван поет Никола Маџиров, не смее да ја прими наградата национален уметник на Македонија. Награда која беше соопштена од страна на министерката за култура, Елизабета Канчевска. Не смее да се согласи со ова признание затоа што е добиено од оваа власт. Мора да ја одбие почеста затоа што му ја врачува оваа министерка. Маџиров мора да знае, а знае, дека во оваа земја многу малку уметници, многу малку писатели ризикуваат. Маџиров, колкумина уметници се? Колкумина од нив се писатели? Маџиров, колкумина писатели ја распарале утробата на оваа…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=6rflsjLOzxs Проф. Маја Стевановиќ, ФДУ и студентката на Правен Теодора Столевска дебатираат за контроверзниот избор на новиот ректор на УКИМ: Зошто студентите го блокираа влезот на Ректоратот, зошто Професорскиот пленум не ја напушти седницата заедно со студентите, дали новиот ректор Никола Јанкуловски е легитимно избран и дали е навистина поддржан од Професорскиот пленум, како и од Студентскиот пленум?

Read More

Иако целата ситуација со Брегзит е далеку посериозна одошто изгледаше првиот момент кога слушнавме за оваа ингениозна идеја на британскиот националистички камп за излез од ЕУ, во Македонија работите земаат смешен, да не речам бурлескен тек. Голем дел од корисниците на социјалните мрежи го славеа излезот на Британија од ЕУ што изгледа на прв поглед симпатично, се разбира дека мислам исклучиво во смисла на нивните пораки полни со граматички и правописни грешки. Што да се каже, кога веќе одамна сте запознаени со начинот на кој комуницира еден дел од државава, која го поддржува кампот ГруевскиИН, и се бори за…

Read More

48% од гласачите кои сакаа да останат во Европската унија се толку смртно преплашени од резултатот на Заминување од ЕУ, што веднаш активираа парламентарна петиција за втор референдум, јавува Индепендент. “Ние долупотпишаните ја повикуваме Владата да го  спроведе  правилото дека ако гласањето за останување или напуштање е  помало од 60% врз основа на одзив помал од 75%, треба да има уште еден референдум”, се вели во петицијата поднесена утрово. Во времето на пишување, е тешко да се пристапи на петицијата, веројатно поради напливот на интернет сообраќај. Пребројувањето на гласовите е над 100.000 во моментов и се качува на околу илјада…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=HnSxlgYJMQk Генералниот секретар на Светската либерална интернационала, Емил Кирјас и Маја Петрушевска, менаџер на продукција на светскиот сервис Би-Би-Си, говорат за тоа какво е расположението во Британија пред референдумот, последиците од него и какво влијание би имал тој врз Македонија.

Read More

Тогаш кога замина главниот сметководител на Фамилијата со која раководи Груевски, тогаш кога ја тресна вратата Зоран Ставревски од Владата, се сетив на Роберт Дувал во “Кум”. Затоа што, видете, секој Кум кој држи до себе  и до честа, мора да има свој приватен консиљоре, свој личен Дувал, наизглед  паметен советник (ех, тука е замката како и секогаш, затоа што ништо не е така како што изгледа и се претставува), вешт во убедувањето, доволно привлечен (се разбира дека мислам на Дувал, добога!) глас на разумот во секоја мафијашка фамилија, но, внимавајте, ајде да поразговараме за тој разум, веќе еднаш, ве…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=2rPaMMVliOs Уставната судијка Наташа Габер- Дамјановска во интервју за НОВА говори за основаноста на Шарените револуционери да бараат од Уставниот суд да соопшти став за СЈО, за аболицијата и Иванов, за Сваровски судиите, за начинот на избор за судии во Стразбур каде таа излезе од игра од страна на комисијата преводена од министерот за надворешни на Македонија. Наташа Габер- Дамјановска со своите издвоени мислења кои ги публикуваше мината недела во книгата “Во одбрана на Уставот и цивилизациските вредности” во последните години се покажува како бескомпромисен борец токму за зачувување на демократските, цивилизациски вредности, за кои говори и во ова интервју, низ…

Read More