Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дуа Липа доби албанско државјанство

0
By Соња Крамарска on November 28, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 28, 2022 15:36

Албанскиот претседател Бајрам Бегај и го врачи уверението за албанско државјанство на познатата пејачка Дуа Липа и порача дека таа е гордост на државата. Државјанството и е доделено по повод 110-годишнината од албанската независност од Отоманската империја.

„Посебно задоволство ми е што на талентираната и светски позната пејачка ќе ѝ го врачам указот за албанско државјанство. Пред 110 годишнината од прогласувањето независност на Албанија, не им оддаваме чест само на оние кои во минатото придонеле и помогнале во создавањето на албанската држава, туку и на оние кои со својот придонес во сите области го промовираат албанскиот национален идентитет и не прават горди во секој момент“, напиша на својот Фејсбук профил Бегај.

Додаде дека Дуа Липа е богатство за музичкиот свет, а во исто време и гордост на Албанија, Косово и на сите подрачја каде што се зборува албанскиот јазик.

Оваа светски позната пејачка со албанско потекло истакна дека е особено среќна што добила државјанство на матичната земја и оти тоа е посебен момент во нејзиниот живот.

„Ова е многу голема чест за мене и моето семејство. Ви благодарам за оваа можност. Сега сум Албанка и на хартија“, рекла таа на чинот на врачувањето на државјанството.

Во објава на Инстаграм освен на Бегај му се заблагодарува и на градоначалникот на Тирана Ерион Велиај.

„Ви благодарам претседателе Бегај и градоначалниче Ерион Велиај на ова признание – добив албанско државјанство! Многу сум горда“, објави таа на Инстаграм заедно со повеќе фотографии.

Британската поп-ѕвезда Дуа Липа е родена на 22 август 1995 година во Лондон, во семејство на имигранти од Косово кои ја напуштиле Приштина во 1990-тите години. Родители и се Дукаѓин и Анеса Липа.

Во почетокот на август косовската претседателка Вјоса Османи и ја додели титулата почесна амбасадорка на Косово.

 

 

албанско државјанство Дуа Липа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.