Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Денот на Републиката се прославуваше на 29 ноември и беше еден од петте државни празници во поранешна Југославија. Се празнуваше два дена. Овој датум всушност го означи Второто заседание на АВНОЈ во Јајце, Босна и Херцеговина во 1943 година, кога под раководство на Комунистичката партија на Југославија беше донесена одлука за формирање федерална држава Југославија, како и Основачко собрание две години. подоцна, кога го добила името Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ). На познатото Второ заседание на АВНОЈ пред една година присуствуваа 142 делегати, а претседаваше предвоениот претседател на Собранието на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, доктор Иван Рибар. АВНОЈ…
Мексиканскиот боксер Саул „Канело“ Алварез испрати предупредување до Лионел Меси, кого го обвини дека не го почитува Мексико. „Дали го видовте Меси како го чисти подот со нашиот дрес и знаме??“, твитна Алварез повикувајќи се на видео во кое Меси изгледа како да го клоца дресот на Мексико што е на подот за време на славењето на Аргентина во соблекувалната. Нема индикации дека Меси намерно го шутнал дресот, туку тоа го направил случајно додека ги собувал копачките. „Подобро да се моли на Бога да не го најдам!!“, порача Алварез преку втор твит со серија лути емотикони. „Исто како што јас…
Албанскиот претседател Бајрам Бегај и го врачи уверението за албанско државјанство на познатата пејачка Дуа Липа и порача дека таа е гордост на државата. Државјанството и е доделено по повод 110-годишнината од албанската независност од Отоманската империја. „Посебно задоволство ми е што на талентираната и светски позната пејачка ќе ѝ го врачам указот за албанско државјанство. Пред 110 годишнината од прогласувањето независност на Албанија, не им оддаваме чест само на оние кои во минатото придонеле и помогнале во создавањето на албанската држава, туку и на оние кои со својот придонес во сите области го промовираат албанскиот национален идентитет и не…
Соња Крамарска Скопје, 21 октомври, 2021 година. Кандидатката за градоначалник Данела Арсовска влегува во градски автобус за лично да го искуси возењето низ главниот град. Позира пред камерите и фоторепортерите. Вели дека возењето е непријатно особено кога станува збор за дупките на улиците и шахтите низ централното градско подрачје. И додава дека таа ќе набави 250 нови еко-автобуси и тоа во првите 82 дена градоначалнички мандат. „Од тука ќе започнат промените во јавниот градски превоз. Неопходно е Скопје да добие нови еко автобуси и бесплатен јавен превоз. Тоа е најбрзото и најсигурното решение за јавниот превоз во Скопје за…
Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина. Тоа се случило на 27 километри северозападно од Травник, пренесува „Аваз.ба“. Епицентарот на потресот, според Европскo-медитеранскиот сеизмолошки центар, беше северно од Зеница на длабочина од два километра. Земјотресот бил силно почувствуван и во околината на Травник, но потресот, според граѓаните, траел кратко. Земјотресот бил почувствуван и во Жепч и неговата околина. Засега нема информации за причинети штети и евентуално повредени лица.
Членовите на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања со разочарување реагираат на некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата, реагираше утрово Комисијата. Во реакцијата се додава дека и покрај јасно искажаните погледи и ставови на ко-претседателот од македонска страна дадени пред новинарите на 25 ноември по завршувањето на 22. средба, во одредени медиуми во изминатите три дена се пласираат информации и се емитуваат прилози со кои се шират невистини дека Комисијата го решава црковното прашање на МПЦ-ОА, дека дискутира за теолошки и црковни прашања, догми…
Медицинската сестра Џејма Ериксон била повикана на лице место на сообраќајна несреќа во Канада и седела со тешко повредената девојка која била извадена од автомобилот и пренесена во болница, каде што починала. Девојката била непрепознатлива поради тешки повреди со кои се здобила. Дури кога медицинската сестра се вратила дома на крајот на денот, ја пречекала полицијата и и рекла дека пациентката е нејзината 17-годишна ќерка Монтана. Ериксон подоцна со солзи во очите им раскажала на новинарите за трагедијата. „Мојата ќерка беше успешна и амбициозна, страствена пливачка која планираше да стане адвокат“, рече таа со плачење. На местото на несреќата со…
Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда за случајот „Трезор“, во кој еден од осудените беше поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, јави Фокус. Мијалков беше осуден на 8-годишна казна затвор. Со одлуката на второстепениот суд се укинуваат и казните на бегалецот Горан Грујевски, кој беше поранешен началник на Петтата управа во МВР и на поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, како и на поранешниот помошник министер во МВР Небојша Стајковиќ. Грујевски беше осуден на казна од 15 години, Јакимовски на 5 години, а Стајковиќ на казна затвор од 5 години. Од судот информираат дека се уважени жалбите на…
Во услови на енергетска криза во европски рамки, но и пошироко, ЕСМ исполни уште една обврска произлезена од кризата, а тоа е снабдување со поевтина електрична енергија на прехранбената индустија за основните намирници, на училиштата и водостопанствата, соопшти компанијата. Ова задолжение дадено од Владата е исполнето навремено и во најкусо време, со цел наведените институции да можат да бидат снабдувани со поевтина енергија веќе од 1 декември. АД ЕСМ ги повикува субјектите кои не поднеле пријава за снабдување, истото да го направат во следниот период, со цел да бидат вклучени во групата за снабдување од 1 јануари 2022г. Одлуката на…
Министерот за економија Крешник Бектеши, презентирајќи ја анализата за заштеда на електрична енергија од страна на државните институции и јавни претпријатија рече дека е остварена вкупна заштеда од 24 проценти на потрошувачката на електрична енергија. „Најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58 проценти. Заштедата на електрична енергија на Владата изнесува 32 проценти, кај Собранието заштедата во октомври е 22 проценти, кај кабинетот на претседателот на државата 24 проценти, кај административната зграда на ЕСМ заштедата е 25, а кај МЕПСО 22 проценти. Ако се земат предвид податоците вклучително и на сите државни претпријатија, агенции и управи, тогаш вкупната…
Не се остварија стравувањата на синдикалците за евентуална работа од дома претстојнава зима, поради енергетската и економската криза. Од Владата за ваквата идеја информираа на почетокот на октомври, во рамки на Планот за фискална консолидација. „Бројката на вработени во јавната администрација во екот на економската криза, нема да се намалува, но ќе мора да се намалат трошоците. Во време на криза сите треба да го понесеме товарот, не е време за калкулации“, изјави тогаш вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Синдикатите остро реагираа на можноста да работат од дома, сметајќи дека тоа ќе влијае на износот на месечните примања. Трпе…
НАТО нема да ја намали поддршката за Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг на денешната прес-конференција. „Повеќето војни завршуваат со преговори“, рече Столтенберг, говорејќи пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, кој ќе се одржи во Букурешт, Романија, на крајот на ноември. „Но, она што се случува на преговарачката маса зависи од тоа што се случува на бојното поле. Затоа, најдобриот начин да се зголемат шансите за мирно решение е да се поддржи Украина“, додаде тој. „Значи, НАТО ќе продолжи да стои со Украина онолку долго колку што е потребно. Нема да отстапиме“, изјави Столтенберг. Столтенберг рече дека…