Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мексиканскиот боксер Канело Алварез до Лионел Меси: „Моли Бога да не те најдам!“

0
By Соња Крамарска on November 28, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ, СПОРТ
Канело Алварез
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 28, 2022 16:28

Мексиканскиот боксер Саул „Канело“ Алварез испрати предупредување до Лионел Меси, кого го обвини дека не го почитува Мексико.

„Дали го видовте Меси како го чисти подот со нашиот дрес и знаме??“, твитна Алварез повикувајќи се на видео во кое Меси изгледа како да го клоца дресот на Мексико што е на подот за време на славењето на Аргентина во соблекувалната.

Нема индикации дека Меси намерно го шутнал дресот, туку тоа го направил случајно додека ги собувал копачките.

„Подобро да се моли на Бога да не го најдам!!“, порача Алварез преку втор твит со серија лути емотикони. „Исто како што јас ја почитувам Аргентина, тој мора да го почитува Мексико!“, повика тој.

Аргентина го победи Мексико со 2:0 во саботата во тензичен натпревар во групата Ц на Светското првенство во Катар. Меси го постигна воведниот гол, пред Енцо Фернандез да ја запечати победата со уште еден гол, кревајќи го моралот на Аргентина по неверојатниот пораз од Саудиска Арабија.

Алварез, кој се смета за еден од најдобрите мексикански боксери досега има освоено светски првенства во четири тежини. „Едно е што Аргентинците се подобри од нас во фудбалот, а друго е нешто што треба да се почитува“, порача тој.

Поранешниот соиграч на Меси од Аргентина, Серхио Агуеро му одговори на Алварез на Твитер, велејќи: „Г. Канело, не барај изговори или проблеми, сигурно не знаеш за фудбалот и што се случува во соблекувалната!“. „Дресовите секогаш ги фрламе на подот по завршувањето на натпреварите поради пот, а потоа ако погледнете правилно, тој прави движење да ја извади копачката и случајно го удира дресот на кој што е и знамето“, вели тој во уште еден твит.

Извор: Си-Ен-Ен

Знаме Канело Алварез Лионел Меси твит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.