Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема промени за административците – продолжуваат да работат од канцеларија, мерките за штедење струја даваат резултат

0
By Соња Крамарска on November 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 25, 2022 13:11

Не се остварија стравувањата на синдикалците за евентуална работа од дома претстојнава зима, поради енергетската и економската криза. Од Владата за ваквата идеја информираа на почетокот на октомври, во рамки на Планот за фискална консолидација.

„Бројката на вработени во јавната администрација во екот на економската криза, нема да се намалува, но ќе мора да се намалат трошоците. Во време на криза сите треба да го понесеме товарот, не е време за калкулации“, изјави тогаш вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Синдикатите остро реагираа на можноста да работат од дома, сметајќи дека тоа ќе влијае на износот на месечните примања. Трпе Деановски од Синдикатот на Управата (УПОЗ), за Цивил вели дека тие остануваат на истиот став, истакнувајќи дека штедењето со работа од дома е остварливо само ако институциите се целосно дигитализирани.

„Ние уште стоиме на истиот став и сме против, бидејќи не е завршен процесот на дигитализација и ќе се намалат платите ако се работи од дома. Во ред е штедењето, но не е штедење ако институцијата да те натера да работиш од дома, да плаќаш повеќе струја, вода, интернет и уште платата да е намалена. Додека пак за некои институции што се целосно дигитализирани како Катастар, секако има можност да се работи од дома“, вели Деановски.

Премиерот Ковачевски претходно истакна дека целта не е да се кратат платите на работниците, туку со план да се консолидираат трошоците и да се подобри квалитетот на услугите коишто го добиваат граѓаните. Тој кажа дека со ротирање на вработените ќе се намалат трошоците за електрична енергија, за греење, како и оперативните трошоци. Сепак, Ковачевски додаде дека консолидацијата на расходите во државните институции, вклучително и на јавните претпријатија и трговските друштва преку консолидација на трошоците за плати не значи намалување на платите.

Р.Н.

администрација плати Трпе Деановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.